„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
2„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
РакометВардарки го чекаат последниот противник на Ф-4Ракометниот колектив Вардар се уште има шанси за две екипи на фајнл-фор турнирот во лигата на шампионите.Девојките го повторија ланскиот успех и се пласираа во завршницата со надеж дека оваа сезона ќе направат и чекор повеќе кон големото финале. Ракометарите на Вардар „визата“ за дебитантски настап на завршниот турнир ќе ја бараат идниот викенд на жешкото гостување во Кијелце. Променливата форма во текот на целата сезона во лигата на шампионите не навестуваше среќен крај за „Вардарки“. Многуте повреди и неконстантната форма на дел од ракометарките придонесуваше за игрите „топло-ладно“. Во еден момент во главната фаза од натпреварувањето, во прашање беше доведен пласманот во четвртфиналето, па затоа повторувањето на ланскиот успех со место помеѓу најдобрите четири екипи во Европа има уште поголемо значење. Неспорниот квалитет во таборот на нашиот женски шампион дојде до израз кога најмногу требаше и тоа против актуелниот европски првак Ѓер. Со играта прикажана на двомечот, „Вардарки“ не треба да се плашат од ниту еден противник na завршниот турнир во Будимпешта што ќе се одржи на 9 и 10 мај. Засега можни противници на вардар се екипите на Ларвик и Динамо Синара, додека последниот учесник на турнирот ќе се знае по реваншот на Виборг и Будуќност. Ракометарите на вардар синоќа скршија многу навивачки срца со поразот од 20-22 од Кијелце во „Јане Сандански“ во рамки на првиот четвртфинален натпревар. Сонот за пласман на завршниот турнир не е завршен, но „црвено-црните“ ќе мора да направат вистински подвиг на реваншот идниот викенд во Полска. Кијелце сезонава во шампионската лига само еднаш загуби на домашен терен и тоа во осминафиналето против Монпелје со 31-33, но се пласираше понатаму поради победата од четири голови разлика на гости. Вардар сезонава нема одиграно два лоши натпревари по ред, бидејќи по секој пораз следуваше „експлозија“ на следниот, а пример за тоа е реваншот од осминафиналето против Висла Плок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДачија: Фабриката во Романија е во опасност, иднината е неизвеснаДачија ќе го намали производството за двоцифрен процент во 2026 година, додека околу 1.700 вработени веќе ја напуштиле компанијата во изминатата година, предупреди извршниот директор Михаи Бордеану.Во разговор за романските медиуми, тој рече дека верува оти фабриката во Миовени станува помалку конкурентна, првенствено поради високите цени на енергијата, но и поради зголемувањето на трошоците за работна сила. Бордеану предупреди дека групацијата Рено затоа би можела да префрли дел од своето производство во други земји, вклучувајќи ги Шпанија, Мароко и Турција, каде што веќе постојат производствени капацитети. „Стануваме помалку конкурентни“, рече Бордеану, додавајќи дека романската влада мора да преземе мерки во областите на цените на енергијата, даноците и деловната политика. Според него, платите во Миовени не можат да растат бесконечно и постојано да ја надминуваат инфлацијата, бидејќи тоа дополнително ја проширува разликата во трошоците во споредба со другите фабрики на групацијата Рено. Сè уште нема одлука за целосно повлекување на производството од Романија, но пораката од директорот на Дачија јасно покажува дека конкурентноста на фабриката станува сериозен проблем. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаЛишено лице во Радовиш, при претрес пронајдена марихуанаПо целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера (11.09.2026) во 19:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.А.(28) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот законик. Врз основа на наредба од Основниот суд Радовиш, извршен е претрес во домот и други простории што ги користи лицето во Радовиш, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“Наскоро ќе можете да го видите статусот на батеријата на сите поврзани уреди директно на заклучениот екран и на таблата со виџети (Widgets Board).Се чини дека „Microsoft“ работи на нов, корисен виџет за „Windows 11“ кој ќе го прикажува статусот на батеријата на вашиот уред, како и на сите безжични периферни уреди поврзани со вашиот компјутер. Спомнувања за овој виџет првпат беа забележани на „Discord“, во најновите пробни верзии (preview builds) на „Windows 11“, иако сè уште не изгледа дека е целосно функционален. Новиот виџет за батерија ќе биде достапен на таблата со виџети во „Windows 11“, а ќе може да се постави и на самиот заклучен екран. Иако сè уште не е во функција, кодот и графичките елементи се веќе присутни во најновите верзии на системот, откривајќи како ќе функционира виџетот и како всушност ќе изгледа. Виџетот поддржува и светли и темни режими на приказ и ќе ги прикажува уредите во вертикална листа, почнувајќи со батеријата на вашиот компјутер на самиот врв. Секој уред ќе има соодветна икона, заедно со неговото име и процентот на наполнетост на батеријата. Дополнително, виџетот ќе покажува кога уредот се полни и дали е вклучен или исклучен режимот за заштеда на енергија. Looks like Windows 11 is getting its own battery status widget soon, which will show an overview of batter levels across all your connected devices. Pretty neat! https://t.co/EceNiSU3yj pic.twitter.com/loyFi5iK7G — Zac Bowden (@zacbowden) September 7, 2026 Се разбира, другите платформи со години имаат некаква форма на виџет за батерија. И „Android“ и „iOS“ имаат виџети што го прикажуваат нивото на батеријата за поврзаните додатоци, а „Windows 11“ сега го надополнува тој јаз со воведување на истата функционалност. Новиот виџет за батерија ќе биде добредојдено дополнување на таблата со виџети – функција која многумина ја сметаа за главно бескорисна уште од нејзиното воведување во 2021 година. Иако некои апликации ја искористија, повеќето од нив не го сторија тоа. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter