Уште една жена го обвини Крис Нот: Се лигавеше по мене, го турнав - Канал 5

Уште една жена го обвини Крис Нот: Се лигавеше по мене, го турнав

Актерот Крис Нот е обвинет за сексуална злоупотреба од четврта жена.

Уште една жена го обвини Крис Нот: Се лигавеше по мене, го турнав

Пејачката и текстописец Лиза Џентил рече дека актерот насилно ја бакнал и допирал во нејзиниот стан во Њујорк. Џентил тврди дека инцидентот се случил откако го запознала актерот во ресторанот „Да Марино“ во центарот на Менхетен, каде друга жена тврдела дека Нот ја нападнал.

Џентил рече дека се познава со актерот од 1998 година, а инцидентот се случил во 2002 година кога Нот ја возел дома и побарала да го види нејзиниот стан. Таа тврди дека потоа ја турнал, ја бакнал против нејзина волја и ја грабнал за гради.

"Ме лигавеше и брзо стана непријатно. Стана поагресивен, ми ги стави двете раце на градите и почна силно да ми ги стиска преку кошулата", изјавила кантавторката.

Таа вели дека Нот ги ставил рацете под нејзината кошула и таа се обидела да го оттурне.

"Постојано ги туркав неговите раце од себе, додека тој постојано ги туркаше на моите гради. Се обидов да го натерам да застане. Откако успеав да го оттурнам, тој многу се налути и почна да вреска и ме нарекуваше заводничка и кучка, а потоа истрча од мојот стан“, рекла Џентил, пренесува The Guardian.

Таа додала дека Нот и се јавил наутро и и` се заканил дека ако некогаш некому каже што се случило претходната вечер, ќе и ја уништи кариерата и ќе ја стави на црна листа за никогаш да не добие работа.

„Се плашев да кажам за ова поради моќта на Нот и неговите закани дека ќе ми ја уништи кариерата“, рече Џентил и сега е охрабрена да излезе во јавноста со нејзината приказна за да ги поддржи жените кои зборувале анонимно.

Да потсетиме, актерот досега е обвинет од три жени за сексуално вознемирување во периодот од 2004 до 2015 година, а по обвинувањата беше отпуштен од телевизиската серија на CBS The Equalizer. Обвиненија против актерот упатија и неговите колешки од серијата Сексот и градот, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристен Дејвис.

„Многу сме тажни што ги слушаме обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се огласија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека мора да им било многу тешко да го направат тоа и ги пофалуваме за тоа“, напишале актерките во заедничка изјава на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдињо се враќа во фудбалот, ќе игра во италијанската трета лига

-Во форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол!

Роналдињо се враќа во фудбалот, ќе игра во италијанската трета лига

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Бразилец Роналдињо се врати во професионалниот фудбал на 46-годишна возраст и официјално потпиша за Равена, член на италијанската Серија Ц.

Италијанскиот клуб подготви свечено претставување за освојувачот на „Златната топка“ од 2005 година и светски шампион со Бразил од 2002 година.

Во таа пригода, Роналдињо изјави дека сака да му помогне на тимот, но и дека се надева на јубилеј – својот 300-ти гол во кариерата. „Сакам да ги инспирирам и да ги мотивирам другите фудбалери за да имаме спектакуларна сезона и, доколку е можно, да победуваме. Токму затоа дојдов овде“, изјави Роналдињо на италијански јазик за време на промоцијата.

Иако својот последен официјален натпревар го одигра во 2015 година во дресот на Флуминенсе, поранешниот најдобар играч во светот нагласува дека е подготвен за предизвици.

„Дали ќе ме видите на теренот? Не знам, тоа го знае само тренерот. Во добра форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол. Ако тоа се случи, ќе биде уште подобро, нели?“.

Поранешниот ас на Барселона и Милан истакна дека пристигнал во Равена првенствено поради блиските односи со луѓето од клубот. „Многу ми е мило што сум овде со пријателите, но ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите со тимот. Дојдов поради пријателството што го имаме и тоа е сè. Ќе видиме како ќе напредува тимот. Тука сум за да помогнам.“

Во текот на денот, Бразилецот пристигна на аеродромот во Форли (регионот Емилија-Ромања), каде што веднаш се вклучи во клупските активности по повод почетокот на новата сезона.

Неговиот ангажман првенствено е дел од комерцијалната стратегија на Равена, со цел да се зголеми меѓународната видливост и да се зајакне брендот.

Сепак, планирано е Роналдињо да одигра барем еден официјален натпревар во текот на сезоната. „Нека започне магијата!“ Клубот сè уште официјално не објави кога Бразилецот би можел да дебитира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иран губи дел од контролата на Ормутскиот теснец, се отвора алтернативен коридор за танкери.Според изворите, резултатот е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иако тврдењата на Доналд Трамп дека Соединетите Држави имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец не се сосема основани, се чини дека одредени околности сè повеќе работат против Техеран.

Според аналитичарите со кои разговараше CNN, повеќе од 80 отсто од суровата нафта што поминала низ Ормускиот теснец во изминатите 14 дена била транспортирана преку оманската рута.

Овој коридор е признаен од Обединетите нации, додека Иран го смета за повреда на својот суверенитет над теснецот.

Проценките укажуваат на тоа дека и речиси целиот преостанат сообраќај се одвива по оваа рута; сепак, некои пловни објекти се движат „во мрак“ – односно со исклучени транспондери – за да избегнат да станат цели на патролите на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRGC).

Хомајун Фалакшахи, раководител на одделот за анализа на пазарот на сурова нафта во компанијата „Kpler“, истакнува дека пред само еден месец речиси и да немало комерцијален сообраќај по оваа рута. Во рок од само неколку недели, ситуацијата целосно се променила. Според неговата проценка, станува сè поочигледно дека Иран изгубил барем делумна контрола врз тој дел од морето. Оваа промена не се однесува само на транспортот на сурова нафта. Во периодот од 1 до 19 август, низ Ормускиот теснец поминале вкупно 236 пловни објекти од различен тип.

Осумдесет и три пловни објекти ја користеле иранската рута, три го користеле оманскиот коридор, а два се движеле по старата централна рута што се користела пред војната. Останатите 148 пловни објекти – што претставува повеќе од шест од секои десет – поминале со исклучени транспондери. Пред војната, таквите пловења сочинувале околу 35 проценти од вкупниот број.

- На тој начин, Иран делумно би ја изгубил контролата врз теснецот: танкерите за нафта минуваат низ него, игнорирајќи ги предупредувањата од Техеран, но тоа го прават под придружба.

Тука настапува Вашингтон. Веб-страницата „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Соединетите Држави веќе неколку недели дискретно управуваат со транзитен коридор долж јужниот канал – во близина на водите на Оман: секоја ноќ, танкерите за нафта влегуваат и излегуваат од теснецот во две долги колони – една за влез и една за излез – под координација на оперативна група стационирана во Форт Брег, историското седиште на 82-та воздушно-десантна дивизија.

Резултатот, според изворите, е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно; иако ова претставува половина од обемот пред војната, сепак означува огромен пораст во споредба со драстичниот пад забележан во последните месеци – пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер