Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство и засилена економска соработка
2Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство и засилена економска соработка
МакедонијаЛазов: ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за интересиДенеска започнуваме да ја демаскираме вистината за тоа што навистина се случува во Фудбалската федерација на Македонија.Наместо ветениот напредок, ФФМ денеска е претворена во приватна фирма, партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за остварување лични интереси. Материјалите и информациите кои започнуваме да ги објавуваме доаѓаат директно од загрижени граѓани и свиркачи внатре во институциите — луѓе кои одбиваат повеќе да молчат за криминалот во македонскиот фудбал. Прво и најважно: ФФМ е целосно партизирана. * Зад одлуките во Федерацијата стојат директни политички притисоци и влијанија од високи функционери од власта. * Правни советници и шефови на комисии се назначуваат исклучиво по партиска и адвокатска линија. * Се менуваат селектори само затоа што немаат партиска поддршка, а се измислуваат нови репрезентативни категории за да се вработат соодветни партиски кадри. Фудбалот стана семеен бизнис: * Позициите за тренери во репрезентациите се делат на кумови и најблиски роднини. * За советници се ангажираат лица кои во јавноста се познати по упади во државни институции и контрола на летање. * Тренери од приватни школи и клубови истовремено земаат дупли плати и хонорари од ФФМ. * А на одредени играчи експресно им се дава деби во А-репрезентацијата — само за нивните новопечени менаџери да можат подобро да ги продадат надвор. Додека навивачите се револтирани од цените на билетите, а играчите гинат на терен, зад кулисите се случува нешто многу поопасно. Затоа, денеска јавно поставуваме неколку директни прашања до раководството на ФФМ: * Прво: Зошто најдиректно од ВМРО се делегира Комесар за делегирање судии кој потоа делегира судии по нарачка за натпревари кои ги игра државниот проект ФК Вардар? * Второ: Дали под изговорот за „подмладување на репрезентацијата“ се отвора простор за обложувачки профити на сметка на поразите на Македонија? * Трето: Дали е точно дека лица поврзани со скандали за местење натпревари се редовни гости во Белата палата на ВМРО? * Четврто: Дали има местење на натпревари под директна палка на комесарот Јосип Бартон и негови блиски судии, по нарачка? * Петто: Дали таканареченото „подмладување“ на репрезентација е искрена спортска стратегија, или е бизнис-план во кој младите фудбалери се само жртви? * Шесто: Има ли тарифа за играње во македонските репрезентативни селекции и колку пари чини да се облече националниот дрес? * Седмо: Кој е одговорен во репрезентацијата за скандалот во Швајцарија со пропустот играчот со бр 22 Малевски да седи на клупа 60 минути а да не е ниту впишан во записник на тој натпревар? Има ли сличен несреќен случај случен во Лигата на нации, во било кое УЕФА или ФИФА натпреварување, во македонската Прва или Втора лига? Македонскиот фудбал им припаѓа на сите нас, а не на кланови и партии. Ова е само првиот дел. Документите, фактите и доказите ќе продолжат да излегуваат во јавноста— сè додека ФФМ не се исчисти од криминалните структури и судии во рацете на спортистите, сега контролирани од ВМРО чии членови сочинуваат повеќе од 2/3 од делегатите на Собранието на ФФМ, рече Герасим Лазов-претседавач со ЦО на СДСМ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МетеоПад на температурите и денови со обилни врнежи од дождОд топли есенски денови до нагло заладување – температурните разлики стануваат сè позабележителни. Временските осцилации носат промени не само во секојдневието, туку и во начинот на кој реагира човечкиот организам. На што се должат наглите температурни промени, колку се вообичаени за овој период од годината и какво време нè очекува во наредните денови, за Канал 5 открива Јулијана Фиданоска-Мишкоска од УХМР. Поголемо заладување може да се очекува од недела. ,, Веќе промената на температурата ќе ја почувствуваме од недела и во деновите од новата седмица. Нашето подрачје се наоѓа во циклонска активност такашто веќе и од денес ќе имаме променливо облачно време, до средината на на следната седмица со повремени локални врнежи од дожд а деновиве од викендов ќе имаме и поинтензивни дождови особено во недела да наврнат над 20 литри на метар квадратен дожд,,-УХМР. Наглите температурни промени можат да предизвикаат здравствени тегоби, особено кај повозрасните и хронично болните граѓани. Лекарите предупредуваат дека токму овие категории се најчувствителни на временските осцилации. „Кај пациентите кои се чувствителни на временските промени може да се забележат тегови како: Главоболки, вртоглавица, замор, нарушување на концентрација но и промена на крвниот притисок, кај хронично болните може да дојде до влошување на симптомите особено при наглите температурни промени и зголемување на загаденоста на воздухот. Намалените температури може да ги провоцира симптомите кај лицата со астми и другите хрончно аспираторни заболувања, кај други одредени пациенти со интензивна изложеност на студ може да се зголемни ризикот од кардиовислукарни компликации.. – д-р Драганчо Панов . Но, ниту младите не се целосно заштитени од здравствени тегоби при нагли температурни промени. Ризикот не зависи само од возраста, туку и од здравствената состојба и условите на кои е изложен организмот. Доктор Панов советува облеката да се приспособува на временските услови, да се избегнува нагло изложување на студ, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство и засилена економска соработка Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна Гора се блиски партнери и во периодот пред нас двете земји уште посилно ќе соработуваат, особено во делот на економијата и европската интеграција. Посебен акцент се стави на можностите за зголемување на трговската размена и унапредување на економските врски меѓу двете земји, како и на подобрување на транспортната и воздушната поврзаност. Николоски истакна дека Владата посветено работи на регионалното поврзување како развојна политика. Подобрата инфраструктурна поврзаност, модерните патишта и железници и полесен проток на луѓе и добра се клучни за отворање нови пазари, привлекување инвестиции и создавање подобри услови за економски раст. Соговорниците разговараа и за европската перспектива на регионот, при што беше нагласено дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Беше потенцирана потребата од меѓусебна соработка на земјите од регионот како дополнителен поттик за забрзување на реформите. На политички план, се разговараше за актуелните состојби во Западен Балкан, регионалната стабилност и безбедност, како и за потребата од зајакнување на координацијата и заедничкиот настап на земјите од регионот пред европските партнери. Беше оценето дека постојат значителни неискористени потенцијали кои треба да се претворат во конкретни резултати и во таа насока беше заклучено дека Македонија и Црна Гора остануваат посветени на градење силно партнерство, со повеќе инвестиции, подобра поврзаност и економска размена и побрза европска интеграција на регионот. Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВнатрешната контрола на МВР истражува тврдења за насилство и одземен пиштолДали имало случај на физичко насилство или не од страна на полициски службеници врз двајца млади, но и дали тие претходно одзеле пиштол на еден од полицајците истражува внатрешната контрола при МВР.Од таму информираат дека се превземаат мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и на околностите, по објавните информации за настанот преку партиско соопштение на опозициската ДУИ. Од партијата објавуваат и фотографии на кој тврдат дека се двете момчиња на возраст од 21 и 23 години, а случајот го нема во официјалниот полициски билтен. Според тврдењата од ДУИ во интерен полициски извештај било наведено дека лицата му го одзеле пиштолот на еден од полицајците, но дека тие тврделе оти оружјето само завршило во нивниот автомобил откако полицијата скршила стакло од нивниот автомобил. Двете лица според ДУИ во изјавите навеле и дека полициските службеници пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, по што ги врзале, ги легнале на земја и ги малтретирале. Од МВР велат случајот се уште се испитува.. „По објавите во дел од медиумите дека на 07.10.2026 година, на подрачјето на Скопје, две лица биле физички нападнати од полициски службеници при нивното постапување, при што, според нивните наводи, им бил оштетен и автомобилот, министерот за внатрешни работи наложи на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Одделот презема мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за утврдување на евентуална одговорност на инволвираните полициски службеници“-– Гоце Андреевски, портпарол на МВР. Од опозициските ДУИ и Алиајнса за Албанците обвинуваат за полициско насилство. Бараат итно и целосно расветлување на случајот и оставка од заменик министерот за внатрешни Астрит Исени кој доаѓа од редовите на Влен. - Бараме итна, непристрасна и транспарентна истрага за целосно расветлување на настанот, како и одговорност за секое прекршување од страна на полициските службеници. Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат, велат од ДУИ. Од МВР посочуваат дека по завршување на проверката и целосното утврдување на фактичката состојба ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter