Вести на Канал 5 во 18, 02.07.2026 - Канал 5

Вести на Канал 5 во 18, 02.07.2026

Вести на Канал 5 во 18, 02.07.2026
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно го замени Пунто: Овој Фиат e продаден во 700.000 примероци!

Фиат Арго достигна важна продажна пресвртница на бразилскиот пазар, каде што се продадени повеќе од 700.000 единици од овој модел од неговото лансирање.

Успешно го замени Пунто: Овој Фиат e продаден во 700.000 примероци!

Арго е моментално четвртиот најпродаван автомобил во Бразил, со продадени повеќе од 54.000 единици од почетокот на 2026 година. Моделот е меѓу десетте најпродавани нови автомобили на најголемиот пазар во Јужна Америка повеќе од четири години.

Овој модел беше лансиран во Бразил во 2017 година како замена за Фиат Пунто, и оваа година се покажа добро. Само во јули 2026 година, беа продадени 8.612 единици, што го сместува меѓу петте најпродавани автомобили во Бразил во текот на тој месец.

Во текот на изминатите три години, Арго е втор најпродаван модел на Фиат на бразилскиот пазар.

Дел од програма за поефикасни возила

Фиат Арго е вклучен и во владината програма на Бразил за 2025 година за возила што ги исполнуваат одредени критериуми за ефикасност. Според програмата, автомобилите што ги исполнуваат барањата можат да добијат пониски даночни стапки.

Тековната гама на модели на Арго вклучува четири верзии, а карактеристиките вклучуваат безжична поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, дигитална автоматска контрола на климата, сензори за паркирање одзади и систем за влегување и стартување без клуч.

Доаѓа Арго X

Фиат потврди дека ќе го лансира Арго X во наредните месеци. Се очекува новиот модел да се продава заедно со постоечкиот Арго, наместо веднаш да го замени.

Директорот на брендовите Фиат и Абарт за Јужна Америка, Фредерико Батаља, изјави дека резултатот од продажбата од 700.000 возила ја потврдува важноста на Арго на бразилскиот пазар.

Според него, моделот привлекува клиенти уште од своето лансирање со својата комбинација од ефикасност, практичност и конкурентна цена, а Фиат очекува неговиот успех да продолжи и по пристигнувањето на новиот Арго X.

Со повеќе од 700.000 продадени единици и повеќе од 54.000 продадени возила само во 2026 година, Фиат Арго останува еден од клучните модели на италијанскиот производител во Бразил, каде што наскоро ќе му се придружи и новиот Арго X.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

За неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид се обрати на отворањето на 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември - Денот на пензионерите на Македонија.

„Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, порача претседателката, истакнувајќи дека пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен циклус во којшто мудроста, знаењето и искуството доаѓаат до особен израз.

За неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.

Говорејќи за правата на пензионерите, Сиљановска-Давкова истакна дека тие треба да бидат вклучени во креирањето на политиките, а особено во носењето на законите и одлуките што се однесуваат на нив.

Претседателката посочи на примерот на Јапонците, познати како најдолговечен народ, укажувајќи дека една од најважните причини за тоа е вербата во филозофијата на „икигаи“, според која, секогаш постои причина за нашето постоење и цели што треба да ги оствариме.

На учесниците им посака фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина.

На отворањето се обратија и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претседателката на Здружението на друштва на пензионери на Словенија, Зденка Јан и претставникот на Министерството за спорт, Илија Ристески.

На натпреварите е предвидено учество на 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на сојузот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата ги усвои заклучоците за формирање на Оператор на пазар на природен гас

Клучен чекор кон либерализација и модернизација на гасниот сектор.

Владата ги усвои заклучоците за формирање на Оператор на пазар на природен гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донесе соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување.

Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат на МЕМО ДООЕЛ Скопје за да ја започне постапката и процесот за воспоставување на оператор на пазар на природен гас, согласно законските прописи од областа на енергетиката. МЕМО ДООЕЛ Скопје има обврска да изготви и достави сеопфатен план кој ќе ги опфати сите организациски, технички, ИТ, легислативни и финансиски параметри, како и редовно (најмалку еднаш на три месеци) да ја известува Владата, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерството за финансии и Регулаторната комисија за енергетика за напредокот на активностите.

Правната рамка за организирање и управување со пазарот на гас како регулирана енергетска дејност од јавен интерес е поставена со Законот за енергетика уште во 2018 година. И покрај тоа што со овој закон успешно е воспоставен оперативен пазар на електрична енергија преку формирањето на МЕМО ДООЕЛ Скопје, соодветната институционална структура за гасниот сектор е новоспоставена во изминатите години.

Преку деталните анализи и подготовката на оваа информација, разгледувани беа регионалните пазарни модели (од целосно либерализирани системи како Австрија и Унгарија, до хибридни модели во Грција, Хрватска, Бугарија и Романија). Притоа се дојде до заклучок дека воспоставувањето на нов, посебен субјект би барало долготраен период за имплементација, високи административни и оперативни трошоци и комплицирани процеси.

Напроти тоа, МЕМО ДООЕЛ Скопје веќе располага со функционална ИТ-платформа, развиен систем за пазарно порамнување и докажана експертиза во управувањето со енергетски пазари. Доделувањето на надлежноста за пазарот на гас на МЕМО ДООЕЛ претставува најрационално, најповолно и најбрзо решение. Овој пристап е целосно во согласност со европските практики за транзициски пазари и овозможува постепено создавање на интегриран (комбиниран) пазарен оператор за електрична енергија и природен гас.

Носењето на овие заклучоци и доделувањето на оваа функција имаат суштинско и стратешко значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и за целокупниот енергетски сектор во земјата во однос на подготовката на гасните интерконектори, пазарната конкуренција и транспарентност, за усогласувањето со ЕУ регулативата и институционалата ефикасност.

Република Македонија интензивно работи на клучните инфраструктурни проекти – гасните интерконектори со Грција (со планирано пуштање во средината на 2027 година) и со Србија (на крајот на 2028 година). Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на снабдување (вклучително и LNG терминали) и нов бран на трговски текови. Без функционален пазарен оператор, ефикасното користење на оваа нова инфраструктура би било оневозможено.

Затоа, воспоставувањето на операторот овозможува премин од почетната фаза на либерализација кон созревање на гасниот пазар, формирање на транспарентни и пазарно засновани цени, како и воведување на ефикасни балансни механизми во корист на учесниците на пазарот и крајните потрошувачи.

Со овој чекор, Министерството и државата директно ги исполнуваат преземените обврски од европската регулаторна рамка и целите на Енергетската заедница за целосна интеграција со регионалните пазари. Дополнително, со искористување на капацитетите на МЕМО ДООЕЛ Скопје се обезбедува максимална заштеда на јавни средства и ресурси, гарантирајќи брз, оперативен и сигурен премин кон соодветна организација на пазарот.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на блиската координација со сите релевантни институции со цел навремена и успешна реализација на донесените заклучоци.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер