ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
2ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
МакедонијаСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговоритеБугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија. -Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија. Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни. -Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија. Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
ТенисЃоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможноНовак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни: - Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф. Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно. - Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ. Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму. - Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКрадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во ИталијаНевообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство. Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПедијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирусОд три до четири пациенти дневно со вирусот коксаки се потврдуваат од страна на матичната докторка Мира Атанасова. Таа објаснува дека вирусот што се манифестира со исип на рацете, стапалата во устата и грлото се чест симпот за коксаки и тоа најчесто кај деца од предучилишна возраст. Доктор Атанасова објаснува дека најчесто лекувањето трае и до седум дена и треба детето да не оди во градинка, доколку има проблеми со грлото и висока температура со денови треба да се побара и болничко лекување. Коксаки вирусот може да го добијат и возрасните кои најчесто се пренесува од нивните деца. Најважно е изолација и терапија со витамини и течности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook