СветЛекорну: Европските „сили за брза реакција“ треба да бидат формирани следната година-Ова е клучно прашање за кое се надевам дека ќе успееме да донесеме заклучок веќе следната година, со тоа што ќе бидеме многу одговорни и многу брзи, рече Лекорну во интервју за телевизијата Франс 2.Европските „сили за брза реакција“, кои вчера ги спомна францускиот претседател Емануел Макрон и кои ќе бидат наменети за операции како што е евакуација на граѓани од земји во криза, може да ја здогледаат светлината на денот веќе следната година, изјави францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну, цитиран од француските медиуми. -Ова е клучно прашање за кое се надевам дека ќе успееме да донесеме заклучок веќе следната година, со тоа што ќе бидеме многу одговорни и многу брзи, рече Лекорну во интервју за телевизијата Франс 2. Министерот го оправда проектот со фактот дека има „многу кризи во кои НАТО не е надлежен и во кои Франција често спроведува операции сама“, давајќи го примерот со евакуацијата на граѓаните од Судан минатата година. За време на операцијата во Картум беа евакуирани 1.000 лица, од кои 200-250 беа Французи. Во исто време, „создадовме голем воздушен мост со (авионите на Ербас) А400М, со бродови. Така се случи Франција да биде практично сама“, нагласи Лекорну. -Сосема е природно овој товар, што „има своја цена, вредност“, да се подели, рече францускиот министер. Овие сили за брза реакција „кои ќе ја осигураат безбедноста на европските граѓани, португалските, италијанските, германските и француските граѓани, мора да можат да се создадат многу брзо“, кажа министерот, истакнувајќи дека нивното создавање е прашање на прагматизам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброкДополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети. ,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро. Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаАндоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаФормиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски.Прашуваат каде што повеќето молчат, бараат одговорност онаму каде што недостасува и остануваат будното око во општеството што неретко ги изложува под притисоци, закани и обиди за замолчување – Дали денешното формирање на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите ќе гарантира реален институционален механизам за сигурност? Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски, кој кажа дека ова тело ќе има задача да создаде услови за послободно и професионално новинарство, без било какви стравувања. -Новинарите не треба да бидат храбри, туку сигурни и безбедни да поставуваат прашање да добиваат одговори во јавен интерес на крајот на денот. Тоа не е обесхрабрувачка порака за новинарите, туку бара одговорност од страна на институциите од аспект на овозможување на општествена сигурност за да го работат она што е нивна работа, зошто – затоа што вашата работа, на новинарите е да го заштитите јавниот интерес и да отворите прашања во јавноста кои што се од интерес за граѓантие и тоа така треба да биде. И се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри во споредба од претходно. - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Иницијативата за форимрањето на комитетот е на Владата, во согласност со препораките на Советот на Европа, чии претставници беа дел од дискусијата и посочија дека има простор за напредок. Покрај МВР, која претседава со истиот, меѓудригуте, дел се и новинарски здруженија и јавното обвинителство. Шефицата на ОЈО – ГОКК, Искра Хаџи Василева порача дека комитетот е значаен исчекор кон поголема безбедност и сигурност. -Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат, правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат, мора да бидат идентификувани и санкционирани- Искра Хаџи - Василева – ЈО на ОЈО ГОКК Последната евидентирана закана се случи викендов кон новинарот Кристијан Ландов, по неговата емисија за случај во Охрид, по што како што е пријавено, на социјалните мрежи му се заканувале по животот преку саботирање на неговото возило. Остра реакција за ова пристигна од ЗНМ, а министерот Тошковски кажа дека се преземени сите чекори за расчистување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook