Видео: „Мирна“ нова песна на Северина - Канал 5

Видео: „Мирна“ нова песна на Северина

Балканската музичка ѕвезда Северина ги израдува своите фанови со нова песна и спот.

Видео: „Мирна“ нова песна на Северина

Сексапилната Севе подготви нов хит песната „Мирна“ која е дел од албумот „Хало“ кој е еден од најслушаните албуми на овие простори на Јутјуб.

Досега песните на Северина имаат повеќе од 200 милиони прегледи.

Во видеото за песната „Мирна“ повторно до израз дојде сексапилот на атрактивната пејачка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леао во Галатасарај?

Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .

Леао во Галатасарај?

Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб.

Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност.

Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Едно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. 

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс.

„Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос.

Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати.

Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ѝ продаваат ракети на Јужна Кореја. Пјонгјанг најавува силен одговор

Северна Кореја ја осуди одлуката на САД да ѝ продадат ракети на Јужна Кореја и најави силен и итен одговор на непријателските потези на Вашингтон. 

САД ѝ продаваат ракети на Јужна Кореја. Пјонгјанг најавува силен одговор

Овие пораки беа пренесени од севернокорејската државна агенција KCNA, пренесува Ројтерс. Оваа реакција од Пјонгјанг доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на средба.

Трамп претходно овој месец изјави дека Ким одговорил на неговиот предлог, но аналитичарите велат дека официјален Пјонгјанг не покажува голем интерес за продолжување на разговорите.

„Уште еднаш се уверивме во отворено непријателскиот став на САД кон ДПРК“, се вели во изјавата на портпаролот на министерството, објавена од агенцијата KCNA. ДПРК е кратенка за Демократска Народна Република Кореја, официјалното име на Северна Кореја.

Реакцијата се однесува на одлуката на Стејт департментот на САД за можна продажба на тактички ракети „AIM-9X Sidewinder“ и придружна опрема на Јужна Кореја.

Пјонгјанг ја смета оваа зделка, вредна 125 милиони долари (107,25 милиони евра), за нова закана по својата безбедност. Северна Кореја, исто така, упати критики кон планот на САД за финансирање на документирањето на состојбата со човековите права и собирањето информации за земјата.

Тие тврдат дека тоа е дел од кампања насочена кон дестабилизација на нивниот општествен систем.

Портпаролот истакна дека оваа година Вашингтон веќе одобрил продажба на различни системи за вооружување на Јужна Кореја, како што се напредни тактички ракети, поморски и борбени хеликоптери, како и прецизни бомби. Тој додаде дека со тоа САД го охрабруваат Сеул да ги зајакне своите борбени капацитети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер