Уште не влезен во собраниска процедура, Изборниот законик се соочува со блокада - Канал 5

Уште не влезен во собраниска процедура, Изборниот законик се соочува со блокада

Уште не влезен во собраниска процедура, Изборниот законик се соочува со блокада
Изборниот законик се соочува со нова блокада - уште пред да стигнат во Собрание предлог-измените кои во работна група се подготвуваа неколку месеци, опозициската СДСМ најави блокада. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Генералот Алексус Г. Гринкевич оствари средба со министерот Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Алексус Г. Гринкевич оствари средба со министерот Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски.

 Генералот Алексус Г. Гринкевич оствари средба со министерот Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich), денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На средбата со генералот Гринкевич, министерот Мисајловски изрази задоволство од одличната соработка со Сојузничката команда за операции укажувајќи на тоа дека припадниците на македонската Армија ќе продолжат да даваат и личен придонес кон безбедноста на источното крило на Алијансата како дел од мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија. На средбата министерот се осврна и на инвестициите во одбраната, како и развојот на Армијата.

„Ги зацврстуваме капацитетите на Армијата, а со тоа и на колективната безбедност на Алијансата. Инвестираме во процесот на модернизација и опремување, кој паралелно со нашиот влог во развојот на припадниците на Армијата ни овозможи Лесната пешадиска баталјонска група неодамна да ја добие и оценката ‘борбено способни за извршување на мисијата’ согласно највисоките стандарди на НАТО“, рече министерот на средбата и додаде дека земјава останува да биде кредибилен и доверлив сојузник во Алијансата.

На средбата со генералот Лафчиски се разговараше за актуелната безбедносна состојба во зоната на операции на Алијансата, за процесот на опремување и модернизација на Армијата, како и за актуелните придонеси со сили и средства во поддршката на Регионалните планови за одбрана на Алијансата, чиј важен дел е и нашата држава. При тоа беше потврдено дека македонската територија како географска раскрсница на повеќе транспортни коридори, има клучна улога во остварувањето на мобилноста, брзиот и кредибилен одговор, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата.

Во рамки на посетата на нашата држава генералот Гринкевич оствари средба и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ќе се сретне и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова.

Посетата на генералот Гринкевич на Армијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, кога заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје, каде ќе бидат презентирани дел од способностите, обученоста и подготвеноста на армиските единици.

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа ја има севкупната команда над сите операции на НАТО на стратегиско ниво. Своите должности генералот Гринкевич ги извршува од седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, Кралството Белгија. Генералот Гринкевич, воедно ја извршува и должноста командант на Европската команда на САД, чие седиште се наоѓа во Штутгарт, СР Германија.

Посетата на генералот Гринкевич претставува признание за значајниот придонес на нашата земја во колективната одбрана на Алијансата, како и потврда за довербата во способностите и подготвеноста на Армијата да придонесува кон регионалната и колективната безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаревски: Контиунирано две години има економски раст над 3% и силна реализација на капиталните инвестиции

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата ,,Само вистина“ на телевизија Канал 5, говореше за за економските показатели, растот на БДП, капиталните инвестиции и работата на Владата.

Јаревски: Контиунирано две години има економски раст над 3% и силна реализација на капиталните инвестиции

,,Можеме да констатираме дека имаме веќе 5 квартали над 3% раст, имаме 17.000 нови вработувања, имаме ситуација каде што се гради на сите страни, силен импулс на реализација на капиталните инвестиции“, кажа Јаревски.

Тој истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години го зголемила БДП за 4,66 милијарди, додека, според него, за шестгодишното владеење на СДС и нивните коалициски партнери БДП бил зголемен за 4,52 милијарди. Јаревски оцени дека Владата за две години реализирала повеќе отколку претходната власт за целиот свој мандат.

,,Само за две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е зголемено за 4,66 милијарди, што значи имаме за две години направено и реализирано ефективно пвеќе отколку целокупниот мандат на СДС и коалицијата“,рече Јаревски и додаде:

,,Владата, генералните политики, макроекономските показатели се добри позитивни и во правилна насока. Наследивме држава која што беше во слободен пад, го запревме падот ги консолидиравме работите и веќе имаме ситуација каде што ги имаме првите параметри и резултати и показатели на развој“.

Тој оцени дека исполнувањето на преземените обврски се клучни принципи во работењето, при што наведе дека постои разлика во начинот на кој денес се управува и се трошат буџетските средства во споредба со како тоа го правела претходната влада.

,,Она што го краси како одлика, ВМРО-ДПМНЕ, од секогаш, тоа е неговата отчетност, тоа е неговата исполнителност. Има јасна разлика како се трошат буџетските пари денес и како се трошеа претходно. И тука релевантна институција и релевантни извештаи на кои може да се повикаме тоа е ДЗР“, истакна Јаревски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски: Планот за раст и Инвестициската рамка го забрзуваат европскиот пат на регионот

 Димитровски денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург.

Димитровски: Планот за раст и Инвестициската рамка го забрзуваат европскиот пат на регионот

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, на која учествуваа високи претставници на институциите на Европската Унија, европските финансиски институции, претставници на владите на земјите од Западен Балкан и други меѓународни партнери.

Конференцијата беше посветена на европската финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан, со посебен осврт на неодамна објавениот Специјален извештај на Европскиот суд на ревизори за имплементацијата и резултатите од проектите поддржани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст.

Заменик министерот Димитровски имаше свое обраќање на панелот посветен на имплементацијата на европската финансиска поддршка, со фокус на искуството на нашата земја како корисник на овие европски финансиски инструменти, предизвиците во реализацијата на проектите и улогата на Планот за раст во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Димитровски истакна дека Инвестициската рамка за ЗБ и Планот за раст на ЕУ претставуваат значајни инструменти за забрзување на реформите, реализација на стратешки инфраструктурни инвестиции и постепена интеграција на нашата земја во единствениот европски пазар.

Тој посочи дека нашата земја е меѓу првите земји кои добија позитивна оценка за Реформската агенда, што претставува потврда за посветеноста на земјата во спроведувањето на реформите и ефикасното користење на европските финансиски инструменти.

Додаде, дека и покрај тоа што средствата од Инвестициската рамка на ЕУ се ограничени, а во нашата земја и регионот во тек се крупни инфраструктурни проекти од повеќе милијарди евра, како што е брзата железница на Коридорот 10 од Солун до Будимпешта, учеството на Европската Унија во нивното финансирање, макар и симболично, останува значајно бидејќи обезбедува стандарди и сигурност за нивна успешна реализација во интерес на нашите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер