Видео: Нотр Дам не може целосно да се обнови? - Канал 5

Видео: Нотр Дам не може целосно да се обнови?

Француски архитект откри проблем кој го направиле градителите на катедралата Нотр Дам пред повеќе од осум века!

Видео: Нотр Дам не може целосно да се обнови?

Архитектот Бетран де Фејд тврди дека кровот на катедралата Нотр Дам не може во целост да се обнови, поради тоа што веќе „нема дрвја со таа големина , како оние кои растеле во 12 и 13 век“. Имено, кровот на Нотр Дам бил изграден од повеќе од 1300 стебла, поради што популарно е наречен „шума“. Секое големо стебло е претворено во голема дрвена греда, пренесе „24 сата“.

Архитектот тврди дека тие дрвја уште тогаш биле стари околу 300 години, јави „Дејли маил“.

Иако големите дрвени гради најверојатно се и главната причина поради која пожарот толку брзо се ширел и затоа биле потребни толку многу часови за тој да се угаси , сепак гредите биле клучниот фактор во изградбата на преубавиот готички кров на Нотр Дам, кој за само неколку часа исчезна во пожарот целосно.

Францускиот претседател Емануел Макрон во своето емотивно обраќање во вторникот ден по пожарот најави дека катедралата Нотр Дам ќе биде обновена во рок од пет години.

-Ќе ја обновиме катедралата и ќе ја направиме уште по убава. Сакам тоа да биде завршено за пет години, изјави Макрон.

Прекрасната катедрала Нотр Дам не е единствената црква изградена од големи стебла . Дрвото било клучен материјал за изградба во 12 век , и многу градби останати од тој период се изградени токму од дрво.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер