Видео: Лишено лице од слободаво врска со пукањето објавено на социјалните мрежи - Канал 5

Видео: Лишено лице од слободаво врска со пукањето објавено на социјалните мрежи

Лишено лице од слобода, по друго се трага, во врска со пукањето објавено на социјалните мрежи, велат од МВР.

Видео: Лишено лице од слободаво врска со пукањето објавено на социјалните мрежи

На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ. Ќ.(51).

При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.

Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од КЗ.

Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот.

YouTube video

ДУИ: Продолжувањето на притворот за Бектеши е јасен пример за селективна правда

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда.

ДУИ: Продолжувањето на притворот за Бектеши е јасен пример за селективна правда

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда.

Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка, етничка и партиска дискриминација, што претставува навреда за секој граѓанин на Република Македонија.

Дополнително, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги имаат посочено вистинските виновници, само поранешниот министер Бектеши сè уште се држи изолиран – за да се заштитат вистинските виновници.

Транзакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги кршат сите правни, морални и човечки принципи.

Премиерот, откако го заплаши обвинителот дека ќе изведе луѓе на улица против него, сега целосно го има потчинето и се однесува истовремено и како обвинител и како судија.

Ако улицата е решението, тогаш време е сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – на мирен, но решителен начин, на улица.

ДУИ

Истрага за Универзитетот Харвард и неговото списание околу можна расна дискриминација

Веста за новата истрага дојде неколку часа откако федерален судија се согласи да ја забрза тужбата од страна на Универзитетот Харвард со која се бара да се блокира одлуката на администрацијата на Трамп.

Истрага за Универзитетот Харвард и неговото списание околу можна расна дискриминација

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека истражува дали Универзитетот Харвард и „Харвард Ло Ривју“, студентскиот весник на Правниот факултет на Харвард, ги прекршиле законите за граѓански права кога уредниците на списанието го забрзале објавувањето на статија напишана од член на расно малцинство.

Веста за новата истрага дојде неколку часа откако федерален судија се согласи да ја забрза тужбата од страна на Универзитетот Харвард со која се бара да се блокира одлуката на администрацијата на Трамп за замрзнување на 2,3 милијарди долари федерални пари, што се заканува да го попречи спроведувањето на клучни медицински и научни истражувања.

Во соопштението за истрагата од страна на Министерството за образование и здравство и човечки услуги на САД се наведува дека уредниците на „Харвард Ло Ривју“ можеби прибегнале кон „расна дискриминација“ кршејќи ги одредбите од Законот за граѓански права од 1964 година.

„Процесот на селекција на статии се чини дека избира победници и губитници врз основа на раса, користејќи систем во кој расата на научникот е подеднакво важна, ако не и поважна, од квалитетот на објавената работа“, рече Крег Трејнор, вршител на должноста помошник-министер за образование за граѓански права.

Откако ја презеде функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп го заостри мерките против програмите за различност, еднаквост и инклузија кои имаат за цел да ја подобрат положбата на маргинализираните групи кои историски се соочувале со нееднаквост во Америка.

Трамп ги означи овие програми насочени кон помагање на малцинствата како дискриминаторски кон групи како што се белците и мажите.

Универзитетот Харвард во понеделникот соопшти дека ќе ја преименува својата Канцеларија за еднаквост, разновидност, инклузија и припадност во Канцеларија за живот во заедницата и кампусот. /МИА

САД: Возач со автомобил удри во училишна зграда, загинаа четири девојчиња (Видео)

Четвири ученички, на возраст од 4 до 18 години, загинаа кога возач со автомобил удри во училишна зграда во Чатам, Илиноис, соопштија локалните власти.

САД: Возач со автомобил удри во училишна зграда, загинаа четири девојчиња (Видео)

Жртвите се девојчиња кои биле прогласени за мртви на местото на настанот, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициско соопштение во кое се наведува дека три жртви биле надвор од зградата, а една внатре во неа. Полицијата соопшти дека неколку други лица се повредени, вклучувајќи едно потешко кое е префрлено во болница со хеликоптер.

Четворица ученици, на возраст од 4 до 18 години, загинаа кога возач со автомобил удри во училишна зграда во Чатам, Илиноис, соопштија локалните власти.

притисни ентер