Верниците од исламската вероисповед го слават „Курбан Бајрам“ - Канал 5

Верниците од исламската вероисповед го слават „Курбан Бајрам“

Ден за радост и благослов. Верниците од муслиманска вероисповед го слават  Курбан Бајрам, еден од најголемите муслимански празници.

Верниците од исламската вероисповед го слават „Курбан Бајрам“

Уште од рано в зори, се упатија кон џамиите, да го одбележат празникот кој ги обединува верниците во духот на солидарноста, хуманоста и меѓусебната почит.

Празникот, кој симболизира жртва, вера и помагање на ближниот, традиционално се одбележува со молитви, семејни собири и дарување на оние на кои помошта им е најпотребна.

Во домовите има празнична атмосфера, а пораките за мир, здравје и заедништво остануваат во фокусот на чествувањето.

Овој празник е познат и како празник на жртвата, бидејќи тогаш се принесува животно како жртва за доброто на верата и за корист на луѓето, а ваквата традиција трае со векови.

Овој обичај го изведуваат сите муслимани кои имаат можност за тоа, веднаш по бајрамскиот намаз. Месото се дели на три дела, еден дел се задржува за семејството, додека другите два им се делат на сиромашните, на соседите и на роднините.

Курбан Бајрам го одбележува и завршувањето на аџилакот на аџиите кои одат да се поклонат на светата Ќаба во Мека, настан кој е еден од петте свети дожлности на муслиманите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик.

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише.

Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е НУЛА!

Христијан Мицкоски денес се фали со некаков измислен резултат од 3:1 во однос на претходната власт, повикувајќи се на исплатени субвенции и инфлацијата. 

СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е НУЛА!

Тешко е да се најде пример за поголема политичка несеризност и обид да се одбрани неодбранливото.

Неговиот вистински резултат не е 3. Неговиот резултат е 0. Со букви: НУЛА!

Нула во реформите.

Нула во подобрувањето на животниот стандард.

Нула во зголемувањето на минималната плата.

Нула во мерките за младите.

Нула во поддршка за земјоделците.

Нула во европскиот пат.

За две години власт на Мицкоски и ВМРО:

-Инвестициите паднаа за 60%,

-Откупот на земјоделските производи се намали за 46%

-Буџетот е празен

-Државата се задолжи за 2,5 милијарди евра,

-Потрошувачката кошничка порасна на речиси 70.000 денари.

-Македонските работници имаат најниски плати во Европа.

-Нема програми за младите.

-Младите масовно ја напуштаат државата.

-Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, земјоделците останаа без пари,и ИПАРД програмата беше блокирана затоа што директорот беше уапсен поради кражба.

Мицкоски јавно вети дека до 1 јуни ќе ја исполни целата реформска агенда и ќе отвори кластери со Европската унија. Ништо од тоа не е направено.

Копенхашките критериуми не се испочитувани, а законот за правосудство, кој ЕУ го врати како недоволно реформиран, и понатаму е проблем. Наместо реформи, имаме политички прогони кои се нарачуваат од собраниска говорница и по телефон.

Кога некој се обидува врз основа на две тесни ставки да гради наратив за успех, додека го игнорира економскиот крах, масовното иселување на младите, празниот буџет и целосниот застој на европскиот пат, тогаш станува збор за пропаганда, а не за резултати.

Граѓаните не живеат од статистика за цената на тутунот. Тие живеат од плати, пензии, цени во продавниците и перспектива за своите деца. А таму билансот на оваа власт е длабоко негативен.

Целиот резултат на оваа влада граѓаните го гледаат во новчаникот и во фрижидерот.

Македонија забрзува во пропаст!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби, безбеден сообраќај и заштита на шумите од пожари

На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. 

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби, безбеден сообраќај и заштита на шумите од пожари

Денеска (16.06.2026) на Градскиот пазар во Велес и во Демир Капија, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската канцеларија Демир Капија реализираа превентивно-едукативна активност за заштита од имотни деликти на тема „Обезбеди го својот дом“. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, пак, денеска во Чашка реализираа превентивна активност на тема „Не биди нем сведок“ со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство, објаснување на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

На 16.06.2026 на подрачје на магистрален пат Скопје-Блаце, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно - едукативна кампања за заштита од шумски пожари., На граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема свесност за заштита на шумите од пожари и доколку се забележи пожар на отворено веднаш да се извести на 112. За време на активноста на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.

На 16.06.2026, полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип, Делчево и Свети Николе во Штип, Делчево и Свети Николе реализираа превентивни активност под мотото „Не користи мобилен додека возиш“, „Управувај технички исправно возило„ и „Стави појас“. За време на активностите на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина и корисни совети за почитување на сообраќајните правила и прописи, а целта е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Во Штип беше спроведена и активност за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва е кривично дело и на овој начин можат да предизвикаат последици по шумскиот фонд за кои се потребни децении да се надоместат. Беше поделен и едукативен материјал со информативна содржина, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Додека, во Берово беа реализирани превентивни активности под мотото ,,Внимателно и одговорно со земјоделската механизација во сообраќајот“, при што , исто така, беше потенцирана важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи, особено користењето на земјоделската механизација во период на туристичката сезона и земјоделските активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер