Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи што предолго чекаа за потпис.

Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни. - изјави Трипуновски.

Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе се движи Министерството во иднина, со зголемен ангажман, побрза реакција и поголема грижа за македонските земјоделци.

Ја намалуваме бирократијата и ги забрзуваме процесите и постапките бидејќи македонските земјоделци треба да се посветат само на производството. - заврши Трипуновски, соопштуваат од МЗШВ.

Северно Море исфрли еден тон кокаин на брегот на Германија

Големо количество дрога исфрлило Северно Море на германскиот остров Боркум, соопшти денеска Обвинителството во градот Аурих.

Турист во април на плажа пронашол голем број сомнителни чанти врзани со појас за спасување и пријавил во полиција. Обвинителството во Аурих сега потврди дека во вреќите имало околу еден тон кокаин, пренесе Јаху Њуз.

Тоа е најголемата количина на дрога што се појавила на брегот на Северното Море во провинцијата Долна Саксонија во изминатите години.

Сојузната полиција ја презеде истрагата. Сè уште не е познато од каде се пакетите, зошто се пронајдени на плажата и дали има осомничени во случајот.

Џек Николсон никогаш не се пензионира, тврди неговата поранешна партнерка

Лара Флин Бојл, поранешната партнерка на Џек Николсон, тврди дека оскаровецот „никогаш не се пензионирал“ и покрај тоа што верувал дека се повлекол од актерството.

Актерката, која се забавуваше со Николсон повеќе од две децении, рече дека останала пријателка со Џек, за кого рече дека People е „голем дел од нејзиниот живот“.

Николсон (86) последен пат се појави во долгометражен филм во романтичната комедија „Како знаеш“ од 2010 година, со Рис Витерспун, Овен Вилсон и Пол Руд.

Во изминатите 14 години тој одолеа на сите понуди да се врати на актерството. Николсон никогаш официјално не се пензионирал, иако во интервју за Vanity Fair во 2013 година изјавил дека немал голем интерес да се врати на актерството.

Кога го прашале за неговото пензионирање, Бојл рекла: „Светот на Џек е секогаш тука. За Џек нема пензионирање. Никогаш“, пренесува NME.

Српски цариници запреле Порше- Турчинка криела 57.000 евра во градникот

Цариниците на граничниот премин Градина меѓу Бугарија и Србија во соработка со полицијата спречиле патничка да прошверцува преку граница речиси 57.000 евра во долната облека што ја носела.

Случајот бил откриен кога на контролната линија на излез од државата пристигнало „порше кајен“ со странски регистарски таблички, во кое двајца патници патувале од Германија кон Турција.

Иако пријавиле само личен багаж и дозволената сума пари, при претресот во долната облека и градникот на сопатничката биле пронајдени 56.800 евра. Понатамошна проверка открила уште 18.000 евра во чантата на возачот.

На патниците им се вратени по 10.000 евра, сума што може да се префрли преку граница без пријавување, додека за судбината на преостанатата сума од 54.800 евра ќе одлучува надлежниот суд, пишува Блиц.

притисни ентер