Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството
2Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството
ЖивотУжас во САД: Најдени се седум безживотни тела, меѓу кои и деца- се отруле со плин (ВИДЕО)Седумчлено семејство, чии тела биле пронајдени претходно оваа недела во дом во Минесота, починале од случајно труење со јаглерод моноксид, соопштила полицијата.Причината за смртта е потврдена со лабораториски тестови на крвта и вештачењето, пишува CNN. Во несреќата загинале Белин Хернандез (37), неговата сопруга Марлена Пинто (34) и нивните деца Брејлин Хернандез (16), Мајк Хернандез (7) и Марбела Хернандез (5). Загинале и Елдор Хернандез Кастиљо, 32-годишниот брат на Белина Хернандез и Пинто (19) внук на Мариела Гузман. „Засега сите индикации се дека се работи за несреќа, но истрагата се уште е во тек“, изјавил Шенон Монро, шеф на полициската станица Мурхед. Полицијата во саботата добила дојава од загрижени членови на семејството, а полицајците отишле на увид во куќата. При влегувањето во домот не биле пронајдени траги на насилно влегување или насилство. Според полицискиот извештај, во куќата имало два извори на јаглерод моноксид, шпорет и возило паркирано во гаражата. Истражителите пронашле детектор за чад во куќата, каде што порано бил детекторот за јаглерод моноксид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЦената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 годинаЦената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 година, кога Европа се соочи со енергетска криза по почетокот на војната во Украина. Во услови на раст на цените на енергенсите, ЕСМ преговара за подолгорочно снабдување со гас по поконкурентни цени, вели министерката за енергетика Сања Божиновска, нагласувајќи дека државните електрани имаат обезбедено гас за ноември. Воедно, Божиновска уверува дека политичките случувања во Србија нема да влијаат врз регионалниот проект за алтернативно снабдување со гас. -ЕСМ има закупено на подолг период гас, ќе видиме и тука што ќе се случува. Ноември имаат закупено гас, ЕСМ се во преговори за подолгорочно и секако поконкурентно снабдување на гас. Тоа што ние соработуваме со Република Србија е регионален и европски проект. Тука се инволвирани и повеќе финансиски, интернационални компании. Јас сум убедена дека нема ништо да има некакви промени во однос на политичката сцена, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Покрај обезбедувањето гас по поконкурентни цени, пред институциите е и прашањето за трошоците за електрична енергија од јануари. До средината на ноември, ЕСМ треба да ги заврши пресметките и да и достави на Владата нова понуда за цената по која ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум за следната година. Моментално цената изнесува 65 евра за мегават-час. Сепак, врз крајната цена влијаат и трошоците за пренос и дистрибуција на електричната енергија. МЕПСО побара зголемување на надоместокот за пренос за над 97 проценти, додека МЕМО не побара промена на цената. Електродистрибуција, пак, се уште нема конечна пресметка, бидејќи не е завршен тендерот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во мрежата. Божиновска посочува дека барањата на компаниите не значат автоматско поскапување и дека конечната одлука ќе ја донесе Регулаторната комисија. - Тоа што компаниите поднесуваат до Регулаторната е едно, значи вие може да барате и да си дадете ваши пресметки. Тука Регулаторната ќе одлучи и ќе види што ќе се... што ќе биде крајниот исход. Така да, ве замолувам да почекате на одлуката на Регулаторна, да видиме на крај кој ќе биде нејзината одлука и колку ќе има тука покачување, ако има, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Во меѓувреме, неизвесно е дали ќе продолжи и попустот на горивата од ОКТА, кој важи до следната недела. Божиновска вели дека одлуката за евентуално продолжување ќе зависи од движењето на цените, а по истекот на актуелниот период вели ќе се разгледаат следните чекори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаДрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравствотоЖан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, постави три пратенички прашања од областа на енергетиката, здравството и одбраната.„Особено значајно е тоа што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект од исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата, во овој период се реализираат два значајни инфраструктурни проекти во енергетскиот сектор, тоа се изградбата на гасоводните интерконектори со Република Грција и Република Србија. Со оглед на значењето на овие капитални инвестиции, би сакал да ве прашам кои се конкретните придобивки што Република Македонија и македонските граѓани ќе ги имаат од изградбата на овие два гасоводни интерконектори? На кој начин нивното ставање во функција ќе придонесе за поголема енергетска сигурност, намалување на зависноста од еден правец на снабдување и создавање услови за поконкурентни цени на природниот гас и секако какви можности се отвораат за македонската индустрија, стопанството и домаќинствата?“, рече Дрвошанов. Второто прашање Дрвошанов го упати до министерот за одбрана, а се однесува на владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години, при што побара појаснување за конкретните мерки, роковите за спроведување и придобивките што ќе ги донесе за оваа категорија припадници на Армијата. „На една седница на Влада беше донесена одлука со која ќе се реши овој децениски проблем со кој се соочуваат професионалните војници, затоа моето прашање е што конкретно предвидува донесената владина одлука за професионалните војници кои навршиле 45 години и кои се придобивките од неа? Ве молам дадете подетални објаснувања за содржината на одлуката, роковите за нејзиното спроведување и секако очекуваните ефекти врз професионалните војници“, посочи Дрвошанов. Третото прашање Дрвошанов го упати до министерот за здравство, а се однесуваше на обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството, при што побара информации за досегашните реализирани набавки, инвестициите во современа опрема и планираните вложувања во наредниот период. „Инвестициите во здравството имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, особено е важно институциите да располагаат со современа опрема, соодветни материјално-технички средства за навремено и ефикасно извршување на своите задачи. Минатата недела имавме промоција на 100 нови амбулантни возила, настан кој го отвори прашањето за обновувањето на возниот парк и подобрувањето на условите за работа на здравствените служби. Моето прашање е какви конкретни резултати постигна министерството во обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството? Ве замолувам да не информирате за досегашните реализирани набавки и планираните инвестиции во наредниот период за да граѓаните имаат јасна слика како се вложуваат јавните средства во подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија“, рече Дрвошанов, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКога парфемот станува доживување: Гала вечер на Atelier Des Ors во СкопјеИма настани што претставуваат бренд, и има вечери што успеваат да го претворат неговиот свет во целосно искуство.Гала вечерта посветена на француската парфемска куќа Atelier Des Ors, во организација на Matoss Cosmetics, официјалниот увозник и дистрибутер на брендот во Македонија, дефинитивно припаѓаше на втората категорија. Концептот на вечерта беше изграден околу еден од најпрепознатливите симболи на Atelier Des Ors, златото. Не само како декоративен елемент, туку како нишка што ја поврзува филозофијата на брендот, парфемите, гастрономијата и целокупната атмосфера. Гостите уживаа во внимателно осмислена вечера во пет следа, претворена во вистинско гастрономско доживување. Дел од специјалитетите беа дополнети со јадливо злато, суптилна референца на 24-каратните златни честички што се еден од потписите на парфемите Atelier Des Ors. Молекуларните десерти, пенливите вина и шампањот дополнително ја заокружија вечерта во која гастрономијата и парфимеријата природно се сретнаа околу иста идеја, уживањето како форма на уметност. Atelier Des Ors е француска куќа за уметничка парфимерија основана во 2015 година од Jean-Philippe Clermont, со идеја парфемот да се врати во доменот на високото занаетчиство, естетиката и емоцијата. Во нејзината филозофија златото не е само визуелен код на луксузот. Тоа е симбол на потрагата по убавина, совршенство и трајност, а токму 24-каратните златни листови присутни во парфемите станаа еден од најпрепознатливите потписи на куќата. На вечерта присуствуваше и претставничката на Atelier Des Ors, Elise Pelletier, која ги поздрави гостите и ја доближи филозофијата на куќата, според која парфемот не треба да се доживува единствено како мирис, туку како простор за емоција, сеќавање и имагинација. Токму таа идеја, парфемот како уметност на живеењето, беше присутна во секој сегмент од вечерта. Пред гостите беше претставено портфолиото на Atelier Des Ors, а посебно внимание привлече Novae Vanilla, една од поновите креации на куќата. Инспирирана од златниот пресек и идејата за совршена пропорција што се повторува во природата и уметноста, композицијата ја гради својата приказна врз контрастот меѓу светлината и темнината. Во неа се среќаваат три различни интерпретации на ванила, NaturePrint® blue vanilla, Bourbon vanilla и Madagascar vanilla, со сончевата мекост на мимозата. Резултатот е ванила што излегува од очекуваната гурманска рамка и добива поминерален, посветол и пософистициран карактер. Меѓу гостите беа бројни инфлуенсери, соработници, пријатели и почитувачи на брендот, но она што ја издвои вечерта беше чувството дека ништо не е оставено на случајност. Од презентацијата на парфемите и гастрономскиот концепт, до најмалите визуелни детали, целиот настан изгледаше како дел од истиот внимателно режиран свет. И можеби токму тоа беше најсилниот впечаток од вечерта. На неколку часа Скопје изгледаше како природна адреса на еден светски niche perfume настан, со продукција и естетика какви што сме навикнати да гледаме во Париз, Милано или други големи европски центри. Без непотребна претенциозност, но со јасно чувство за мерка, детали и современ луксуз. Токму вакви настани му недостигаат на градот. Не само поради нивната визуелна привлечност, туку затоа што создаваат поинаква култура на доживување на брендот, во која производот не се изложува едноставно пред публиката, туку околу него се создава приказна, атмосфера и меморија. Парфемите на Atelier Des Ors се достапни во парфимериите Boudoir The house of Fragrance, каде македонската публика може да ја открие селекцијата на оваа француска куќа и нејзиниот препознатлив свет во кој парфемот, уметноста и златото зборуваат на ист јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11