Видео: Однадвор „Huayra“, одвнатре „Daewoo“ - Канал 5

Видео: Однадвор „Huayra“, одвнатре „Daewoo“

Моторот, сопирачките и другите механички компоненти се позајмени од стариот „Daewoo Esper“.

Видео: Однадвор „Huayra“, одвнатре „Daewoo“

Кога имате многу време, волја и знаење, тогаш навистина можете да направите макар и еден ваков автомобил. Да, моделот е легендарниот „Pagani Huayra“, но за овој примерок со своите пропорции и дизајн се потребни вешти мајстори.

За дизајнот беа користени 3Д модели на „Pagani“ .Сè започнало со прилагодена челична рамка и модел од глина со целосна големина што служел како основа за телото од фиберглас. Многу детали се верно реплицирани, вклучувајќи аеродинамички елементи или вратите.

Проектот има мали несовршености, но целокупниот резултат е сепак импресивен. Посебно за тимот што го работеше овој проект во гаража, односно каллив двор. Внатрешноста е исто така слична на оригиналот, што исто така е голем предизвик.

Моторот, сопирачките и другите механички компоненти потекнуваат од стар „Daewoo Esper“ (на фотографијата). Тоа беше седан од средна класа дизајниран од Бертоне во 90-тите на механичка платформа на „General Motors“.

За жал, перформансите на ова „Pagani“ не се познати, но потсетуваме дека најмоќниот дволитарски мотор во „Esper“ развивал само 105 КС.

Стручниот тим на „YouTube“ каналот „NHET TV“ го сними целиот процес на изградба на автомобилот од нула, докажувајќи дека напорната работа на крајот се исплати. Оваа реплика ги надмина претходните креации на истиот тим, копии на „Lamborghini Aventador“, „Bugatti Chiron“ и „La Ferrari“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како управуваат возило по едно лице во Чашка и тетовско, додека со брзина поголема од дозволената управувало едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

За настанот е известен јавен обвинител.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го штити интересот на граѓаните, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните.

Чии интереси штити СДС? Тврдењата дека „се излажани пациентите" се неточни и намерно ја игнорираат целата слика.

Точно е дека референтната цена на „Фостер" беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен производител. Алтернативата е достапна во земјата.

Ова е стандардна пракса и препорака на СЗО за внесување на генерики кои ќе донесат заштеда, средства кои остануваат за здравствениот систем, а не за странски фармацевтски компании.

Обвинувањата за „хаос и негрижа" не објаснуваат зошто СДС молчеше кога хронично болните пациенти со онколошки заболувања, останаа без биолошка терапија под нивна власт или кога умираа пациенто со цистична фиброза!

Наместо да се бараат политички поени врз грбот на пациентите, властите преземаат конкретни чекори, проширување на позитивна листа и намалување на цените. И да, заштедените средства повторно ќе бидат употребени за нови лекови за истите пациенти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап.

СДС молчеше додека Филипче профитираше за време на корона кризата, а пациентите останаа без лекови.

За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите.

СДС да не собира политички поени врз здравјето на граѓаните. Тоа е СДС. Расипничкото владеење на СДС и ДУИ го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, а цената ја плаќаа граѓаните.

Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат плати, се реновираат оддели и се купува нова медицинска опрема.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер