Вечерни Вести на Канал 5, 19.07.2026 - Канал 5

Вечерни Вести на Канал 5, 19.07.2026

Вечерни Вести на Канал 5, 19.07.2026
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар за претседателка на Унгарија ќе предложи славна шахистка

Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера објави дека планира да ја номинира поранешната шахистка Јудит Полгар за претседател на земјата, откако местото остана слободно по разрешувањето на Тамаш Суљок.

Маѓар за претседателка на Унгарија ќе предложи славна шахистка

Маѓар на Фејсбук објави дека планира денес да се сретне со 49-годишната жена и дека се надева дека таа ќе му направи „голема чест“ и ќе ја прифати номинацијата за претседател.

Претседателското место остана слободно откако парламентот ја отстрани Суљок, политички сојузник на премиерот Виктор Орбан, кој ги загуби изборите во април.

Унгарскиот претседател го избира парламентот, каде што партијата Тиса на Унгарија има двотретинско мнозинство.

„Синоним за талент и упорност“

„Со децении, името Јудит Полгар е синоним за талент и упорност“, рече Маѓар. Тој додаде дека 26 години по ред била на врвот на светската ранг-листа на жени, а во исто време била меѓу првите 10 шахистки во светот.

Полгар е повеќекратна освојувачка на златни медали на Шаховските олимписки игри. Таа се пензионираше од натпреварувачкиот шах пред повеќе од една деценија, но останува активна во промовирањето на играта. Преку својата фондација, тој исто така го поддржува образованието и еднаквите можности.

Таа претходно не извршувала никаква политичка функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата донесе Одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата.

Владата донесе Одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата.

Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните.

Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари. Владата континуирано ја следи состојбата, врши дневни анализи на движењата и останува целосно посветена на преземање навремени и активни мерки со кои ќе се ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството.

Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел од ценовниот раст. Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар.

Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар.

Владата очекува Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со своите законски надлежности, да ја донесе одлуката за новите малопродажни цени на горивата, при што ефектите од владината мерка ќе придонесат граѓаните и понатаму да плаќаат пониски цени отколку што би биле без оваа интервенција.

Приоритет на Владата останува заштитата на стандардот на граѓаните, зачувувањето на економската стабилност и навременото реагирање во услови на нестабилности на меѓународните пазари. И во наредниот период внимателно ќе се следат сите движења на цените и, доколку околностите тоа го наложат, ќе бидат разгледани и дополнителни мерки во интерес на граѓаните и стопанството, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за 3 денари, дизелот за 6 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88% во однос на одлуката од 13.7.2026 година.

РКЕ: Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за 3 денари, дизелот за 6 денари

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 9,003%, кај дизелот за 14,963%, кај екстра лесното масло за 13,200% и кај мазутот зголемувањето е за 10,686%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1001%.

Во Одлуката на РКЕ е применета Одлуката на Владата за намалени износи на акцизите за 1,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и намален износ на акцизата за 2,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,373 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 7,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 3,205 ден/кг и сега ќе изнесува 45,373 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштуваат од РКЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер