Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
2Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
АвтомобилизамПристигнува новиот Нисан Џук, повеќе изгледа како концепт (ФОТО)Од самиот почеток, Nissan Juke беше модел кој се издвојуваше од толпата, а благодарение на својот уникатен дизајн, успеа да ја задржи својата популарност и покрај сè посилната конкуренција во својот сегмент.На настанот Vision во Јапонија, Нисан сега го претстави Juke од третата генерација, кој носи уште порадикален изглед од очекуваниот. Новиот Juke ќе се продава исклучиво како електрично возило, а на пазарот ќе пристигне на пролет 2027 година. Произведен на британска почва Новиот Juke ќе се произведува во фабриката на Nissan во Сандерленд, Велика Британија, заедно со моделот Leaf. Базиран е на платформата CMF-EV, позната и како AmpR Medium, која веќе ја користат Renault Scenic E-Tech, Alpine A390 и Nissan Ariya. Глобално лансирање е закажано за пролет следната година. Дизајн на концептен потпис Иако Nissan сè уште не ги објави конечните технички спецификации или фотографии од ентериерот, откри дизајн на надворешноста кој е различен од кој било друг модел во нивната понуда. Толку е импресивен што повеќе личи на концепт автомобил отколку на сериски модел кој наскоро ќе се најде во продажба. Дизајнот е доминиран од остри и прекршени линии, почнувајќи од предната страна со голема затемнета решетка и интригантни светла. Исто така, претставен е со аголни црни лакови на тркалата, додека поголемиот дел од каросеријата е обоен во светла нијанса на зелена боја. Таа боја дополнително го истакнува профилот на Juke, а особено необичните панели на вратите. Како и кај претходниот модел, рачките на задните врати остануваат скриени во C-столбовите. Задниот дел е исто така смел, со сложени LED светла и препознатлив капак на багажникот. Очекувани батерии и V2G технологија Како и новиот Leaf, електричниот Juke ќе ја поддржува таканаречената технологија „возило-мрежа“ (V2G), која овозможува двонасочен проток на енергија помеѓу возилото и мрежата. Се претпоставува дека батериите ќе бидат слични на оние во Leaf, што значи дека би можеле да се понудат верзии од 52 kWh и 75 kWh. Стариот модел ќе остане во продажба Интересно е што сегашниот Juke од втора генерација не се пензионира. Иако првичниот план беше стариот модел да се замени со новиот, „Нисан“ одлучи да ги продава верзиите од втората и третата генерација една до друга. Се очекува „Нисан“ да го ажурира дизајнот на сегашниот хибриден модел за да го доближи до новиот електричен „Џук“.Тагови: концепт Нисан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОслободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сумБританската полиција за борба против тероризмот потврди дека петмина мажи, уапсени под сомнение за тероризам во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд, се пуштени на слобода со кауција. RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна состојба и беа евакуирани десетици домаќинства, откако полицијата доби пријави за три сомнителни возила во близина на базата. Од полицијата за борба против тероризмот наведуваат дека истрагата се одвива во повеќе насоки. Се испитува можноста во инцидентот да биле вклучени посредници или поединци кои работеле – свесно или несвесно – за странска држава. Сите петмина уапсени мажи се британски државјани од Лондон, на возраст меѓу 23 и 25 години. Тие првично беа приведени под сомнение за кршење на Законот за експлозиви, а потоа повторно уапсени под сомнение за подготовка на терористички чин. Полицијата потврди дека мажите и понатаму се предмет на истрага. Тие се пуштени на слобода под строги ограничувања на движењето и забрана за контактирање со одредени лица. Тројца од осомничените живеат во Вестминстер, еден во Камден, а еден во Вилсден, пренесува Би-би-си. Со децении, Американските воздухопловни сили (USAF) ја користат базата „РАФ Ферфорд“ како истурена оперативна локација. Во последните месеци, американски бомбардери полетуваа од оваа база кон Блискиот Исток, откако Обединетото Кралство го одобри барањето на САД за користење на објектот за одбранбени напади врз Иран. Во јули, Иран изјави дека „секоја база што се користи за агресија врз иранска територија претставува легитимна цел за неговите сили“. Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа за „Фокс њуз“ изјави дека е јасно оти во настаните бил вклучен „странски актер“, иако не понуди ниту докази, ниту детали. „Она што се случи, она што за малку ќе се случеше или она што можеше да се случи во Обединетото Кралство за време на викендот, претставува многу сериозна ситуација. Јасно е дека е вклучен странски актер“, рече тој. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба изјави дека е „изненаден“ од ослободувањето на петтемина осомничени и дека тој не би им дозволил да излезат со кауција. „Знаеме сè за нив; немаше да ги пуштиме надвор“, рече Трамп, додавајќи дека Обединетото Кралство тесно соработувало со САД на овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07