ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
2ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
ЖивотВеќе 40 години Шенген е успех за Европа, но дали е сега под закана?Еден ден на почетокот на летото пред 40 години, владини претставници од Белгија, Германија, Франција, Луксембург и Холандија се сретнаа на брод покрај едно мало луксембуршко село.ЕНР - Брисел Еден ден на почетокот на летото пред 40 години, владини претставници од Белгија, Германија, Франција, Луксембург и Холандија се сретнаа на брод покрај едно мало луксембуршко село. Симболичнава локација — на реката Мозел кај тромеѓето каде што се среќаваат Франција, Луксембург и Германија — беше селото Шенген. Токму таму, на 14 јуни 1985, беше потпишан Шенгенскиот договор. Целта на договорот беше земјите членки постепено да ги укинат меѓусебните гранични проверки, втемелувајќи ја слободата на движење на луѓето. Целосно се спроведе во 1995 и создаде беспасошна патничка зона низ голем дел од Европа. Денес, Шенген-зоната е составена од 29 држави: 25 земји членки на ЕУ заедно со Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Ирска и Кипар се единствените две земји членки на ЕУ што не се зачленети. Првата земја не се приклучи оти има заедничка патничка зона со Велика Британија и би си создала проблеми на границите, а втората земја е сѐ уште во процесот на приклучување. И други земји сакаат да се зачленат во клубот. Албанија, на пример, ја унапредува позитивната економска, политичка и безбедносна соработка со шенгенските држави и како придобивка нејзините државјани од 2010 можат да патуваат без визи, а има и силна поддршка за нејзините аспирации да стане дел од шенгенската зона и ЕУ. Често опишувана како каменот темелник на европската интеграција, Шенген-зоната сѐ уште има силна поддршка кај јавноста. Според една анкета на Евробарометар во октомври 2024, 72 отсто од испитаниците рекле дека таа е едно од најзначајните постигнувања на ЕУ. А иако во просек 21 отсто од жителите на ЕУ велат дека не знаат ништо за Шенген, во Шпанија бројкава е повеќе од двојна: 50 отсто. Економските придобивки од Шенген Причината за ова ја посочува неодамнешното приклучување на Романија и Бугарија, во јануари 2025. По неколкугодишен застој, двете држави конечно се зачленија, првично преку воздушните и морските граници во март 2024, внесувајќи значајни економски придобивки. Потегот ја направи Романија попривлечна за странските инвеститори така што го забрза движењето на добра и услуги, според романскиот министер за финансии Барна Танцош. Укинувањето на граничните проверки го олесни протокот на стоките, го скрати времето на чекање и ги намали трошоците, со што Романија стана поконкурентна на европските пазари. Во Бугарија, тогашниот премиер Николај Денков оваа пресвртница ја нарече „најголемиот успех на бугарската демократија“ по зачленувањето во ЕУ во 2007. Димитар Димитров, извршен директор на Комората на бугарски превозници, посочи дека застоите на границите со Романија во минатото го чинеле секторот околу 300 милиони евра годишно, при просечно време на чекање од 10 до 15 часа. Во текот на првите три месеци од годината, сообраќајот меѓу Романија и Бугарија значително се засилил. Околу 160,000 автомобили ја минале границата, во споредба со 128,000 во истиот период во 2024, според романската агенција за управување со патишта. Димитров истакна дека членството во Шенген ја засилило стратешката вредност на Бугарија како транспортен центар помеѓу Турција и ЕУ, но предупреди и дека застарената инфраструктура сѐ уште претставува голема пречка. Сличен е случајот и со Хрватска, која влезе во зоната во јануари 2023. Членството во Шенген го поддржуваат речиси сите хрватски граѓани. Укинувањето на внатрешните гранични контроли е исклучително важно за земјата како туристичка дестинација, имајќи предвид дека многубројни туристи доаѓаат во Хрватска со автомобил. Откако влезе во Шенген-зоната, километарските редици на граничните премини со Словенија и Унгарија во летните месеци, а особено во викендите, ги снема. Дали Шенген-зоната се еродира? Иако има многу придобивки од Шенген-зоната, таа се соочува и со предизвици, особено во последнава деценија. Неколку земји повторно воведоа внатрешни гранични контроли, најчесто како обид за спречување миграција и тероризам. Иако овие проверки повремено се прават на некои шенгенски граници, ова не значи дека