В петок и сабота во Кочани ќе се реализира авионско и прскање од земја против комарците

 На крајот од оваа недела Локалната самоуправа на Кочани ќе реализира дел од програмата за дезинсекција за оваа година, со прскање против комарците од авион и од земја.

Третманот од земја е најавен за в петок и сабота, во доцните вечерни часови, а ќе го спроведе стручна екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани. Авионското прскање пак, ќе се реализира в сабота, во раните утрински часови, во соработка со друштвото за авиоуслуги „Бониер" од Куманово.

– Со превентивната дезинсекција од земја ќе се опфати површина од околу 1.800 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и во дел од населените места. Авионското прскање ќе се спроведе на околу 3.400 хекатари, пред сè во градот и во низинскиот дел од општината. За дезинсекцијата ќе се користат широкоспектарни инсектициди за третирање комарци, што се одобрени од Бирото за лекови, информираа од Одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

За овогодишната кампања за прскање против комарците локалната самоуправа издвои близу два милиони денари од општинскиот буџет, предвидени со програмата за здравствена заштита.

Од Општина Кочани ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер