МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година – Ќе се достави до Собранието на усвојување
2МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година – Ќе се достави до Собранието на усвојување
МакедонијаПлатформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквостПлатформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“.Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Оваа одлука не ја гледаме како изолиран случај, ниту како обична промена на терминологија. Таа е уште еден чекор во загрижувачкиот тренд на институционално потиснување на родовата еднаквост од јавните политики и законодавството, кој го следиме во последните години. По отстранувањето на поимите род, родова еднаквост, и се поврзано со сексуалноста, хомофобијата и заштита од дискриминација и насилство од законските измени во образованието, блокирањето на Законот за родова еднаквост и сè почестото доведување во прашање на веќе стекнатите права, сега сведочиме и на обид родовата нееднаквост да стане невидлива во училниците. Но, родовата нееднаквост не исчезнува со бришење на зборот „род“. Девојчињата и понатаму ќе се соочуваат со сексизам, сексуално вознемирување, притисоци и насилство. Момчињата и понатаму ќе растат под притисок на штетните очекувања за машкоста, моќта и доминацијата. Младите и понатаму ќе се соочуваат со дискриминација поради тоа кои се или затоа што не се вклопуваат во наметнатите општествени норми. Ако образовниот систем не ги именува овие појави и не им помогне на младите да ги разберат нивните причини, тогаш не придонесува за нивно надминување, туку за нивно премолчување. Особено е поразително што ваквите одлуки се носат во држава во која насилството врз жените и девојчињата останува сериозен општествен проблем, а институциите постојано зборуваат за потребата од превенција. Според податоците на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во текот на 2025 година се евидентирани 6 убиства на жени и 4 обиди за убиство, додека само во првите девет месеци од 2026 година се евидентирани 7 убиени жени и 2 обиди. Дополнително, во очекување на правосилноста на пресудата во случајот со серискиот убиец од Куманово, треба да се има предвид дека станува збор за уште четири убиства на жени, кои би можеле дополнително да ја зголемат оваа алармантна статистика. Овие податоци уште еднаш потврдуваат дека превенцијата на насилството врз жените и девојчињата не смее да остане само декларативна заложба, туку мора да биде проследена со конкретни, доследни и системски мерки. Каква превенција градиме ако не сакаме да зборуваме за родовите стереотипи што го оправдуваат насилството? Каква еднаквост промовираме ако избегнуваме да ги именуваме причините за нееднаквоста? И како очекуваме младите да препознаваат родово-базирано насилство ако образовниот систем го избегнува самиот поим? Државата не може да се обврзува дека ќе се бори против родово-базираното насилство, а истовремено да го отстранува родот од образованието. Тоа е противречна и неодговорна јавна политика. Дополнително загрижува контекстот во кој се случуваат овие промени. Првичната програма беше повлечена во септември, само неколку дена по отвореното писмо од верски кругови од 6 септември 2026 година и по јавните критики од верски и конзервативни кругови. Ова отвора сериозни прашања за независноста на институциите и за начинот на кој се носат образовните политики. Во секуларна држава верските заедници имаат право на свои ставови, но не смеат да станат арбитри за тоа кои научни поими се прифатливи во јавното образование. Доколку надлежните институции ги приспособуваат наставните програми на верски и идеолошки барања, се отвора сериозно прашање за почитувањето на уставниот принцип на одвоеност на верските заедници од државата (член 19 од Уставот). Прашањето е многу поголемо од една наставна програма: кој денес ги креира јавните политики во Северна Македонија – надлежните институции и стручната јавност или организираните групи што водат кампањи против родовата еднаквост? Со ваквиот пристап се создава опасен преседан. Се испраќа порака дека со доволно гласен притисок можат да се менуваат образовни стандарди, да се потиснува научна терминологија и да се доведуваат во прашање политики насочени кон еднаквоста и човековите права. Ова не е само проблем за организациите што работат на родова еднаквост. Ова е прашање за демократското управување, институционалната независност и способноста на државата да ги штити правата на сите граѓани, особено на децата и младите. Потсетуваме дека родовата еднаквост не е прашање на политичка наклонетост или идеолошки избор на власта. Таа е уставна вредност (член 9 од Уставот), законска обврска и составен дел од меѓународните обврски што државата ги има преземено, вклучително и преку ратификацијата на Истанбулската конвенција. Затоа, Платформата за родова еднаквост бара од Владата и Министерството за образование и наука јавно да одговорат: Зошто родовата терминологија систематски се отстранува од образовните политики; врз основа на кои стручни аргументи се направени последните измени; и како тие се усогласени со обврските на државата за унапредување на родовата еднаквост и спречување на насилството. Бараме програмата да биде ревидирана пред нејзината примена, и покрај изјавата на Министерството од 2 ноември дека станува збор за конечно решение. Бараме во програмата да се вратат научно заснованите поими и содржини и да се воспостават јасни гаранции дека образовните политики нема да се менуваат под притисок на групи што ги оспоруваат еднаквоста и човековите права. Не прифаќаме родовата еднаквост да биде предмет на политичко пазарење. Не прифаќаме девојчињата и младите да ја плаќаат цената на институционалното повлекување пред антидемократски и антиправни притисоци. Држава што го брише родот од образованието не ја брише нееднаквоста. Таа само покажува дека не е подготвена да се соочи со неа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСудење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиштеДНК и финансиското вештачење на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и денеска не стигнаа во судница. Неговата одбрана тврди дека финансиското вештачење кое наскоро треба да се подготви, ќе покаже дека неговите родители е сосема можно да заработиле 975 илјади евра а со тоа да ги поседуваат и 350те илјади евра кои при претресот биле пронајдени заѕидани во семејниот дом во Неготино. Адвокатот Звонко Давидовиќ презентираше правно мислење на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со кое ја оспорува правната квалификација на обвинението, според кое, Ѓоко Ристов не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело кое му се става на товар. -Правното мислење е по однос на правната квалификација онака како и што почна предметот, па некако се подазборави во текот на постапката каде што одбраната тврди и се уште тврди, дека судија не може да биде обвинет опфатен со законско битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, јавно претпртијатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат Обвинителката Искра Хаџи Василева пак смета дека правното мислење нема доказна тежина и дека судот треба да одлучува врз основа на фактите и доказите изведени во постапката. Таа посочи дека со овие мислења се критикува постојната одредба од Кривичниот законик, која, како што рече, била усвоена во рамки на усогласувањето на македонското законодавство со меѓународните конвенции за борба против корупцијата. -Модерно, ќе си дозволам, стана да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се воопшто користат овој тип на докази кои во суштина и не се докази. И не можат да бидат докази. – Искра Хџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК На изјавата на обвинителката Хаџи Василева реагираше професорот Калајџиев кој во објава на социјалните мрежи напиша: -Тешки зборови употребила обвинителката за некој што иʼ бил учител и творец на законот по кој што работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене. Следно рочиште за случајот е закажано за 20 ноември. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година – Ќе се достави до Собранието на усвојувањеВладата денеска на седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации.Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница. Со Дополнетиот ребаланс се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со планираните износи до крајот на годината и реализација на приоритетни исплати. Со предложените измени, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 3,9% од БДП. Проекцијата за економскиот раст со предложениот Ребаланс за 2026 година изнесува 4,3%. Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година се со цел усогласување со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНов случај на морбили кај невакцинирано дете од СкопјеУште едно дете на една ипол година од Скопје кое нема примено МРП вакцина е потврдено на морбили.Уште едно дете на една ипол година од Скопје кое нема примено МРП вакцина е потврдено на морбили, но вкупниот број од 5 случаи досега, од кои еден е 45 годишен странец, а три бебиња под 12 месеци се од Велес, Штип и Скопје, не се аларм за прогласување на епидемија, потенцираат здравствените власти. Сепак, според Министерот Сашо Клековски ова е момент за поголема свесност кај граѓаните, бидејќи за разлика од возрасните, бебињата под една година не смеат да се имунизираат. Досегашните епидемиолошки анкети покажале поврзаност помеѓу случаите, контактот со првиот случај настанал во болница. -Лично не верувам во присилни мерки бидејќи тие само го зголемуваат отпорот кон вакцинирањето. Секој еден треба за себе и за своите блиски да провери дали има две дози на вакцина или пак прележал. Во мојот конкретен случај јас имам прележано и тоа прилично трешко и затоа препорачувам сите да се вакцинираат. Ако се појават тие знаци што се типични за сипаница да не одат на доктор туку да се јават, бидејќи ова е еден од најзаразните вируси и опстојува два часа заразноста во воздухот, па престој на заразени лица во чекална или во ходници на здравствени установи е значаен ризик за настанување на епидемија,- - Сашо Клековски – министер за здравство. Од канцеларијата на СЗО во Македонија велат дека и покрај дебатите за МРП вакцината, треба да и се верува на науката. Оттаму сметаат дека опфатот на имунизација е низок и треба да се зголеми за да се избегнат епидемии. -Знам дека има многу дебати, но науката вели дека вакцината ги заштитува децата, и тоа сметам дека е првото нешто за кое граѓаните треба да се свесни. Родителите ја имаат клучната улога. Второ, бремените жени треба да бидат заштитени од рубеола бидејќи знаме дека тоа може да доведе до конгенитални малформации кај бебињата (вродени аномалии). Препораката на Светската здравствена организација е да го зголемиме нивото на вакцинација во земјата,- - д-р Аким Али - претставник и раководител на канцеларијата на СЗО во Македонија. Морбилите повторно се шират со посилен интензитет во регионот. Во делови од Бугарија и Косово се прогласени епидемии поради стотици заразени. Намалениот опфат со вакцинација кој кај нас е околу 60% не проблем само за балканот, туку и во светот. Колку сериозни можат да бидат последиците покажува и последниот случај во американската држава Њујорк, каде што по повеќе од триесет години е регистриран прв смртен случај од морбили кај бебе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter