Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ решиле да се почестат со скап брод, за летово да си ја исполнат желбата, и да крстосуваат по Јадранското море.

На Игор и Севе им се допаднал моделот „ cranchi Z35”, кој чини 244500 евра. Оваа јахта е долга 11,5 метра и може да прими 20 луѓе.

-Игор и Северина летово сакаат да се опуштат ио да уживаат  заедно со синот Александар.Јахтата ќе биде паркирана во Сплит, но со неа ќе крстосуваат по целиот Јадран, откри извор близок до популарната двојка за медиумите.

Јахтата ги задоволува сите нивни потреби и во моментов Севе и Игор трагаат по посада за јахтата.

„Јахтата се гради во бродоградилиштето Пјантендо во Италија, и би требало да биде донесена во Хрватска на крајот на мај. Станува збор за јахта од средна класа, која е многу популарно“, истакна истиот извор.

Датум на објава: понеделник, 09 април 2018 во 11:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар