Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
2Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
НБАМоже ли да се блокира продажбата на ЛА.Лејкерс“? Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат. Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат, бидејќи Џини Бас има можност да побара привремена судска забрана за оваа трансакција. НБА-аналитичарот и поранешен адвокат Нејт Данкан објасни дека Бас би можела да побара од судот да ја „замрзне“ продажбата сè додека не се утврди дали нејзините браќа и сестри воопшто имаат овластување да го продадат преостанатиот семеен удел од 17,82 отсто во „Лејкерс“. „Она што би се очекувало тој да го направи во одреден момент е да побара судска забрана. Всушност, му велите на судот: 'Сè уште немавме време да го решиме целиот случај, но се подготвува нешто што подоцна не може да се поништи'“, објасни Данкан. Бас би можела да аргументира дека со губењето на нејзиниот сопственички удел и на позицијата гувернер на „Лејкерс“, би претрпела штета што подоцнежната финансиска компензација не би можела да ја надомести. „Запрете ја продажбата. Не дозволувајте таа да се реализира пред да стигнеме до судење, бидејќи ќе претррам непоправлива штета, а парите подоцна нема да можат да ме вратат на мојата претходна позиција“ – вака Данкан ја опиша содржината на нејзиното евентуално барање. Сепак, таков чекор сè уште не е можен, бидејќи продажбата на акциите на семејството Бас сè уште не е формално започната. Според Данкан, неопходно е најпрво да пристигне официјалното известување од Марк Волтер и трансакцијата да влезе во соодветната правна процедура. Пет од шесте деца на покојниот Џери Бас – Џим, Џони, Џени, Џои и Џеси – гласаа за продажба на семејниот удел на Боб Ајгер и Џошуа Кушнер, додека Џини се обидува да ја блокира трансакцијата. Во август, Ајгер и Кушнер се договорија да го купат мнозинскиот удел на Марк Волтер, во зделка со која вредноста на „Лејкерс“ се проценува на дури 12,5 милијарди долари. Сепак, Данкан предупреди дека не е сигурно оти судската одлука од 2017 година ѝ дава право на Џини Бас да ја блокира продажбата. „Формулацијата на таа одлука воопшто не се однесува на продажба. Во неа само се вели дека Џини треба да биде гувернер“, рече тој. Првото рочиште во тековниот судски спор беше закажано за 5 ноември, но беше преместено за 8 декември.Тагови: ЛА Лејкерс НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни. СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари. И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура. Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа. Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема. Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања? СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка. Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиитеКошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната. The ref just ran up to Luka Doncic at the half and was held back by an assistant Luka looked CONFUSED as hell 😭 https://t.co/mSds4Jeeoo — LakersCenter (@LALakersCenter) November 19, 2026 Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане. Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната. Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECIНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбранатаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative) Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative). На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР. Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки. За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот. На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45