Кацарска: Институциите брзаат да ги донесат реформските закони, но постои ризик поради некои мерки од минатата година
1Кацарска: Институциите брзаат да ги донесат реформските закони, но постои ризик поради некои мерки од минатата година
3На Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и вие
СветВидео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската РепубликаАвион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во Доминиканската Република, при што загинаа пилотот и копилотот.Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во несреќата, а во авионот немаше патници, објави CNBCTV18. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ облак од чад како се издига над аеродромот додека пожарникарите се бореа со пожарот. Доминиканскиот институт за цивилно воздухопловство соопшти дека екипажот прогласил вонредна состојба додека авионот се наоѓал на околу 16 наутички милји југозападно од Ла Романа. Авионот се урна додека се обидувал да се врати на аеродромот. Властите потврдија дека е започната истрага за да се утврди причината за падот на „Галфстрим Г200“. WATCH: Private jet crashes while emergency landing at La Romana International Airport in Dominican Republic. pic.twitter.com/oiaEIRPjes — AZ Intel (@AZ_Intel_) June 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКацарска: Институциите брзаат да ги донесат реформските закони, но постои ризик поради некои мерки од минатата годинаМоделот на постепена интеграција е позитивен пристап, но е тешко да се операционализира, а постои и загриженост да не стане алтернатива на полноправно членство.Моделот на постепена интеграција е позитивен пристап, но е тешко да се операционализира, а постои и загриженост да не стане алтернатива на полноправно членство, вели во разговор за Канал 5 директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска.. Според неа, во рокот кој истекува за два дена, Македонија ќе биде на половина пат со реформската агенда, а главниот предзвик ќе бидат мерките предвидени до крајот на годината... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
ФудбалСоборен е рекорд на Мундијалот- ова никогаш не се случило Африканските фудбалски репрезентации прават спектакл на Светското првенство во 2026 година, при што девет од десетте репрезентации од континентот кои се квалификувале за Светското првенство се пласираа во нокаут фазата.Ова го собори претходниот рекорд од не повеќе од две африкански репрезентации кои се пласирале во истата фаза од турнирот, кој беше поставен во 2014 и 2022 година. Сè беше потврдено по резултатите од последните денови од натпреварувањето, кога Демократска Република Конго го победи Узбекистан со 3-1, додека Алжир одигра спектакуларно реми 3-3 против Австрија. По 17 дена натпреварување, Мароко, Јужна Африка, Сенегал, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Зелен ’Рт, Египет, Конго и Алжир го обезбедија своето место во 32-те екипи. Единствениот африкански тим кој не успеа да се пласира беше Тунис. Мароко и Јужна Африка беа меѓу првите кои обезбедија пласман, а Јужна Африка особено се издвои, откако стигнаа до нокаут фазата на Светското првенство за прв пат во историјата. Зелено’ртските Острови, исто така, оставија огромен впечаток, завршувајќи втори во Групата Х во своето деби на Светското првенство, пред Уругвај и Саудиска Арабија. Иако само шест африкански тимови успеале да ја поминат групната фаза, при што некои тимови имаат повеќе настапи, овогодинешниот турнир покажува дека африканскиот фудбал има многу поголема длабочина и квалитет од порано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилков ќе си оди од Министерството за правда, а ресорот ќе премине кај кадар од ВЛЕНПрвиот вицепремеир Беким Сали вели дека ова е затворено прашање во разговорите со премиерот Мицкоски, но лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски и натаму инсистира дека конечниот договор ќе биде познат во вторник. По реконструкцијата, со ресорот Правда ќе раководи кадар предложен од Влен, тврди првиот вицепремиер Беким Сали и покрај инсистирањето на Максим Димитриевски дека разговорите се уште не се завршени. Но, според Сали, ова прашање е веќе решено со премиерот Мицкоски, а освен правда, Влен ќе добие уште 5 ресори. Во нивни раце остануваат министерството за животна средина со кое и понатаму ќе раководи актуелниот министер Мухамед Хоџа, министерството за економија и министерот Бесар Дурмиши и министерството за европски прашања со кое раководи Сали. Дополнително, ќе го добијат и Култура од каде заминува Љутков, и Министерството за односи со заедници со кое досега раководеше Иван Стоилковиќ. На негово место, најверојтно ќе дојде Азир Алиу, со оглед дека Влен ги отпсува ресорите здравство и социјална политика, кои ќе премиена т во ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ЗНАМ, Димитривски пак, и денеска од Куманово тврдеше дека се уште ништо не е дефинитивно договорено и се ќе се зане во вторник. На партискиот настан видливо беше отсуството на министерот Филков, но Димитриевски рече дека тоа не е поврзано со реконструкцијата, туку со други обврски. Според брифинзите од владините партии, Мицкоски на ЗНАМ во замена за ресорот Правда им го нуди Министерството за земјоделие, а како нов министер веќе се споменува актуелниот државен секратар Борче Серафимовски... Дефинитивниот состав на Владата, прмеиерот најави дека ќе го соопшти по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вторник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter