Таа е првата дама на Америка која со својот изглед и стилот ги полни медиумските портали и насловни страни и постојано одново успева да изненади со грациозната појава.
Ви претставуваме  занимливости кои не сте ги знаеле за Меланија Трамп:
*Моминското презиме на Меланија е Кнасу, родена е во Југославија, а на само 5 години за прв пат прошетала на модната писта
*Во светото на манекенкството влегла со помош на нејзината мајка која во дамнешната 1977 година имала нејзина модна линија, па малата Меланија била едно од заштитните лица
*Меланија Трамп е втората ена во историјата на САД која станала прва дама, а да не е државјанка на Америка
*Таа е единствената прва дама која позирала гола
*Три години пред познанството со Доналд Трамп, Меланија позирала гола за француски машки магазини
*Првата дама на Америка го запознала сопругот на една модна ревија
*Таа средба била поприлично поразителна за Доналд. И покрај неговите обиди да ја покани на состанок, Меланија одбила да му го даде нејзиниот број од телефон.
*Ги прекинала студите по архитектура на Универзитет во Љубљана за да во целост му се посвети на моделингот
*Европската слава а стекнала во Италија и Франција, па само по неколку години станала и сопственичка на една модна агенција
*Според традицијата тајнот име на првата дама мора да почне со првата буква од тајното име на нејзиниот сопруг
*Со оглед дека тајното име на Доналд е Могул, убавата Словенка го носи прекарот Муза.
*Меланија покрај сестрата Инес, има и полубрат кој никогаш не го запознала, а е  од првиот брак на нејзиниот татко.
*Венчаницата на Меланија чинела 200 000 долари, а станува збор за модел на Диор кој го изработувале повеќе од 1000 часа
*Покрај мајчинскиот Словенечки, Меланија зборува и Англиски, Француски, Германски и Италијански јазик. Се подразбира и нејзиното познавање на Српско - Хрватскиот јазик.
*Меланија никогаш немала дадилка за нејзиниот син.
* Има готвач и личен асистент. 


Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 13:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар