За законите за кривична постапка и за јавниот обвинител допрва ќе се договараат.

Со новиот закон за судови, судиите ќе бидат казнувани и разрешувани ако не ги почитуваат одлуките на судот за човекови права во Стразбур, а со еден од усвоените амандмани за законот за Советот,  на претседателот на судскиот совет му се враќа правото на глас. Според заменик министерот за правда Оливер Христовски, реформите во судството ќе траат.

На комисијата за политички систем власта прифати 7 амандмани за законот за судови а 7 отфрли. За Судскиот совет беа прифатени сите 8 амандмани.

Панчо Минов од Коалицијата за подобра Македонија, ја поздрави парламентарната соработка меѓу власта и опозицијата. Според него добро што ќе има дисциплински и казнени мерки за судиите кои не си ја работат работата.

Во текот на оваа недела најверојатно судските закони ќе се најдат на собраниска седница. Од наредната недела стартуваат преговорите за јавниот обвинител но и за новиот пакет на измени на Законот за судови и судскиот совет кој треба да бидат договорени до јуни.


Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 14:56
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 14:59

коментари

остави коментар