секој автомобил рутински се запира, па за повеќето патници нема речиси никакви потешкотии. Исто така, многу земји на почетокот на пандемијата на КОВИД-19 привремено ги затворија границите. Како реакција на терористичките напади во ноември 2015, Франција повторно ги воведе проверките на своите копнени, морски и воздушни граници со другите земји во Шенген-зоната. Оттогаш, ја воведува оваа практика на секои шест месеци, а најнеодамна во периодот заклучно со 31 октомври 2025. Во 2015, Австрија воведе привремени гранични проверки со Словенија и Унгарија како одговор на зголемениот број мигранти, но оттогаш постојано продолжува со проверките, кои се проследени со економски предизвици и потешкотии за прекуграничните претпријатија и патници. Во октомври 2023, Словенија воведе проверки на границата со Хрватска, којашто штотуку имаше влезено во Шенген претходната година, и со Унгарија. Одлукава следуваше откако Италија, исто така, воведе гранични контроли за Словенија поради влошената состојба на Средниот Исток, зголемените миграциски текови по балканската рута и загриженоста околу безбедноста на државата. Овие гранични проверки меѓу Словенија, Хрватска, Унгарија и Италија сѐ уште се прават. Во Хрватска некое време имаше страв дека сѐ ќе биде по старо кога Словенија реши да воведе произволни проверки по влегувањето на Хрватска во Шенген-зоната. Сепак, стравот се покажа неоснован, имајќи предвид дека не се проверуваат сите патници и возила, па нема речиси никакви пречки во сообраќајот. ЕУ вели дека привремените гранични проверки се дозволени „во случај на сериозна закана на јавниот поредок или внатрешната безбедност“ но дека мора да се применуваат како мерка само кога нема друг излез, во исклучителни околности. Државите можат да воведуваат проверки ако имаат оправдани причини и може да ги продолжуваат на секои шест месеци, обично најмногу до две години. За проверките да останат на сила подолго од тоа, мора да има други оправдани причини. Во мигов, Словенија, Австрија, Холандија, Данска, Франција, Норвешка, Шведска, Германија, Бугарија и Италија имаат воведено привремени и делумни гранични контроли. Новата германска влада ги зачести граничните патроли откако дојде на власт во минатиот месец, на општа фрустрација на некои соседни земји. „Мора да го избегнеме повторното создавање граници во умовите на луѓето. Шенген мора да опстои,“ луксембуршкиот министер за внатрешни работи Леон Глоден кажа на состанокот со неговиот германски колега на крајот на мај. Во протестно писмо до германскиот канцелар Фридрих Мерц, градоначалничката на Стразбур и нејзиниот колега од Кел, Германија, од другата страна на Рајна, се пожалија на зачестените гранични проверки меѓу двата града. Градоначалниците велат дека ова лошо се одразува на секојдневниот живот и придонесува помалку купувачи од Стразбург да го посетуваат Кел. Во текот на минатите десет години, Германија постепено воведе привремени контроли по должината на сите свои копнени граници во обид да ја намали нерегуларната миграција. Но новата влада, чиј мандат почна на 6 мај, оттогаш ги засили проверките, а им дозволи и на граничарите да ги одбиваат луѓето што имаат намера да бараат азил. Полскиот премиер Доналд Туск исто така ја критикуваше одлукава, особено со оглед што во Полска беа вратени илјадници мигранти од германската граница. Во средата се закани дека ќе воведе привремени гранички проверки со Германија, велејќи дека е „мошне веројатно“ да се воведат летово ако притисокот на тие погранични области продолжи да се зголемува. Некои земји одбегнуваат да воведуваат гранични проверки Иако привременото воведување гранични контроли во Шенген-зоната нагло се засили во последнава деценија, многу земји му одолеаја. Белгија ретко ги заоструваше граничните правила. Всушност, ги заостри само во зимата 2021, поради пандемијата на Ковид-19. Ова беше впечатливо, имајќи предвид дека Белгија, исто како и нејзините соседи, често е под голем притисок од секундарните миграциски движења и безбедносни инциденти како терористичките напади во Брисел во 2016. Секогаш кога Франција, Германија или Холандија повторно воведуваа гранични контроли, Белгија застануваше во одбрана на слободниот проток на стоки и правеше напори да се осигура дека нема да има преголем застој за трговијата. Приказната е слична и во Португалија. Освен за позначајни настани како посетата на Папата на Лисабон во 2010 и почетокот на пандемијата на Ковид-19, земјата нема воведено гранични проверки. Јавноста во Португалија во голема мера го поддржува членството во Шенген, сметајќи го за симбол на европска интеграција и слобода на движење – иако расте свеста за придружните безбедносни предизвици и тие поврзани со контролирање на миграциите. Променливите ставови на некои земји во врска со Шенген ги забележува и кустосот на музејот што ѝ е посветен на зоната, во луксембуршкото село каде што беше заснована. Неодамна реновираниот музеј повторно се отвора деновиве по повод прославата на нејзината 40-годишнина. Многу нешта се смениле по неговото отворање во 2010, според директорката на музејот Мартина Кнајп. „Во тоа време, отворените граници беа поздравени со ентузијазам“, вели таа. Со доаѓањето на Ковид-19 и бегалската криза, почна повикот: „Долу Шенген-зоната! Никој веќе не ја сака, за сѐ е таа виновна.“ Музејот сакал да реагира на оваа промена во сфаќањето – што била причината за реновацијата. Во музејот, сите може да видат „колку е вредна и значајна идејата на Шенген,“ вели Мишел Глоден, градоначалникот на Шенген. „Границите меѓу земјите успеавме да ги срушиме, но ни на границите во умовите на луѓето не треба да им се дозволи да се појават веќе никогаш.“Тагови: ЕУ Шенген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо МихајловПред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата. Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор. Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак. Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја. Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина. Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре. Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт. Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина. Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира. Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа. СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот. Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеалиДенес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода.ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали Денес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода. Денес им се поклонуваме на храбрите борци и на нивните идеали за слобода. Благодарение на нивната пожртвуваност, денес ние живееме во слободна татковина. На овој голем ден ја славиме решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање самостојна и независна држава. Тие идеали и денес нe водат во создавањето подобра сегашност и подобра иднина за генерациите што доаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ непоколебливо го следи заветот што го оставија храбрите борци. Обединети и сплотени, да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за да имаме попросперитетна Македонија, да го вложиме своето знаење и труд во негувањето и развојот на нашата татковина. Се залагаме за зачувување, развој и напредок на македонската држава, за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани. Да ги пренесеме идеалите на младите генерации и самата идеја да се живее и расте во сопствена, самостојна и независна држава. Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаНезависен синдикат на полицијата :Реакција на нападите за полициска бруталност[⛔️] Независниот синдикат на полицијата најостро ги осудува обидите за политичка манупулација и ставањето на етнички предзнак на борбата против недозволената трговија со дрога.[👮♂️] Имено, од информациите со кои располагаме како синдикат, се работи за полициска акција во која осомничените лица најпрво се обидуваат да ги прегазат колегите, потоа го одземаат службеното оружје на еден од колегите, за на крај додека се даваат во бегство предизвикуваат неколку сообраќајни незгоди на автопатот Скопје - Тетово од каде се здобиваат со повреди и каде по дополнителна проверка е пронајдена дрогата. [❗️] Апсолутно ирелевантен е фактот што се по националност колегите кои постапуваат и го ставаат својот живот во ризик поради спречување на ваквиот тип на сериозен криминал кој нема етничка граница. Секако ги повикуваме сите релевантни структури да извршат внимателна проверка и контрола на настанот и постапувањето на колегите, додека политичките партии да се воздржат од заземање на страната на криминалот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook