Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите
1Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите
3Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност
КултураВечер на „БитФест“ израелска музичка и видео разгледница од Бат ЈамВо рамки на битолското културно лето „БитФест“ вечер во Офицерски дом во Битола ќе биде емитувана музичка и видео разгледница на градот Бат Јам од Израел.Концертот и придружните содржини насловени „Бат Јам – ќерката на морето“ се закажани за 21 часот. Од Општина Битола во пресрет на настанот информираат дека Бат Јам е град на медитеранскиот брег, место каде негови жители се битолски и македонски еврејски семејства кои таму се преселиле во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, а едно од нив е семејството на д-р Хаим Абраванел. Познат жител на Бат Јам е и уметникот Мати Грунберг кој на Битола и подари сончев часовник. Израелскиот град Бат Јам и Битола негуваат блиски врски и пријателства./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачитеПостигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја Жители на село Длабочица, се жалат дека повеќе од 20 дена немаат струја.За Канал 5 појаснуваат дека проблемот настанал по силното невреме што го зафатил регионотм. Иако добиле уверување од евн куманово дека проблемот ќе биде решен, се уште како што велат се во мрак.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаСудски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независностОдлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки.Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки – реагираат од Судскиот совет и Здружението на судии за пријавата на Уставниот суд против судија од Основниот граѓански суд Скопје за непочитување на нивна конкретна одлука..Во заедничкото соопштение, се потенцира неправосилноста на решението на судијата, против кое е поднесено и жалба по која сега треба да одлучува Апелација. -Постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет и Здружението на судиите сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет,- -Заедничко соопштение на Судски совет и Здружение на судии. Како што додаваат, без оглед на уставната положба, ниту еден орган не може да определува или однапред да прејудицира каква одлука треба да биде донесена од судот. Канал 5 го контактираше Претседателот на Уставниот суд - Дарко Костадиновски, за став по реакциите кои деновиве ја разбрануваа правната фела отворајќи ги дилемите - дали во овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности, дополнително создавајќи потенцијален притисок врз судската независност и автономија. Костадиновски не одговори конкретно на досегашните дилеми но изјави дека ќе го разгледа заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии и како што рече, доколку има потреба, Уставниот суд ќе излезе со свој став. Претходно, при активација на механизмот за заштита на сопствените одлуки што се случи прв пат во 63 години уставно судство во државава, Костадиновски за Канал 5 посочи дека со конкретната одлука, се оди кон поголема уставна дисциплина, бидејќи како што рече, доколку не се почитуваат и извршуваат одлуките на Уставниот суд, се губи и смислата на постоењето на уставното судство. Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше се однесува на повреда на слободата на јавно изразување на новинарка во настаните во Собранието од 2017та година, а судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook