Видео: Џони Деп падна од забрзан коњ на сет, екипата преплашена за неговиот живот!

На снимањето на The Lone Ranger, Џони Деп кој јаваше на забрзан коњ, во еден момент се лизна од седлото а потоа падна. Екипата застана, еден од нив им рече на останатите да не приоѓаат додека не стигнат болничарите.

Но, се помина во најдобар ред . Џони Деп имаше само повреда на стомакот, ништо сериозно. Праша што се случило, дали коњот паднал врз него, а потоа се шегуваше  - жените сакаат скршени коски!

Видеото на кое Деп паѓа од коњот е објавено на Ју Тјуб денеска, а филмот за кој е снимена сцената на која Деп малку се повреди, „The Lone Ranger“, влегува во кино салите на 3 јули.



притисни ентер