3Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ТехнологијаФејсбук ги блокира сите кои не активирале Facebook ProtectНа почетокот на март, голем број корисници на Фејсбук добија мистериозна е-пошта слична на спам со наслов „Вашата сметка бара напредна безбедност на Facebook Protect“.Во пораката се објаснува дека мора да ја вклучат функцијата Facebook Protect (што би можеле да го направат со кликнување на врската во е-поштата) до одреден датум, во спротивно нивната сметка ќе биде заклучена. Според Facebook, тоа е „безбедносна програма за групи луѓе кои се со поголема веројатност да бидат цел на злонамерни хакери, како што се бранителите на човекови права, новинари и владини претставници“. Тој е дизајниран да ги следи таквите кориснички сметки за хакерски закани и да биде заштитен со двофакторна автентикација (2FA). За жал, е-поштата што Фејсбук ја испратиле од [email protected] наликувал на прилично вообичаена форма на спам, па веројатно е дека многу луѓе го игнорирале. Тоа навистина не бил спам. Првиот рок кој погоди многу луѓе беше четврток, 17 март. И сега нивните Фејсбук сметки се заклучени и имаат проблеми со процесот што Фејсбук го воспоставил за враќање на сметката. Оние кои не го активирале Facebook Protect пред крајниот рок, очигледно добиваат порака во која се објаснува зошто не можат да се најават на нивните сметки и им се нуди да им помогнеме да го вклучат. Сепак, тоа не секогаш функционира. Имало и различни поплаки на Твитер и другите социјални мрежи дека на луѓето им се блокирани сметките дури и ако имаат соодветни заштитни мерки. Некои велат дека нивниот текстуален 2FA едноставно не функционира. Други се пожалиле дека не можат да поминат низ процесот на активација и пред крајниот рок и затоа нивните сметки се заклучени. Новинарите на Verge ја контактирале компанијата и ги прашале дали има предлози за оние кои биле блокирани бидејќи не можеле да пристапат до нивните Фејсбук профили. Натаниел Глејчер, шеф за безбедносна политика во Мета, матичната компанија на Фејсбук, на 18 март напиша на Твитер дека бара изолирани примери каде на луѓето ќе им треба помош за да се пријават за програмата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски домМинистерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти. Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок. На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови. Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакарОсновното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за ДубаиФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи.Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион. Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки. Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите. Со ова Филипче е директно против Македонија. На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани. Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ. Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29