МакедонијаБожинов: Нов цевковод од 8,9 километри, целосно покривање на пазарот и асфалтирање на улици за развој на Ново СелоНа 19 октомври 2025 година, по втор пат ми ја дадовте вашата доверба да ја водам Општина Ново Село. Таа доверба за мене претставува голема чест, но пред сè, обврска и одговорност да продолжам посветено да работам за доброто на нашата општина и за подобар живот на сите наши сограѓани. Деновиве навршува една година од почетокот на мојот втор мандат – година исполнета со бројни предизвици, во услови на глобални економски движења кои влијаат врз нашата држава, но и врз локалните процеси. Сепак, ова беше и година на важни стратешки чекори, нови инвестиции и проекти кои треба да остават трајна вредност за идните генерации. Гордо можам да кажам дека продолживме да работиме на она што е најважно за граѓаните: сигурно водоснабдување, подобра инфраструктура, економски развој, зачувување на културното наследство, поддршка на спортот и создавање подобри услови за живот во сите населени места во општината. Еден од најважните проекти на кои започнавме да работиме на почетокот на годината е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за Ново Село и Самоилово. Ова е една од стратешки најзначајните инвестиции за нашата општина. Нашата цел е да создадеме долгорочно, сигурно и одржливо решение за водоснабдувањето, кое ќе одговори на потребите на населението во наредните децении. Согласно планираната динамика, реализацијата на терен треба да започне во средината на 2027 година. Друг значаен проект е целосното покривање на пазарот во Ново Село – инвестиција што се чекаше три децении. Со неа ќе создадеме посовремени и посоодветни услови за нашите земјоделски производители, трговци и граѓани. Пазарот не е само место за трговија, туку и простор за поддршка на домашното производство, локалната економија и традицијата на нашиот крај. Деновиве е потпишан договор за реализација на годишната програма за асфалтирање, со која е предвидено до крајот на оваа година да се асфалтираат 18 улици во населените места во нашата општина. Со поддршка од Светската банка успешно беа реализирани и асфалтирањата во викенд-населбата во Мокрино, како и пристапниот пат до скалите за Смоларскиот водопад. Тоа се инвестиции што придонесуваат за подобра инфраструктура, полесна пристапност и развој на туристичките потенцијали на нашиот крај. Горди сме и на завршувањето на втората фаза од пешачката и рекреативната патека од Ново Село до Мокриево. Продолжуваме со проектирање на нејзино поврзување од Колешино до Мокринските извори, со цел да создадеме поврзана рекреативна целина која ќе ги обедини природните убавини и туристичките потенцијали на нашата општина. Се асфалтираа и улици во индустриските зони, а во тек е постапката за целосна автоматизација на системот за водоснабдување во Сушица. Продолжуваме да инвестираме во инфраструктурата, затоа што веруваме дека секое населено место заслужува подобри услови за живот и развој. Посебна чест ми претставува фактот што, по цели 50 години, во Ново Село повторно ќе се гради станбена зграда. За овој објект неодамна е издадено одобрение за градење, а започнати се и почетните активности за реализација на инвестицијата. Дополнително, издадени се одобренија за изградба на викенд-куќите во Мокрино, за кои се очекува до крајот на 2027 година да бидат создадени услови за прием на првите туристи. Ова е важен чекор кон развој на локалниот туризам, отворање нови можности и поголема економска активност во нашите населени места. Посветено работиме и на зачувувањето на нашето богато културно-историско наследство. Инвестиравме во реставраторски активности на кулата Пирго над Мокриево, а во тек е и постапката за изработка на проектно решение за нејзина целосна реставрација, со цел да се зачува и доближува до идните генерации нејзиниот историски изглед и значење. Нашето културно наследство не е само спомен од минатото – тоа е дел и еден од најважните предуслови за развој е стабилното и одговорно управување со општинските финансии. Со особена гордост истакнувам дека во текот на моето досегашно раководење, Општина Ново Село редовно ги сервисира и исплаќа своите обврски, нема заостанати долгови и го одржува буџетот во стабилна финансиска состојба. Ова не е само финансиски показател, туку потврда дека со одговорно планирање, домаќинско работење и правилно поставени приоритети можеме да создаваме услови за нови инвестиции и континуиран развој. Паралелно, започнавме и други значајни постапки. Во подготовка е проектирањето на мега-паркот во Ново Село, а планирано е и проектирање на фекална канализација во Зубово, како и реализација на други проекти што директно ќе придонесат за подобар квалитет на живот на нашите сограѓани. Оваа година покажа дека Општина Ново Село има силен културен дух, жива традиција и граѓани кои знаат да го чуваат и негуваат своето наследство. Културните манифестации ги надминаа очекувањата, а настаните како СМОТРА, Илинден на Мокринските извори, „Незаборав на заветот“ во Колешино, Иселеничките средби на Пирго во Мокриево и Костенијадата во Смолари привлекоа илјадници посетители од различни делови на Македонија. Овие манифестации се многу повеќе од културни настани. Тие се средби на генерации, потврда на нашата традиција и можност да ги поврземе луѓето со родниот крај, без разлика каде живеат и работат. Посебно признание заслужува нашето Културно-уметничко друштво „Јане Сандански“ од Ново Село, кое и надвор од државните граници достојно ги претставува македонската култура, традиција и обичаи. Значајни чекори направивме и во развојот на спортот. По цели 50 години, фудбалот повторно е возобновен во Ново Село. Фудбалскиот клуб „Огражден“, како шампион на општинската лига, обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига. Овој успех е доказ дека со вложување, посветеност и заедничка работа можеме да ги вратиме спортскиот дух и натпреварувачката традиција во нашата општина. Успешно продолжува и развојот на женскиот одбојкарски клуб, кој настапува во Втората лига и бележи значајни резултати, освојувајќи медали и носејќи радост и гордост на домашната публика. Вложувањето во спортот е вложување во младите, во нивното здравје, дисциплина, тимски дух и иднина. Затоа и понатаму ќе ги поддржуваме спортските клубови и младите кои со својот труд ја претставуваат нашата општина. Продолжуваме заедно, со уште поголема одговорност. Почитувани сограѓани, сите овие проекти и активности се резултат на потребите и барањата на граѓаните, но и на нашата заедничка определба Општина Ново Село да продолжи да се развива. Пред една година, на 19 октомври 2025 година, ми ја дадовте довербата да продолжам по патот што заеднички го трасиравме во 2021 година. Со тоа ми ја дадовте и обврската да продолжам да работам одговорно, посветено и во интерес на секој граѓанин. Особено сум горд што сум првиот градоначалник на Општина Ново Село кому граѓаните му довериле втор мандат. Тоа за мене не е само признание, туку и дополнителна обврска да ја оправдам вашата доверба со конкретни резултати, чесна работа и посветеност. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, многу предизвици и многу потреби што треба да ги решаваме. Не ветувам дека сè може да се направи преку ноќ, но ветувам дека ќе продолжам неуморно да работам, внимателно да ги слушам вашите барања и да ги вложувам своите знаење, енергија и време за доброто на нашата општина. Затоа што Ново Село не е само место на картата. Ново Село е нашиот дом, нашето огниште, нашата традиција и нашата иднина. Продолжуваме заедно – со работа, одговорност и верба во подобро утре. За доброто на нашата татковина, за развојот на Општина Ново Село и за подобра иднина на сите наши сограѓани. Ви благодарам за довербата, за поддршката и за можноста заедно да го градиме Ново Село какво што го посакуваме – поубаво, посилно и поразвиено, рече Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter