ФудбалВидео: Аргентина поразена во Парагвај, Винисиус промаши пенал за победа на БразилВо јужноамериканските квалификации за СП 2026 година, Парагвај синоќа со 2-1 ја победи против Аргентина, која и покрај поразот остана прва на табелата, додека Бразил ремизираше 1-1 со Венецуела.Светскиот првак поведе на гостувањето во Асунсион во 11. минута со голот на Лаутаро Мартинез, но Парагвај дојде до резултатски пресврт преку Тони Санабрија (19) и Омар Алдерете (47). Es una maravilla el gol de Sanabria. Excelente pirueta para el 1-1 de Paraguay 🇵🇾 ante Argentina 🇦🇷. pic.twitter.com/NuyMa2v4EB — VarskySports (@VarskySports) November 14, 2024 За Парагвајците ова беше прва победа на домашен терен над Аргентина по 15 години. Петкратниот светски шампион Бразил одигра нерешено на гостувањето во Венецуела, откако играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор промаши пенал за победа. "I'll do it 10x if I have to. They're not ready" 🤡 This Vinicius brother missed the rebound as well pic.twitter.com/AqyzB0mFJS — Jacky (@MCFC_Jacky) November 14, 2024 Бразил дојде во водство со голот на Рафиња од слободен удар, а Теласко Сеговија донесе бод за Венецуела. Еквадор на домашен терен ја совлада Боливија со 4-0. Утре на програмата се дуелите Перу – Чиле и Уругвај – Колумбија. Аргентина води на табелата со 22 бодови, три повеќе од второпласираната Колумбија, која има натпревар помалку, а пет повеќе од Бразил на третото место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителитеПочетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство. Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор. Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и други основни производи потребни за успешен почеток на новата учебна година. Ова е уште една конкретна мерка на ВЛЕН во Владата, насочена директно кон граѓаните и нивните секојдневни потреби. Наместо празни ветувања, фокусот е ставен на конкретни решенија кои ги намалуваат трошоците на семејствата и им обезбедуваат поддршка тогаш кога таа им е најпотребна. Производите опфатени со мерката ќе бидат јасно означени во продажните места, а попустот ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка. Затоа што вложувањето во децата и младите е вложување во иднината. Создаваме подобри услови за учење, повеќе можности за развој и генерации кои утре ќе ја градат иднината на нашата земја. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗастрашувачки податоци: Повеќе од 32.000 смртни случаи во ЕвропаГраѓаните над 75 години беа најмногу изложени на ризик.Помеѓу средината на јуни и средината на август се регистрирани повеќе од 32.000 смртни случаи во Европа, над очекуваниот број, за време на лето обележано со исклучителни топлотни бранови, според привремените податоци од Европската платформа за следење на прекумерната смртност (EuroMomo). Платформата, чиј статистички модел вклучува официјални податоци од 23 европски земји, проценува дека најголем број смртни случаи е регистриран во последната недела од јуни, кога се регистрирани речиси 16.000 смртни случаи над очекуваниот број, додека околу 8.000 повеќе се регистрирани во првата недела од јули, објавува Фигаро. Најголем број жртви е регистриран во Германија, каде што околу 14.000 луѓе починале од последиците од екстремната топлина до 9 август, што е најголем број откако Институтот Роберт Кох започна да спроведува ваков вид проценка во 2016 година. Граѓаните над 75 години беа најмногу изложени на ризик. Франција регистрираше 7.300 смртни случаи повеќе од очекуваните за време на високите температури од крајот на мај до 22 јули, додека Шпанија регистрираше речиси 4.500 смртни случаи поврзани со топлината помеѓу 1 јуни и 19 август, најмногу од 2022 година. Белгија пријави 2.570 смртни случаи повеќе од очекуваните помеѓу 18 јуни и 17 јули, Англија 2.877 за време на топлотните бранови во мај и јуни, Холандија 968 помеѓу 22 јуни и 5 јули, Австрија 395 во јуни и повеќе од 600 помеѓу средината на јуни и крајот на јули. Експертите предупредуваат дека вкупниот број на вишок смртни случаи веројатно ќе се зголеми, бидејќи „EuroMomo“ ќе ги ажурира своите проценки во наредните недели, вклучувајќи го и топлотниот бран што траеше од крајот на јули до средината на август. Овогодинешната екстремна топлина ја погоди Европа со долгорочна суша и разорни шумски пожари, а научниците истакнуваат дека климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на ваквите настани. Извор: Б92Тагови: смртни случаи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот. За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook