Веб ТВВечерни Вести на Канал 5, 19.04.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
МакедонијаГодина на резултати: МЕРМС гради сигурна, модерна и европска енергетска иднина за МакедонијаЕден од најзначајните резултати е донесувањето на новиот Закон за енергетика, целосно усогласен со европското законодавство и позитивно оценет од Енергетската заедница.Во изминатата година Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини реализираше една од најобемните реформски и инвестициски агенди во областа на енергетиката, рударството и управувањето со природните ресурси, поставувајќи цврсти темели за поголема енергетска сигурност, економски развој и подобар животен стандард на граѓаните. Во периодот јуни 2025 – јуни 2026 година Министерството работеше на повеќе од 700 домашни и меѓународни активности, средби и настани, при што паралелно се спроведуваа крупни законски реформи, стратешки инфраструктурни проекти и политики за зелена и праведна енергетска транзиција. „Ова беше година на резултати. Година во која создадовме нови закони, започнавме историски инфраструктурни проекти, обезбедивме значајна меѓународна поддршка и воведовме ред, план и транспарентност во секторите кои се од суштинско значење за развојот на државата“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Реформи и европски стандарди Еден од најзначајните резултати е донесувањето на новиот Закон за енергетика, целосно усогласен со европското законодавство и позитивно оценет од Енергетската заедница. Истовремено, усвоен е Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025-2030, со кој се предвидени 61 конкретна мерка за декарбонизација и енергетска транзиција. Паралелно се работеше на новите законски решенија за обновливи извори на енергија, рударство, геологија и јавно-приватни партнерства, со цел создавање современа и предвидлива регулаторна рамка за граѓаните и инвеститорите. Реформски напредок (2024 vs 2025/2026): - Пазари и пазарна интеграција: Рaст од 54% на 61%. - Сигурност во снабдување: Рaст од 21% на 41%. Историски инфраструктурни проекти Во областа на нафтата и природниот гас беа реализирани значајни активности за зголемување на енергетската безбедност на државата. По 13 години повторно беше ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, започна изградбата на гасната интерконекција со Грција, објавен е тендер за интерконекцијата со Србија, а Македонија стана дел од регионалниот проект „Вертикален коридор“. Изработена е и национална Проценка на ризик во снабдувањето со гас согласно европската регулатива. Обновливи извори и батериски системи – енергијата на иднината Министерството воспостави нов модел на планирање на инвестициите преку Годишните планови за изградба на енергетски објекти за 2025 и 2026 година. Само за Планот за 2027 година до Министерството пристигнаа повеќе од 800 иницијативи од приватни и државни инвеститори. Воспоставен е ГИС систем за дигитализација на постапките за ветерна енергија, исплатени се над 50 милиони денари поддршка за производство на енергија од обновливи извори, а батериските системи за складирање на енергија станаа столб на новата енергетска политика. - Воспоставена обврска за батериски системи за складирање на енергија. - Подобра интеграција на соларни и ветерни електрани. - Поголема сигурност на електроенергетскиот систем. - Намалување на загубите и балансирачките трошоци. - Поддршка на енергетската транзиција и декарбонизацијата Рударство и геологија – одржливо управување со природните богатства Во рударството и геологијата се воспостави нов пристап заснован на одржливост, контрола и стратешко управување. За првпат формиран посебен Сектор за геологија, за стратешко управување со геолошките истражувања и критичните минерални суровини. Донесена е првата Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини 2026–2046 Активно се управува со 284 рудници, воведен е модерен дигитален надзор за ефикасна и зајакната контрола, а значително се зголемени приходите од концесиски надоместоци. Раст од над 200% на приходите од концесии по основ на експлоатирана и продадена минерална суровина. За првпат се регулира и статусот на македонскиот рубин и другите скапоцени и полускапоцени камења. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на брифинг со новинарите соопшти дека е заокружен процесот на институционална заштита на македонскиот рубин како минерал со географко потекло - македонски, Со оваа одлука, македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство. Праведна транзиција и енергетска ефикасност Министерството воспостави функционален систем за праведна транзиција и механизми за следење на реализацијата на мерките предвидени со националните политики. Во областа на енергетската ефикасност беше усвоен Тригодишен план за реновирање на јавните објекти, програма со буџет од 11 милиони евра, насочена кон комплетна реконструкција на објекти со висока потрошувачка на енергија. Проектот вклучува 14 големи згради во кои моментално се сместени дури 33 државни институции. Започна воспоставувањето на Национален инвентар на јавни згради, донесена е Уредба за ЕСКО моделот, а обезбедени се значајни средства за нови инвестиции во оваа област (одобрени 50 милиони евра за енергетска ефикасност) Меѓународно позиционирање на Македонија Во текот на изминатата година Македонија беше домаќин на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), на кој учествуваа над 1.000 претставници од повеќе од 70 држави и над 150 меѓународни експерти. Истовремено беа воспоставени нови стратешки партнерства, меѓу кои и Меморандумот за разбирање со Соединетите Американски Држави за безбедност на снабдувањето со природен гас, со Хрватска за поголема регионална енергетска поврзаност. Обезбедени се и 5,2 милиони евра ИПА средства за развој на енергетскиот сектор. Конкретни резултати за граѓаните Покрај стратешките реформи, Министерството обезбеди и директна поддршка за ранливите категории граѓани преку: 4.070 ваучери за инвертер клима уреди; 148,8 милиони денари поддршка за ранливи потрошувачи; Донесена Методологија за мерење на енергетска сиромаштија Правна заштита на државните интереси Преку воведување на механизми за целосна транспарентност и ревидирање на договорите, се стави крај на неодговорното управување и воспоставивме бескомпромисна правна заштита на државните ресурси и јавниот интерес. Покренати 25 постапки за наплата на побарувања во вредност од над 10 милиони денари. Добиени судски пресуди во корист на Министерството во износ од над 1,5 милиони денари. Намален финансиски ризик за над 380 милиони денари - од судски побарувања. Донесени измени и дополнувања на Законот за возила и подготвени нови подзаконски акти. Дигитализација и отворено Министерство Министерството реализираше значајни проекти за дигитална трансформација, со воведување на ERP, GIS и DMS системи, нови електронски услуги за граѓаните (аплицирање за субвенции), како и современи системи за сајбер. Во областа на транспарентноста и комуникацијата, министерството сите информации ги објавува транспарентно на веб сајтот, реализирани се повеќе од 300 соопштенија, интервјуа и јавни настапи, организирани се бројни прес-конференции и теренски активности, а сите 58 пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се обработени и навремено одговорени. Зајакната соработка Преку постојан дијалог со бизнис заедницата, граѓанскиот сектор, научната јавност и локалните самоуправи, се изгради отворено и инклузивно Министерство кое решенијата ги носи заедно со сите општествени чинители. Покрај постојните меморандуми за соработка, изминатата година се потпишаа меморандуми меѓу Министерството за енергетика и УНДП, со македонското друштвото на геолози „Геолог“. Вратите на Министерството отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет, со Технолошко-металуршкиот факултет и ФИНКИ. Министерството е отворено за студентска пракса. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на реализацијата на реформската агенда, завршувањето на стратешките инфраструктурни проекти, понатамошната интеграција со европскиот енергетски пазар и создавањето сигурна, модерна и европска енергетска иднина за Македонија. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: МЕРМС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака предвремени избори, но нема алиби од опозицијатаКако што кажавме, снемува пари - следуваат избори.Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика. Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ. Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“. Реалноста е дека Мицкоски сè работи по ист модел - де факто и де јуре. Исти наратив, исти фрази, иста стратегија. Прво ги навреди сите граѓани кои се за Европска унија, нарекувајќи ги „талог на општеството“, „коленичари“, „медиокритети“ и „мекотели“. Истиот наратив што Вучиќ го користи за граѓаните на соседните земји кои се залагаат за европски пат. Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори. Од нас тоа нема да го добие. Ќе видиме кој од таканаречената опозиција, од сателитите на ВМРО, ќе биде искористен за да го повика на предвремени избори. Сценариото постои, глумците со бугарски пасоши ги знаеме, а режисерот „патриот“ со скапи часовници ни е премногу добро познат. Мицкоски сака предвемени избори затоа што нема резултати а снемува и пари. Сака избори затоа што сака да го преживее политичкиот колапс што сам го предизвика. Но граѓаните не се наивни, знаат сè. Не е прашање дали опозицијата е подготвена, туку дали се подготвени граѓаните на Македонија за предвремени избори. Дали се подготвени нивните паричници и фрижидери. Дали се подготвени граѓаните да останат дома и да му дозволат на Мицкоски уште повеќе да ја уништи економијата, да ја изолира државата и населението да го доведе до работ на сиромаштијата. Тоа е прашањето. Со негласање, самите се казнуваат и на тендер коалицијата ѝ овозможуваат уште четири години грабеж на нивните пари. Кога Мицкоски ќе ги распише избори, граѓаните не смеат да останат дома. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПровери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измамиАсоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн плаќање.Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРМ. Регистарот на е-трговци е единствениот регистар кој претставува сеопфатна база на сите онлајн продавачи во земјава кои нудат плаќање со картичка и се ажурира во соработка со петте банки кои процесираат е-трансакции- Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка, Халк Банка и УНИБанка. Со цел негово ажурирање, АЕТМ добива подароци од петте банки, врши проверка, идентификација, категоризација и ажурирање на е-продавниците, со што Регистарот на е-трговци обезбедува единствен и структуриран увид во понудата на домашниот пазар на е-трговија. За активни е-продавници согласно методогијата на АЕТМ се подразбираат оние е-продавници кои реализирале најмалку една онлајн трансакција во текот на годината и имаат активна веб-страница за време на проверката. Каква е домашната понуда во е-трговијата Регистарот на е-трговци опфаќа 1374 активни е-продавници распределени во 25 категории. Податоците покажуваат дека најголем дел од понудата во македонската е-трговија ја сочинуваат е-продавници за козметика, производи за убавина или нега (115), облека, обувки и модни додатоци (100), храна и пијалаци (87), бела техника и електроника (86), туризам (81), веб услуги, стриминг или преземања (73), едукација (71), дом, мебел и градина (61) и многу други категории, што укажува на сè поголема разновидност на производи и услуги достапни преку домашните е-трговци. Податоците од регистарот покажуваат дека домашната е-трговија повеќе не е ограничена само на традиционалните категории како мода, козметика и електроника. Значајно присуство имаат и услугите, туризмот, образованието и дигиталните услуги, што укажува на постепено зреење на пазарот и проширување на навиките за онлајн купување кај потрошувачите. Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Северна Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка на РМ, во 2025 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32% во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, додека бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година. - „Податоците покажуваат дека е-трговијата продолжува да се развива со солидно темпо, како во однос на вредноста на трансакциите, така и во однос на понудата. Регистарот на е-трговци ни овозможува не само да ги идентификуваме активните е-продавници, туку и да добиеме појасна слика за тоа кој ја сочинува понудата на домашниот пазар. Анализата покажува дека покрај традиционално силните категории како козметика, мода и електроника, сè поголема застапеност имаат услугите, едукацијата, туризмот и дигиталните производи, што е показател за зреење на дигиталната економија и проширување на навиките за онлајн купување кај потрошувачите“, вели д-р Нина Ангеловска Станков, претседател на АЕТМ. Корисна алатка за заштита на потрошувачите и борба со нерегистрираните трговци Регистарот на е-трговци претставува практична алатка за зголемување на довербата на граѓаните при онлајн купување. Со оглед на тоа што значителен дел од онлајн измамите се случуваат преку нерегистрирани продавачи, најчесто преку социјалните мрежи, регистарот им овозможува на граѓаните лесно да проверат дали еден продавач е регистриран правен субјект и дали користи интегрирано онлајн плаќање преку банка. Регистарот истовремено придонесува и кон намалување на сивата економија преку поголема транспарентност и видливост на активните е-трговци. За самите е-трговци, присуството во регистарот претставува дополнителен знак на кредибилитет и доверливост, како и можност за поголема видливост пред потенцијалните купувачи. Во регистарот се вклучени е-трговци со регистриран правен субјект во Република Македонија и интегрирано онлајн плаќање преку една од петте банки, а кои реализирале најмалку една онлајн трансакција во текот на 2025 година. Регистарот е јавно достапен и може да се пребарува по URL адреса, правен субјект и категорија на е-продавницата на: https://ecommerce.mk/registar За потребите на ажурирањето, АЕТМ користеше и алатки базирани на вештачка интелигенција за автоматизирана проверка на активноста, достапноста и категоризацијата на е-продавниците.Тагови: АЕТМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter