3Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
Шоу бизФото: Хајди Клум повторно провоцира во тангаЛегендарниот тип модел 53 годишната Хајди Клум повторно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија во танга и без горниот дел од костимот за капење.Хајди сподели фотографија на Инстаграм на која позира во топлес издание, на воодушевување на фановите.. На фотографијата, објавена во четвртокот, таа лежи на стомак, носејќи само црни гаќички од бикини. Објавата ја пропрати со едноставен опис: „Жешко е во ЛА“, а следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите. Фотографијата се појави само неколку дена откако Клум престојуваше во Париз со својата 16-годишна ќерка Лу. Манекенката има три помлади деца – Хенри, Јохан и Лу – со поранешниот сопруг Сил, додека најстарата ќерка, Лени, ја доби со бизнисменот Флавио Бриаторе. Инаку, атрактивната Хајди редовно ги провоцира фановите со фотки на кои во преден план се нејзините природни облини. Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежиСветската музичка ѕвезда, пејачката Селин Дион падна на сцената за време на концерт во Франција, но брзо се созеде и продолжи да настапува како ништо да не се случило.Несреќата се случи во Нантер, каде што пејачката одржува концерти во рамките на серијата настапи „Celine Dion Paris 2026-2027“. За време на изведбата на една од песните, Селин Дион ја изгуби рамнотежата и падна. Таа падна на задникот, но успеа да го ублажи падот со раката. Веднаш стана, покажа палец нагоре за да ѝ стави до знаење на публиката дека е добро и продолжи да пее. Селин Дион се повлече од концертните сцени во последниве години поради „синдромот на вкочанета личност“ – ретко невролошко нарушување што предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви. И покрај здравствените проблеми, пејачката им се врати на настапите пред публика во 2024 година со спектакуларен настап на отворањето на Олимписките игри во Париз. Сега, со нова серија концерти, таа се враќа на редовните настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
СветАмериканец ќе биде јавно погубен пред стрелачки вод, ќе има пренос на ТВ, одобрил Трамп Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави за Би-Би-Си дека погубувањето на Нидал Хасан, кој уби 13 невооружени американски војници во Форт Худ во 2009 година, ќе биде емитувано во живо. Се верува дека тоа е првото јавно погубување во САД по речиси еден век. „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат и погубувањето да биде јавно. Луѓето треба да разберат дека овие дела имаат сериозни последици“, рече Хегсет. Но, одлуката не наиде на одобрување од некои во јавноста. „Одлуката за емитување на погубувањето во живо е преседан во модерната ера и е во правна територија која сè уште не е доволно разјаснета“, рече Џон Милс, адвокат кој ги застапува затворениците осудени на смрт. Пентагон објави претходно оваа недела дека Хасан ќе биде погубен, што е прво погубување на член на американската војска по повеќе од 60 години. Хегсет во интервју за конзервативниот „Вистински глас на Америка“ рече дека Хасан ќе биде погубен со стрелачки вод, извршен од војници. На прашањето дали Хасан имал некои последни барања или се обидел да контактира со претседателот Доналд Трамп, Хегсет даде ладен одговор. „Не ми е гајле. Ќе се видиме на 3 декември“, рече тој. Портпаролот на Пентагон изјави дека Трамп ја одобрил препораката на министерот за одбрана. Би-Би-Си побара коментар од Белата куќа за тоа дали претседателот поддржува пренос во живо на јавна егзекуција. Trump approves firing squad for Fort Hood killer Nidal Hasan's execution after Pete Hegseth's recommendation https://t.co/XzSy7Bguc4 https://t.co/0V7B3DIwqI — New York Post (@nypost) October 6, 2026 Иако минатата година беа регистрирани повеќе од 2.700 егзекуции во 17 земји, само две земји извршија јавни егзекуции. Според Амнести Интернешнл, Иран регистрирал 11 јавни егзекуции во 2025 година, а Авганистан уште шест. Егзекуцијата на Нидал Хасан е закажана за 3 декември во Форт Худ во Тексас, објави во вторник секретарот на американската армија. Тоа ќе биде првата егзекуција со стрелачки вод во американската војска од крајот на Втората светска војна.Тагови: стрелачки вод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАпелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања ЃорчевскаАпелацискиот суд ги потврди доживотните казни затвор За Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Според судиите од Апелација Основниот кривичниот суд скопје не ги ценел доволно доказите на јавното обвинителство против Ѓорчевски „Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, соопштија на брифинг вчера судиите од Апелација. Претходно, од кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски. Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook