НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
АвтомобилизамВидео-фото: Пристигна новиот „Renault Austral“Нов теренец кој ќе го замени моделот во заминување „Kadjar“.„Austral“ е третиот модел од брендот „Renault“ кој се приклучува на битката за клиенти во автомобилскиот сегмент „C“, по купе-кросоверот „Arkan/Megane Conquest“ и електричниот модел „Megane E-Tech“. Под „површината“ има повеќе заедничко со првиот отколку со вториот од овие автомобили, благодарение на хибридните погони и отсуството на чиста електрична опција. Основан врз третата генерација на механичка платформа „CMF-CD“ на „Renault-Nissan“ групацијата, „Austral“ нуди превоз за пет возрасни патници, спакуван во поатрактивна каросерија во споредба со „Kadjar“. „Austral“ е стандардно опремен со тркала од 17 инчи (20 инчни се опционални), додека внатрешноста изгледа модерно, во согласност со трендот на дигитализирање на кокпитот. Мултимедијалниот систем може опционално да се спои со премиум аудио систем „Harman Kardon“. Што се однесува до механичките карактеристики, важно е да се напомене дека поскапите модели на “Austral ‘доаѓаат со погон на сите тркала што обезбедува дијаметарот на полукружното вртење да биде 10,1 метри. На клиентите им се достапни и верзии со погон на предните тркала. Има три погонски единици. Основниот мотор е „лесен“ хибрид кој се состои од 1,3-литарски четирицилиндричен бензински мотор поврзан со 12V литиум-јонска батерија. Обезбедува 140 КС во верзијата со рачен менувач или 160 КС со опционален автоматски. Моторот „Mild Hybrid Advanced“, кој е едно скалило погоре на скалата, е понов и „позелен“ и, како што тврди „Renault“, е вистинска алтернатива на дизелот, чија продажба се повеќе опаѓа во Европа. Затоа се работи за 1,2-литарски трицилиндричен мотор со 48 V литиум-јонска батерија, кој развива 130 КС. „Најчистиот“ од сите е класичниот хибрид „E-Tech“. Повторно, има 1,2-литарски бензински мотор со три цилиндри, потпомогнат од еден електричен мотор, плус високонапонски стартер-генератор за палење на моторот со внатрешно согорување и полнење на батеријата. Хибридот е достапен со 160 КС и 200 КС, а „Renault“ наведува дека „Austral E-Tech “има способност да поминува 80 отсто од своето време на градските патишта во целосно електричен режим, што значи дека троши 40 отсто помалку гориво од конвенционалниот кросовер со мотор на внатрешно согорување. Ако има негативна страна на целосниот хибрид, освен повисоката цена, тоа е просторот за багажник. Додека „лесните“хибриди нудат зафатнина од 500 литри во багажникот, кај класичниот хибрид таа е намалена на 430 литри. Цените за овој модел се уште не се објавени, а ќе бидат познати пред лансирањето на моделот на пазарот, што ќе се случи кон крајот на годинава. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд се соочува со нови тужби- загрозено му е богатството од 17 милиони евра Расел Бренд (51) вчера беше прогласен за виновен по едно обвинение за силување и три обвиненија за сексуален напад во Краунскиот суд Саутерк во Лондон . Казната сè уште не е објавена и ќе биде одредена за неколку дена, додека актерот моментално е во притвор. Покрај повеќегодишната затворска казна, тој се соочува со сериозни финансиски последици. Според извештаите на медиумите, вклучувајќи го и „Гардијан“, други жртви би можеле да го тужат Бренд за отштета. Неговото богатство се проценува на околу 17 милиони евра, но оваа сума не е официјално потврдена и би можела значително да се намали поради можни граѓански тужби, пишува „Промифлеш“. Се очекуваат и бројни барања за отштета Една жена веќе бара до 120.000 евра во Високиот суд во Лондон, а против него е поднесена уште една тужба во САД. Се очекува дека и други жени би можеле да поднесат слични барања. Обвинителот во Лондон го обвинува Расел дека сексуално ја нападнал во 2008 година во неговата вила во Лос Анџелес. Судските документи, што ги виде „Гардијан“, наведуваат дека тој насилно ја соблекол нејзината облека и долна облека и ја турнал на креветот. Потоа, наводно против нејзина волја, тој се обидел да изврши орален секс врз неа. Жената рекла дека успеала да избега и подоцна ѝ е дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН). Таа ја поднела тужбата во 2025 година, а Расел оттогаш ја нарекол „фундаментално нечесна“. Постапката по таа тужба била прекината за време на тековното судење бидејќи наводниот инцидент се случил надвор од надлежноста на англиските кривични судови. Оваа жена не била една од четирите обвинители во кривичната постапка. Сомнителни приходи и нови истраги Не е познато колку пари Расел Бренд моментално поседува или колку од неговите средства му се достапни. Тој остварил приход од комедија, телевизија, радио, холивудски филмови, книги и онлајн формати. Откако бил демонетизиран на YouTube во септември 2023 година, Дејли Меил проценил дека заработувал околу 1 милион евра годишно на таа платформа. Во меѓувреме, Метрополитенската полиција сè уште истражува уште две обвинувања за силување. Документацијата за тие случаи веќе е предадена на Канцеларијата на британскиот државен обвинител.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)Во Литванија започнаа воените вежби на Бундесверот, во кои учествуваат повеќе од шест илјади војници, а ќе траат до 3 декември.„Во вежбите „Штит на слободата 26-II“ и „Голем орел 26“ учествуваат единици на литванската 45-та оклопна бригада Литванија и 37-ма моторизирана пешадиска бригада Саксонија на германската 10-та оклопна дивизија“, се вели во соопштението, јавува LRT. Заедно со литванските и германските војници, борбена обука ќе поминат и војници од мултинационалната борбена бригада на НАТО од Германија, Холандија, Норвешка, Чешка, Хрватска, Белгија и Луксембург, како и литванска воена единица. 🇩🇪🇱🇹 В пятницу в Литве начинаются масштабные военные учения Бундесвера с участием более 6000 военнослужащих.‼️ 🛡️В маневрах Freedom Shield 26-II и Grand Eagle 26, которые продлятся до 3 декабря, задействованы подразделения 45-й бронетанковой бригады Lietuva и 37-й мотопехотной бригады Sachsen 10-й танковой дивизии Германии.‼️ — Александр Кайдаш (@wizardaleks) November 6, 2026 Главната цел на маневрите е да се зголеми борбената готовност на војниците, да се вежба команда и контрола и планирање на операции, како и да се зајакне соработката со сојузниците. Литванската војска појасни дека вежбата „Штит на слободата 26-II“ ќе се одржи на воениот полигон Руднинкај, додека вежбата „Голем орел 26“ ќе се одржи на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во близина на градот Пабрада. Do Polski wlewają się coraz większe ilości niemieckiego wojska !!! Nie wypada nikogo straszyć obecnością sojuszników z NATO, ale pomimo przemieszczania się niemieckich wojsk na wschód czy to do Litwy gdzie stacjonuje niemiecka brygada, czy to na ćwiczenia w Polsce to należy głośno powiedzieć, że jest to najgorszy możliwy moment aby niemiecka armia była widziana na polskich drogach. W tej chwili trwa zamach na polską wolność i demokracje premiera, który ma niemieckie pochodzenie i elity UE oficjalnie go wspierają. Do tego obecnie na czele UE stoi niemiecki komisarz i albo te niemieckie wojska rzeczywiście przybywają z odsieczą dla puczysty Tuska albo niemieckie Elity po prostu mają całkowitą pogardę dla Polaków. Obie opcję są godne potępienia. — Dariusz Wiewiórka (@darekwiewiorka) November 6, 2026 Воените возила ќе бидат во активна употреба во текот на целата воена вежба. Најголем сообраќај на конвои се очекува од граничниот премин Калварија на 6 и 7 ноември, а од Клајпеда на 10 и 12 ноември. Локалните жители се предупредени за можни прекини во сообраќајот и се замолени строго да ги следат упатствата на воената полиција. Русија во последните години постојано изразува загриженост за активностите на НАТО долж нејзините западни граници. Кремљ истакна дека Москва не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.Тагови: воена вежба НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Шоу бизЏејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиитеПознатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at. На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“. Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл. View this post on Instagram A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) Тој сака повторно да се врати на шпоретот Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој. Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел. Тагови: Џејми Оливер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter