ЗабаваВака изгледа една од најпознатите дами кога ќе облече фармерки и маица (фото)Дали сте ја виделе некогаш во вакво издание?Кејт Мидлтон и Вилијам моментално се на „ America's Cup World Series", а за таа прилика Кејт облече фармерки, маица и чевли со платформа. Навистина е реткост една од најпознатите дами во светот да видиме во вакво издание и слободно можеме да речеме дека оваа комбинација совршено и стои.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, го праша министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за растот на трошоците за живот и најавите за укинување на недела како неработен ден. Цветков посочи дека разликата меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошница е над 12.000 денари, додека цените на основните производи продолжуваат да растат, а минималната плата не ги следи реалните потреби на граѓаните. Тој побара одговор дали две минимални плати се доволни за достоинствен живот на едно четиричлено семејство, но и дали изјавите на заменик-министерот Марјан Ристевски за укинување на недела како неработен ден значат најава за законски измени со кои на работниците ќе им биде одземен и овој ден за одмор. Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Цветков: За месец ноември синдикалната потрошувачка кошница изнесува 70.827 денари, додека пак потрошувачката кошница на Министерството за економија, т.е. вашата, изнесува 59.149. Колку чини за да преживееш во Македонија, зависи од која кошница гледаш. Но како и да гледаш, животот секако поскапува и тоа месечно од 500 до 1.000 денари. Поскапувањата на храната веќе се реалност, има повисоки цени кај јајцата, месото, млечните производи и брашното. Новиот бран поскапувања веќе се чувствува во маркетите. Јајцата се поскапи за скоро 13%, а брашното за околу 7%. Животот станува сè поскап, граѓаните преживуваат, а вие како влада немате слух. Наместо да се соочите со реалноста, вие повторно се користите со манипулации и пропаганди. Не ви одговара синдикалната потрошувачка кошница, па измисливте своја. Дали знаете, министре, дека само кај нас и во Србија има владина и синдикална потрошувачка кошница, претпоставувам дека е случајност. Иако станува збор за различни методологии, на оваа вашата, односно на Владата, и другата на синдикатот, сепак разликата од над 12.000 денари отвора сериозно прашање за тоа дали владината пресметка доволно ги одразува реалните потреби на едно четиричлено семејство, особено кога станува збор за трошоците за кирија и домување. Потребно е јасно да се разграничат методологиите за пресметување на потрошувачката кошница. Министерството објавува сопствена пресметка на трошоците за четиричлено домаќинство, додека синдикатите ја пресметуваат синдикалната минимална кошница. Разликите во методологијата, вклучително и третманот на трошоците за кирија, мора да бидат транспарентно објаснети, за граѓаните да можат да ја проценат реалната куповна моќ на своите приходи. Истовремено најавувате дека минималната плата ќе продолжи да се усогласува според постојаниот законски модел во 2027. Или во превод, наредната година ќе се зголеми за некоја минимална и незначителна сума. Велите дека сте ја намалиле инфлацијата, но намалувањето на инфлацијата не значи дека производите поевтиниле. Тоа значи дека цените може да продолжат да растат, но со побавно темпо. Затоа, кога зборуваме за стабилизирање на инфлацијата, мора да одговориме и на прашањето дали платите успеваат да го следат растот на трошоците за живот. Минималната плата треба да претставува основна заштита од сиромаштија и да овозможува задоволување на најнеопходните потреби за живот. Меѓутоа, кога растот на цените ги надминува можностите на работниците да ги покријат основните трошоци, тогаш станува збор за класична сиромаштија, која се одразува врз секојдневниот живот на семејствата, нивната можност да обезбедат квалитетна исхрана, да ги платат сметките, да ги покријат трошоците за превоз и образование и да се справат со непредвидени трошоци. Граѓаните заслужуваат плата со која ќе можат да живеат достоинствено, а не само да преживуваат од први до први во месецот. Оттука, министре, моето прво прашање до вас, кое е многу едноставно, гласи: Дали сметате дека две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот, и ако се доволни, врз кои критериуми или податоци го темелите тој став? Министре, ги слушнавме изјавите на вашиот заменик Марјан Ристевски во однос на укинувањето на недела како неработен ден. По ваквата изјава имаше бурни реакции во јавноста од страна на граѓаните/работниците. Дали ваквата изјава е најава за измена на Законот за работни односи и удоволување на Стопанската комора, за да можат недела да им ја земат на работниците и семејствата? Моето второ прашање до вас е: Дали недела ќе стане работен ден? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтернационална конференција „Одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва се на став дека овој столб е неопходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем.Долгорочни и одржливи пензиски политики, правна сигурност и зачувување на вториот пензиски столб. Ова беа теми на меѓународната конференција во Скопје, на која домашни и странски експерти ги споделија искуствата и предизвиците во пензиските системи. Од Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиските фондови предупредуваат дека во иднина се помалку работници ќе треба да финансираат сè повеќе пензионери, што ја наметнува потребата од навремени и долгорочни реформи. Сепак, во однос на најавените законски измени за бришење на одредбата за придонесот од 6 проценти во вториот столб, од Асоцијацијата велат дека добиле уверување оти тоа не значи укинување на вториот столб, а стапката ќе биде регулирана со ново законско решение. Бараат новата одредба да стапи во сила истовремено со бришењето на постојната. „Нашиот став е тука едноставен: доколку една законска одредба се брише со цел да биде заменета од друга, таа законска одредба сметаме дека треба паралелно, истовремено и хронолошки усогласено да биде исто така усвоена и да стапи на сила во ист временски период. И тоа не е прашање на толкување или на ставови, туку тоа е базично прашање на правна сигурност и доверба во институциите.“ И странските експерти од Словенија, Хрватска и Романија се согласуваат дека првиот и вториот пензиски столб не се конкуренција, туку се надополнуваат и придонесуваат за поодржлив пензиски систем. Од Асоцијацијата го поздравуваат предлогот трансферите на придонесите од ПИОМ кон пензиските друштва да ги врши УЈП. Велат дека трансферите во континуитет доцнеле и очекуваат новото решение да го намали проблемот. Околу критиките на премиерот Христијан Мицкоски за ниските приноси на пензиските друштва, од Асоцијацијата објаснуваат дека реалниот просечен годишен принос во изминатите 20 години изнесува 2,3 проценти. Според нив, тоа значи дека средствата на осигурениците ја зачувале вредноста и оствариле дополнителна заработка. Посочуваат дека законските ограничувања го стеснуваат просторот за повисоки приноси, поради што бараат поголема диверзификација и можност за вложувања што ќе ги заштитат пензиските заштеди и од инфлацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ФудбалДрама на летот на Бешикташ: Громови неколку пати го погодија авионот Фудбалерите на Бешикташ доживеаа драматични моменти на пат кон Грузија, каде што вечерва ќе се соочат со петтото коло од Лигата на Европа против израелскиот Хапоел Бер Шева. Авионот што го превезуваше тимот мораше да ја промени рутата поради силна бура, а според извештаите на турските медиуми, неколку пати бил погоден од громови за време на летот. Авионот полетал од Истанбул, а неговата дестинација бил Батуми. Сепак, поради исклучително лошите временски услови, авионот не успеал да слета во грузискиот град. По неколку кругови над областа на Батуми, пилотот го напуштил слетувањето во последен момент и го пренасочил авионот кон турскиот аеродром Ризе-Артвин, каде што безбедно слетал. Според турските медиуми, авионот неколку пати бил погоден од гром за време на летот, а патниците доживеале и силни турбуленции. Членовите на клупската делегација го опишаа патувањето како едно од најстрашните искуства во нивниот живот. „Се извлековме само со страв“ Ондер Озден, директор на професионалниот фудбал на Бешикташ, зборуваше за драматичниот лет. „Верувам дека ова беше една од најопасните ситуации што некогаш сум ги доживеал. Бевме малку исплашени. Сите се плашеа, но не е важно, сите бевме заедно и заедно го преживеавме тоа“, рече Озден. Тој, исто така, коментираше за одлуката на пилотот да го прекине обидот за слетување. „Кога се обиде да слета, веројатно сфати дека тоа не е можно. Само се извлековме со страв“, додаде тој. По безбедното слетување во Турција, од играчите се очекуваше да го продолжат своето патување со автобус до Батуми. Поради непланирана промена на рутата, патувањето беше значително подолго, а прес-конференцијата на тренерот Винченцо Италијано пред натпреварот беше откажана. Зошто Бешикташ игра во Грузија? Бешикташ ќе игра против Хапоел Бер Шева во Батуми, иако тие треба да бидат домаќини на натпреварот. УЕФА го премести натпреварот од Истанбул поради безбедносни проблеми поврзани со војната во Газа и политичките тензии околу домаќинството на израелски клуб во Турција. Натпреварот е закажан за четврток, а за Бешикташ е од големо значење во борбата за пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа. Турскиот тим освои седум бода во досегашните четири кола, додека Хапоел Бер Шева има само еден.Тагови: Бешикташ громови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39