Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“
СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага
1Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“
2СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
3Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
КултураНоември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современостаНоемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември. Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата. Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума. За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември. Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОстра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“ Марта Кос, европски комесар за проширување, изјави дека Србија нема да може да напредува на европскиот пат доколку не воведе санкции кон Русија.Вака Марта Кос одговори на прашањето дали за Србија ќе биде можно да влезе во ЕУ доколку не воведе санкции кон Русија. „Нема да биде можно да напредува земја која не се усогласува со нас во однос на стратешките интереси – а тоа се, се разбира, надворешната и безбедносната политика, односно заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина. Ќе биде многу, многу тешко“, рече Кос. Сепак, како што вели таа, ЕУ сè уште нема започнато разговори со новата Влада на Србија. „Значи, прво тие треба да формираат нова влада, а потоа ќе видиме како и дали ќе можеме да продолжиме во оваа област“, изјави Кос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаСДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрагаПоследните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.Се потврдува сè што го говоревме. Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија. Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски - Александар Вучиќ. Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје. Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад. Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија? Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија. Предупредувавме, еве почнува. Сè што кажавме се потврдува. Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија. Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал. Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа. За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес. Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија. Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски. Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе. А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш. Истрага. Одговорност. Доаѓа време на вистина и правда. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 28.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 кг. домати 2 благи пиперки 2 лути пиперки 3 - 4 чешниња лук 3 моркови 300 гр. сирење 1 пакување пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39