Ужас во Аргентина:Жена го убила сопругот, му го отсекла половиот орган и му забила нож во окотo - Канал 5

Ужас во Аргентина:Жена го убила сопругот, му го отсекла половиот орган и му забила нож во окотo

Жена во Аргентина е обвинета дека му го отсекла половиот орган на својот сопруг и го прободела во очното јаболко.

Ужас во Аргентина:Жена го убила сопругот, му го отсекла половиот орган и му забила нож во окотo

Полицијата ја уапсила Флоренсија Амадо Катанео (41) и била испратена на психијатриска евалуација. Телото на Педро Федерико Зарате (47) наводно го пронашла неговата снаа во стан во Алтос де Сан Лоренцо.

Имал убодни рани по целото тело, вклучително и на градниот кош, а гениталиите му биле отсечени, јавуваат локалните медиуми. Катанео, психолог, била уапсена на 11 јануари откако побегнала од мајка си со крв на рацете. Таа е пренесена во психијатриското одделение во Ла Плата, каде ќе биде подложена на психијатриска евалуација, пишува Daily Mail.

Доколку биде прогласена за луда, нема да ѝ се суди за убиство, велат од обвинителството. Федерико Зарате бил музички продуцент. Од 2006 година работи во регионалниот културен центар. Тој се оженил со Амада Катанео во 2017 година. Локалните медиуми јавуваат дека парот има петгодишен син и дека се заедно повеќе од една деценија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

Денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи.

Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Најновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност.

Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот.

Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер