3Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра
МакедонијаВРЕДИ: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банкаОваа недела во регионот се затвори едно поглавје. На 25 октомври Александар Вучиќ ги изгуби изборите во Србија. Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на Алта банка, банката на неговиот близок соработник Давор Мацура. Денес сакаме да кажеме две работи јасно. Прво: проектите на Вучиќ во Македонија доаѓаа со поддршка од ДУИ. ДУИ сега вика „српски свет“. Но фактите покажуваат кој му ја отвори вратата: Во јули 2021 година српската компанија МТЕЛ влегува на нашиот пазар. Тогаш ДУИ е во Владата, а Бујар Османи е министер за надворешни работи. Османи имаше најмалку 11 средби со српски функционери. Записниците од тие средби до денес не се објавени. На 24 октомври 2024 година, АС Сењак, фирма на сватот на Али Ахмети, доаѓа до акции на Стопанска банка Битола од фирма поврзана со Сашо Мијалков. На 9 јуни 2025 година, фирма во која АС Сењак е сосопственик подигнува кредит од 5 милиони евра од Алта банка Белград. На 17 септември 2025 година акциите се продадени на Алта банка. Шест дена подоцна, општина водена од ДУИ му дава на АС Сењак два договори вредни 90 милиони денари. Ова не е случајност. Тоа е синџир што од Белград води до ДУИ, а од ДУИ назад до Белград. Истата партија што им зборуваше на Албанците за патриотизам правеше бизнис со луѓето на Вучиќ. Второ: паѓа Вучиќ, паѓаат и неговите сателити во ДУИ. Што се гради врз туѓа моќ, паѓа заедно со неа. Вучиќ ја изгуби власта, а Алта банка остана без дозвола. Сега се отвораат тајните во Белград, а со нив и сметките. ВРЕДИ го кажува ова уште од септември 2025 година. Документите ги доставивме до Државната комисија за спречување на корупцијата. Али Ахмети и ДУИ молчат веќе 13 месеци. Тој молк сега нема да им помогне. Затоа бараме: Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство итно да ги истражат трансакциите на АС Сењак со Мијалков и со Алта банка, кредитот од 5 милиони евра и тендерите од општините на ДУИ. Надлежните институции да побараат податоци од српските органи за сите врски на Алта банка со фирми од Македонија. ДУИ да ги објави записниците од средбите на Османи и Ахмети со Вучиќ и со српски функционери. Али Ахмети лично да објасни зошто фирмата на неговиот сват купувала од Мијалков, се задолжила кај Алта и продавала на Алта. Албанците во Македонија заслужуваат политика што не се продава на Белград. Вучиќ падна. Редот е на неговите сателити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банкаНБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите. Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели. Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки. Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ... -Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата. -Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација. Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката. Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонтроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилствоНа сопругот му е задача и обврска да врши „машки надзор“ во бракот... Овој контроверзен став на претседателот на Македонски концепт Петар Богојески покрена бура од реакции во јавноста, а остри осуди пристигнаа и од политичките партии, новинари, невладини оргазации. Неговите тези за тоа како треба да функционираат односите меѓу мажите и жените ги објаснуваше синоќа во телевизиско гостување во кое дебатираше со адвокатката Катерина Котеска на тема за македонските семејства, насилствата и разводите... -Феминизмот е тој кој жените ги направи да се однесуваат на неадекватен начин и да отфрлат било каков машки надзор. –Кој да ми врши надзор? Сопругот. – Зошто да ми врши надзор? – Зашто тоа му е задача. / Дали е насилство изневерувањето од сопругата? Или е насилство реакцијата на сопругот на фактичката состојба? Тоа неговото не е насилство. Петар Богојески – претседател на „Македонски концепт“ (гостување во Алфа ТВ). Денеска Богојески се дообјаснува на фејсбук. Се закани за тужби кон новинари бидејќи се ваделе заклучоци само врз база на кратки исечоци од емисијата, но останува на ставот дека феминизмот е лош за жените. Новинарот Бранко Героски во изјава за Канал 5 вели дека нема простор за релативизирање и најмалку што може да стори по скандалозните тези е да се извини на јавноста. Понижувачки, ретроградни и опасни се зборовите на Богојески, оценува портпаролката на Владата од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која на социјалните мрежи напиша дека е згрозена од искажаните ставови. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда. Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. – стои во реакцијата на Митева. Осуда има и од ЛДП, од Националната мрежа за борба против насилство, од женската медиумска мрежа „Еднаква“. Бараат реакција и од обвинителството, комисијата за заштита од дискриминација, како и од Воената академија кадешто Богојески работи како професор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаПоранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евраПоранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами кој е првообвинет за злоупотреби со ВЛТ терминалите излегува од притвор, соопшти кривичниот суд.Кривичниот совет на предлог на одбраната го прифатил предлогот и донел решение со кое на Бајрами му се укинува притворот и му се прифаќа гаранцијата во износ од 1.140.781 евра во недвижен имот. За неколку дена поминува и законскиот рок до кога Бајрами може да биде во притвор. Судот му одредил мерки за претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во судот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter