Видео: Роботот Атлас има нови движења – погледнете што може да направи - Канал 5

Видео: Роботот Атлас има нови движења – погледнете што може да направи

Роботот Атлас ги демонстрира најновите трикови што ги научил.

Видео: Роботот Атлас има нови движења – погледнете што може да направи

„Boston Dynamics“ објави голем број видеа во текот на изминатата година, покажувајќи за што е способен роботот Атлас. Сега има ново видео, кое нуди увид во триковите што роботот може да ги направи.

Во своето најново видео, Атлас демонстрира неколку типови на движења кои ги изведува неговото тело, почнувајќи од одење, до салто, па до брејкденс движења.

YouTube video

Различни дејства се развиваат со користење на учење за зајакнување, кое вклучува снимање на движење и анимација како изворен материјал.

Видеото е дел од истражувањето на „Boston Dynamics“ во рамките на Институтот за роботика и вештачка интелигенција, во соработка со неколку партнери. Меѓу нив е и „Nvidia“ со која „Boston Dynamics“ ја продлабочува соработката.

Компанијата сега ја користи платформата за обработка на „Nvidia Jetson Thor“ за да работи сложени, мултимодални модели со вештачка интелигенција кои беспрекорно работат со контролорите на „Boston Dynamics“ за да го контролираат целото тело на роботот.

Извор: Б92

Повторно престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

Индиската армија соопшти дека синоќа имаше престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија на фактичката граница помеѓу двете земји во Кашмир.

Повторно престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

- Неиспровоцирани истрели од лесно оружје од страна на пакистанската армија регистрирани се на повеќе пунктови долж целата конторлна линија во Кашмир. Индиските сили соодветно одговорија, се наведува во соопштението на индиската армија.

Во пограничниот инцидент нема повредени војници.

Тензиите помеѓу двете нуклеарни сили се зголемија по терористичкиот напад во Пахалгам, во индискиот дел на Кашмир, при што загинаа 26 цивили. Индија го обвинува Пакистан за нападот.

Индиската армија вчера уништи две куќи, кои биле во сопственост на семејствата на напаѓачите.

Парламентот на Пакистан вчера едногласно усвои резолуција, со која се отфрлаат индиските обвинувања како неосновани и предупредува дека Исламабад е подготвен да се заштити.

Советот за безбедност на Обединети нации вчера апелираше до Индија и Пакистан на максимална воздржаност.

Индија и Пакистан контролираат дел од хималајската територија Кашмир, а двете полагаат право на цела територија. Спорната граница меѓу двете земји вооружени со нуклеарно оружје вклучува област долга 740 километри на Хималаите наречена контролна линија.

Индија и Пакистан се во тензични односи откако се стекнаа со независност во 1947 година. Кризата во Кашмир датира уште од 1947 година кога Велика Британија го напушти тоа подрачје без да го реши статусот на регионот. Муслиманите сочинуваат 90 отсто од популацијата на Кашмир, а по повлекувањето на Британците побараа тој регион да се присоедини на Пакистан. Тогашниот гувернер сепак одлучи Кашмир да го присоедини кон Индија. Пакистан и Индија во 1947 година ја водеа првата војна за Кашмир, а потоа војуваа повторно во 1965 и 1999 година. Индија контролира околу 45 отсто од Кашмир, Пакистан околу 35 проценти, додека Кина 20 отсто./МИА

МОК со промоција на ЕМОФ Скопје 2025 на „Outdoor and travel fair“ во Скопје Сити Мол

Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан.

МОК со промоција на ЕМОФ Скопје 2025 на „Outdoor and travel fair“ во Скопје Сити Мол

Во рамките на саемот „Outdoor and travel fair“, кој се одржува од 25 до 27 април во трговскиот центар Скопје Сити Мол, со свој штанд се претставува и Македонскиот олимписки комитет, како дел од активностите за промоција на претстојниот Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025. Штандот на МОК во Сити Мол е отворен за посетители од 11 до 18 часот.

Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан, кој од 20 до 26 јули годинава ќе го донесе олимпискиот дух во Скопје и Куманово.

На штандот, посетителите имаат можност да се забавуваат преку различни интерактивни активности и игри, инспирирани од спортскиот и олимпискиот дух, како и да дознаат повеќе за самата мисија и вредности на ЕМОФ. Дополнително, сите заинтересирани кои ќе се пријават за волонтирање на фестивалот ќе добијат вредни подароци како знак на благодарност за нивната подготвеност да бидат дел од организацијата на овој престижен настан.

Штандот на МОК го посети и министерот за спорт, Борко Ристовски, кој направи обиколка и даде поддршка на активностите што се реализираат во рамки на подготовките за ЕМОФ Скопје 2025.

Македонскиот олимписки комитет ги охрабрува сите граѓани да го посетат саемот, да се информираат, да се забавуваат и да станат дел од семејството на ЕМОФ Скопје 2025. Преку учество на саемот „Outdoor and travel fair“, МОК продолжува да го гради мостот меѓу граѓаните и олимписките вредности, претставувајќи го фестивалот како настан од национално значење што ќе донесе позитивна енергија, спортски дух и незаборавни моменти за сите учесници и посетители.

Ова лето, повеќе од 4.000 учесници, вклучувајќи 900 волонтери, ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во 15 спортови: атлетика, бадминтон, кошарка, баскет 3х3, кану слалом, велосипедизам, ракомет, џудо, пливање, стрелаштво, пинг понг, теквондо, одбојка, планински велосипедизам и гимнастика. За време на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин на најголемиот дел од

натпреварите, додека Куманово ќе ги пречека велосипедистите и кошаркарите. Уникатниот спортски амбиент ќе биде дополнет со натпреварите во гимнастика, кои ќе се одржат во Осиек, создавајќи вистинска олимписка атмосфера низ различни локации.

Покрај спортските натпревари, ЕМОФ Скопје 2025 ќе понуди богата културна и едукативна програма, со цел да се поттикне меѓукултурна размена, пријателство и солидарност меѓу младите спортисти од цела Европа. Фестивалот претставува значаен чекор напред за унапредување на спортската инфраструктура и меѓународната афирмација на Македонија, а истовремено е можност младите да се вклучат и да бидат дел од нешто големо, инспиративно и обединувачко.

ЕМОФ Скопје 2025 е повеќе од спорт - тоа е прослава на младоста, ентузијазмот и заедништвото.

Стартува групната фаза во ракометниот Куп, хуманитарен викенд во Битола за помош на Кочани

 Со натпреварите во Групата 3 денеска почнува битката за пласман на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија.

Стартува групната фаза во ракометниот Куп, хуманитарен викенд во Битола за помош на Кочани

Две од вкупно четирите полуфинални групи овој ќе се играат во Битола, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани, во кој загинаа 61 лице.

Во воведниот дуел во рамки на групата 3 денеска ќе играат Борец и Еурофарм Пелистер 2, по што ќе следи дуелот меѓу Вардар 1961 и Бутел.

Битола ќе биде домаќин и на Групата 2, во која за пласман на завршниот турнир утре ќе се борат Еурофарм Пелистер, Куманово, Радовиш и Струга.

В недела на програмата се пресметките во Групата 4 во која се домаќинот Охрид, Прилеп, Тиквеш и Аеродром, додека последниот патник на Ф4 ќе биде познат во вторник кога ќе биде комплетирана Групата 1 во која во Скопје ќе играат Алкалоид, Мулти Есенс, Партизан Гевгелија и Пролет.

притисни ентер