Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ЗабаваВардарци ќе го дознаат противникот за полуфиналето во Лигата на шампионите Македонскиот ракометен првак Вардар денеска ќе го дознае својот противник за полуфиналето во Лигата на шампионите.Вардарци се дебитанти на завршниот „фајнал-фор“ турнир во елитното натпревраување во кое за можни противници во полуфиналето ќе ги имаат шпанската Барселона, унгарски Веспрем и францускиот првак ПСЖ. Екипата на Барселона за која настапуваат македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски е единствената екипа која досега има триумфирано во Лигата на шампионите, а за каталонскиот гигант ова ќе биде шести настап во осумте досегашни заврши „Ф4“ турнири. Унгарскиот првак Веспрем кого Вардар сезонава го доби во финалето на СЕХА лигата, ќе го има своето четврто во низа учество, додека втора година по ред во Келн ќе играат и ракометарите на ПСЖ. Според реномето, но и прикажаното во текот на целата сезона се чини дека Веспрем е идеалниот противник за Вардар во полуфиналето, за разлика од ПСЖ и Барселона која пак вардаровиот капитен Стојанче Стоилов ја посакува за противник во финалето. - Нема лесни противници во оваа фаза, бидејќи во Келн ќе биде европскиот ракометен крем. Нема голема разлика меѓу екипите, сите се суперквалитетни. Но, ако морам да бирам, би сакал финале со Барселона затоа што имаме двајца репрезентативци таму - Кире Лазаров и Борко Ристовски. Тоа би било доста интересно, да се бориме за трофеј со шпанскиот тим и репрезентативните колеги, изјави Стоилов. Кој ќе биде противникот на Вардар во полуфиналето на Лигата на шампионите кое ќе се игра на 3 јуни, ќе биде познато денеска точно напладне (12 часот) по ждрепката која ќе се изврши во Келн градот домаќин на завршниот турнир./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари Три тужби до Управниот суд се поднесени против Министерството за образование и наука поради неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Министерката Весна Јаневска денеска посочи дека според последните пресметки, направени врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, дневниот надоместок од сегашните 140 денари би требало да се зголеми на 156 денари. Сепак, поради различните толкувања на Законот, Јаневска вели дека Министерството ќе ја чека одлуката на судот. ,,Пресметките што ние ги правевме на стапките објавени од Завод за статистика се, точно вчера проверив, тоа се 156 денари. Но, Законот е недоречен, а правниците тврдат дека тоа е така и оттаму неусогласеност и двојното толкување на законот. Веќе има пристигнато три тужби во Министерството од Управниот суд. Постапката е во тек. Како ќе одлучи судот, ние така и ќе постапиме“,– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Студентите бараат студентскиот оброк да се зголеми на најмалку 172 денари, а исплатата да продолжи со сегашниот модел преку платежни картички, наместо со предложениот нов модел со дигитални ваучери. -Нашите пресметки покажуваат дека во овој момент, студентскиот оброк на почетокот на 2027 година треба да изнесува најмалку 172 денари. Ова не е нешто кое е наше толкување, туку ова е согласно Законот за субвенциониран оброк. Ние спроведовме анкета на која одговорија над 10.000 студенти на прашање поврзан за студентскиот оброк, вели дека над 90 посто од студентите го посочуваат токму износот од 140 денари како најголем проблем во сегашниот модел. Според предлогот на МОН, со новиот модел за субвенционирање од следната академска година, студентите ќе можат да користат 20% попуст во продавниците со кои владата ќе склучи договори. По вчерашната средба со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Јаневска најави дека ќе ги почека резултатите од дополнителните консултации меѓу студентите, но и дека ќе организира средба со претставниците на останатите студентски собранија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЗдравјеСекој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано растеВо просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун.Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун и треба поголема контрола за проджба на производи со тутун и експонираноста на производите кои се многу блиски како избор во продажбата, објаснуваат од Аналитика тинк-тенк. Како еден од ефектите за откажување од цигари е цената на цигарите, за скоро 47% е оваа причина, и 36% проценти се откажале заради лекарски совет. Она што е важно е носење на законот за забрана за пушење, што е во комисика процедура скоро девет месеци. Постапката во Собранието трае поради разгледување амандмани и барање дополнителни мислења од домашни експерти, велат членови на комисијата. Шефот на канцеларијата на СЗО, Аким Али со став, цигарите од различни категории треба да се поскапат, за да станат недостапни за младите. „На младите луѓе не им треба да им се дозволи да пушат цигари и да користат тутунски производи. Кога ќе поминам покрај училиште и гледам како млади луѓе пушат, а пушат и нивните наставници, е многу загрижувачки за мене“, Аким Али Шеф на канцеларија на СЗО. Според истражувањата, за скоро 18 проценти цигарите станале подостапни во одност на просечната плата, бидејќи палтите растеле побрзо од цената на цигарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко СлавескиПратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието ја поднесоа интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за Алта банка.Со интерпелацијата бараме да се утврди политичка одговорност за постапувањето на гувернерот Славески во скандалот со Алта банка. Интерпелацијата се однесува на постапката во која Славески и Народната банка дале претходна согласност Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во тогашната Стопанска банка АД Битола. Бараме одговор кои проверки биле направени за инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на што била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката во Битола. Славески треба да одговори и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски за влезот на Алта банка со неговите „консултации“. СДСМ очекува Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави за скандалот со Алта банка.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook