КошаркаУспешен настап на младите македонски кошаркари во Истанбул Македонската селекција за кошаркари до 14 години имаше успешен настап на зимскиот камп во Турција, каде „црвено-жолтите“ забележа пет победи во исто толку одиграни контролни натпревари.Во рамките од проектот „Заедно до 16 години“, а во соработка со македонската и турската кошаркарска федерација, избраниците на Александар Јованчев од Истанбул се враќаат непоразени. Тие беа подобри од нивните врсници од тимовите на: Аџибаден, Фенербахче, Памукспор, Галатасарај и Анадолу Ефес. Во Следната фаза Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на интернационален турнир за кошаркари до 14 години на кој покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и селекциите на Бугарија, Романија и Косово. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ:Срам за Скопје - коњ со пет нозе на Орце и ВМРОГрад Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување“ на влезот во градот. Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје. Ова не е прв пат ВМРО да го унаказува главниот град. Познато е дека токму ВМРО, преку проектот „Скопје 2014“, го обезличи градот со стотици споменици, фасади од стиропор и лавови кои немаа никаква историска или естетска вредност. Сега, наместо вистинско уредување и инвестиции, добиваме уште една кампања со AI-генерирани слики. Наместо реални резултати, ВМРО-ОКГ и Орце постојано прават кампањи. Сè е кампања, а резултати нема. Наместо да се вложува во квалитетна инфраструктура, чистота, нови автобуси, уредување на градот, граѓаните добиваат уште еден симбол на аматеризам и срам. Особено е понижувачки што ова се случува во летната туристичка сезона, кога бројот на странски посетители е зголемен. Наместо да се покаже уреден и достоинствен град, туристите на влезот во Скопје добиваат слика која повеќе наликува на лоша шега отколку на репрезентација на главниот град. ВМРО-ОКГ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат со истата пракса: кампањи наместо резултати. Главниот град заслужува подобро, скопјани заслужуваат подобро. Скопје, 19.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинатиСилен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загинаале најмалку пет лица, а неколку други беа повредени, јавува германската агенција ДПА. Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа и во Лима. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 Juli 2026 pukul 21:24:39 waktu setempat (19 Juli 2026 pukul 09:24:39 WIB). Episentrum gempa berada sekitar 14 km barat laut Huancayo dengan kedalaman 22 km. Hingga saat ini, sedikitnya 5 orang dilaporkan meninggal… pic.twitter.com/2pHTFa8uk2 — Info Gempa Dunia (@infogempadunia) July 19, 2026 Според IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција. Според извештаите, земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи и на 500 години стариот историски крст на Лорд Каникруз, а голем број локални жители побарале помош од надлежните служби, пренесува порталот Peru21.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУште една страшна ноќ на Блискиот Исток: Америка го бомбардираше Иран, брзо следуваше одговорСАД извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, а Техеран тврди дека возвратил со напади со беспилотни летала врз американски бази во Кувајт.Соединетите Американски Држави, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Како дел од тие напади, САД конкретно ја таргетираа иранската Револуционерна гарда, за која се верува дека во петокот извршила напад врз воена база во Јордан, при што загинаа најмалку двајца американски војници, соопшти Пентагон, пренесува „Си-би-ес њуз“ (CBS News). Уште еден припадник на американските сили се води како исчезнат по иранскиот напад, додека неколку американски војници се ранети. САД исто така погодија ирански воени објекти за крајбрежен надзор и противвоздушна одбрана, поморски објекти, како и складишта за ракети и беспилотни летала, со цел да се ослабат воените капацитети на Иран, соопшти Централната команда (CENTCOM), потврдувајќи дека нападите завршиле околу 23:30 часот по локално време. Newly released footage of US forces conducting airstrikes on Iran overnight, seen hitting construction equipment and a coastal radar site. pic.twitter.com/n9F3LeESjc — OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 19, 2026 Потоа следувал и одговор од Иран. Иран тврди дека извршил напади со беспилотни летала врз две американски бази во Кувајт. Иранската армија соопшти дека извела напад од големи размери со беспилотни летала врз два американски воени објекти во Кувајт, пренесува Ал Џезира. Во соопштението пренесено од државниот радиодифузер IRIB, армијата наведе дека нејзините „разорни беспилотни летала го погодиле складиштето за муниција во кампот Ал Адири“, како и радарите на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и радарите за противвоздушна одбрана во воздухопловната база „Али Ал Салем“.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09