Богато украсени пиштоли на Наполеон ќе се продаваат на аукција - Канал 5

Богато украсени пиштоли на Наполеон ќе се продаваат на аукција

Два богато украсени пиштоли кои му припаѓале на Наполеон I до неговата прва абдикација во април 1814 година, а со кои сакал да се убие, ќе бидат понудени на аукција во недела во близина на Париз, објави аукциската куќа Осенат.

Богато украсени пиштоли на Наполеон ќе се продаваат на аукција

Пиштолите се продаваат во дрвени кутии и со додатоци. Тие се украсени со злато и сребро и го носат ликот на императорот, а нивната вредност се проценува на 1,2 до 1,5 милиони евра, изјави експертот на Осенат, Жан-Пјер Осенат.

„Наполеон специјално ги нарачал од занаетчиот Луис Марин Госет, кој работел во фабриката во Версај“, рече тој. Пиштолите се поврзани со неговиот обид за самоубиство во Фонтенбло, во близина на Париз, ноќта меѓу 12 и 13 април, бидејќи бил разочаран од воениот пораз.

Но, тој беше спречен во тоа од неговиот главен коњушар Коленкур (Armand Augustin Louis, Marquis of Caulaincourt, војводата од Виченца, 1773-1827), кој го извадил барутот од пиштолот. Наполеон потоа зел отров, но го фрлил и не умрел, рекол Осенат. „Тогаш императорот му подари два пиштоли на Коленкур за неговата лојалност во тие црни денови. Оттогаш тие се во сопственост на неговото семејство кое реши да ги продаде“, рече тој.

Осенат истакна дека пиштолите имаат голема уметничка и историска вредност и се барани во целиот свет. Тој потсети дека во ноември познатата капа на Наполеон беше продадена за 1,93 милиони евра.

Наполеон абдицирал за прв пат на 6 април 1814 година, по влегувањето на пруските и руските трупи во Париз, и отишол во егзил на островот Елба.

Дефинитивно бил поразен во битката кај Ватерло, по што абдицирал по втор пат во јуни 1815 година и отишол во егзил на островот Света Елена, каде што починал во мај 1821 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на Џајиќ

Фудбалскиот сојуз на Србија се соочува со неизвесни избори за наследник на Драган Џајиќ. 

Фудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на Џајиќ

На помалку од две недели до закажаното Собрание, сè уште нема истакнато официјални кандидати за претседателската функција.

Рокот за поднесување кандидатури е истечен, иако постои можност сепак да пристигнат пријави испратени по пошта. Како краен рок за завршување на овој процес се наведува понеделник.

Најрано во понеделник се очекува мислење од правните експерти на УЕФА во врска со прашањата што влијаат на изборниот процес и на тековното функционирање на Федерацијата.

Дополнителен проблем претставува претстојното истекување на мандатот на Собранието.

Доколку не се најде соодветно решение, ФСС би можел да остане без ниту еден управувачки орган што поседува важечки мандат. Една од можностите за кои се разговара е воспоставување привремена управа под покровителство на УЕФА.

Во такво сценарио, претставници на европската фудбалска организација би го презеле управувањето сè до одржувањето на нови избори – кои би можеле да се случат дури во 2027 година. Сепак, во овој момент сè уште не е донесена таква одлука.

Друга можност би била формирање на привремена управа составена од поединци од Србија.

За таков чекор би било потребно свикување седница на Собранието, со цел да се донесе потребната одлука. Исто така, се разгледува и опцијата за именување вршител на должноста претседател од редовите на актуелното раководство на ФСС (Фудбалски сојуз на Србија), како начин да се премости периодот до конечниот исход на изборниот процес.

Ситуацијата дополнително се усложнува поради обврските што го очекуваат Сојузот следната година, со оглед на тоа што Србија ќе биде домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година.

Следствено, неизвесноста околу раководството предизвикува загриженост и во однос на континуитетот на подготовките за овој значаен турнир. Конечниот исход останува непознат; сепак, се очекува мислење од правните експерти на УЕФА, кое би требало да ги разјасни достапните опции и понатамошниот тек на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморница

Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн.

По повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморница

Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн“ (Nomad Exploration).

Истражувачите првично ги забележале остатоците користејќи сонар за скенирање на морското дно, а идентитетот бил потврден при последователните нуркачки истражувања.

Студената вода, силните морски струи и оддалечената локација ја отежнале потрагата. „За нашиот тим, откривањето на остатоците е резултат на долгогодишна упорност. За семејствата и заедниците поврзани со бродот, ова откритие повторно го насочува вниманието кон една трагедија која во голема мера беше падната во заборав“, изјави Дени Алан, член на нуркачкиот тим.

Паробродот „Корнвалис“, изграден во 1921 година во Ванкувер, превезувал шеќер и меласа од Барбадос кон канадскиот град Сент Џон, кога на 3 декември 1944 година бил забележан од германската подморница „У-1230“ (U-1230), под команда на Ханс Хилбиг.

Подморницата испалила торпедо кое го погодило прамцето на бродот, по што тој потонал за помалку од десет минути.

Од вкупно 48 луѓе на бродот, шестмина успеале да стигнат до сплавовите за спасување, но едно лице починало од хипотермија.

Петтемина преживеани биле спасени од рибарски бродови, а потоа префрлени на брод на Морнарицата на САД.

Подморницата „U-1230“ ја преживеала војната и била потопена во 1945 година, додека локацијата на потонатиот брод „Корнволис“ останала непозната сè до откритието годинава.

Истражувачкиот тим процени дека потонатиот брод претставува еден вид „временска капсула под морето“, која сведочи за еден од најнеобичните настани од Втората светска војна долж брегот на американската сојузна држава Мејн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години!

 Англискиот великан, Манчестер Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Челси, со што ја продолжи серијата без победа на девет натпревари во сите натпреварувања.

Најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години!

Ова е најдолгата низа без триумф на клубот уште од септември 1984 година

. Челси победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, додека Лисандро Мартинез имаше лош настап во редовите на гостите.

Аргентинецот асистираше за првиот гол на домашниот тим, а потоа спречи гол со играње со рака (пенал), за што доби и црвен картон. Притисокот врз тренерот Мајкл Керик се зголемува, но тој очекува да го предводи тимот на следниот натпревар против Рома.

Кризата е особено изразена на гостувањата, бидејќи „Јунајтед“ нема победа на последните седум натпревари на гостински терен во сите натпреварувања. Клубот немал ваква серија уште од сезоната 1973/74, кога последен пат испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер