ФудбалДушан Влаховиќ желба на Атлетико М., Бешикташ му даде рок од 48 часа за одлукаСрпскиот репрезенативец Душан Влаховиќ би можел да направи голем трансфер ова лето и да ја продолжи кариерата во Шпанија, бидејќи Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за одличниот напаѓач. Атлетико сега води во трката за неговиот потпис, иако до неодамна во шпанските медиуми се пишуваше дека Реал е опција број еден. Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб го разгледува Влаховиќ како потенцијална замена за Александар Сорлот, доколку Норвежанецот го напушти „Метрополитано“ и се пресели во Фенербахче. Според тие информации, Атлетико е подготвен да дозволи негово заминување, а како износ за обештетување се спомнуваат околу 40 милиони евра. Влаховиќ моментално е слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, па Атлетико во неговиот случај не би морал да плаќа обештетување. Токму оваа околност би можела да биде многу важна за клубот од Мадрид, кој би можел да заработи значителна сума од продажбата на Сорлот, а потоа да го ангажира Србинот без обештетување за трансфер. Платата е дополнителен фактор. Сорлот имаше годишна плата од околу 7,2 милиони евра во Атлетико, додека Влаховиќ имаше договор вреден осум милиони евра годишно во Јувентус, со бонуси што можеа да ги зголемат приходите до 12 милиони. Според актуелните информации, Влаховиќ е заинтересиран за премин во Атлетико и чека конкретна понуда од мадридскиот клуб. Но, српските медиуми пренесуваат и дека Душан Влаховиќ денеска добил ултиматум од турскиот Бешикташ, кој бара напаѓачот во следните 48 часа да одлучи дали ќе се пресели во Истанбул. Според информациите од Турција, Бешикташ поставил ултиматум од 48 часа, бидејќи не планира повеќе да ја чека одлуката на српскиот фудбалер и неговиот татко Милош – кој, наводно, во овој момент има најголемо влијание врз изборот на новата средина за својот син. Познато е дека, засега, единствената конкретна понуда доаѓа од Бешикташ, но бидејќи на Турците им снема трпение со Влаховиќ – кој сака да почека до крајот на летото за евентуален повик од Барселона, Атлетико или Реал Мадрид – тие одлучија дека српскиот напаѓач мора да даде одговор што е можно поскоро. „Бешикташ сака да го реализира трансферот на Душан Влаховиќ во текот на наредните ден-два. Овој процес може да заврши или позитивно, или негативно. Операцијата околу трансферот ја води Сердал Адали, претседателот на Бешикташ, а Влаховиќ е играч што тренерот Винченцо Италијано го посакуваше во својот тим уште од првиот ден. Иако постои можност нешто да се промени, според информациите со кои располагам, понудениот договор е со важност од три години“, објави турскиот новинар Серџан Дикме. Што му нуди Бешикташ на Влаховиќ? На маса се две верзии од договорот. Според првата, Душан Влаховиќ би добивал по 10 милиони евра годишно, со важност на договорот до 2030 година. Покрај тоа, би добил уште десет милиони евра за потпишување на договорот, односно целиот аранжман би вредел околу 50 милиони – понуда каква што Влаховиќ не би можел да добие на друго место. Од друга страна, се спомнува и можност за потпишување тригодишен договор, со поголем износ наменет за „провизија“. Поточно, тој би добил 12 милиони евра, но исплатени во три рати – во текот на три години, односно по четири милиони по сезона. Во тој случај, неговиот договор би изнесувал 13 милиони евра годишно. Вкупно, Влаховиќ би добил 51 милион евра, но Бешикташ полесно би го „распоредил“ тој износ низ буџетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter