Уште два случаи на малолетничка бременост во домот „25 Мај“, но овој пат немало злоставување/Обновен - Канал 5

Уште два случаи на малолетничка бременост во домот „25 Мај“, но овој пат немало злоставување/Обновен

Од другата страна на розовите ѕидови на домот „25-ти Мај“ живеат деца чии судбини се различни, но едно е заедничко останеле без своите семејства.

Уште два случаи на малолетничка бременост во домот „25 Мај“, но  овој пат немало злоставување/Обновен

Тоа се деца што имаат воспитно социолошки проблеми. Овој дом и една од многуте згрижувалишта за 13 годишното девојче кое минатата недела заврши на абортус. Од домот велат дека секое заминување на девојчето од домот било пријавувано во полиција.

Последен пат бола згрижена во шелтер центарот. Иако било реагирано од јавното обвинителство не отвориле истрага за овој случај, девојчето било пуштено повторно. Од јавното обвинителство во писмено соопштение велат дека доставена наредба за проверка за сите наводи. Но, во писмениот допис до медиумите немаше одговор зошто на пријавите не реагирале порано.

„Повикани се и се врши сослушување на повеќе лица кои можат да придонесат кон утврдување на фактите и за кривичната одговорност. Во врска со последните информации кои се однесуваат на поголем број штитеници од установата, Обвинителството достави писмено барање до Министерството за труд и социјална политика со цел прибирање на потребни податоци“ се вели во соопштението.

Кривична пријава за сексуална злоупотреба доби 18 годишен велешанец. Уште две малолетнички се бремени. 15 годишно девојче затруднело од штитеник во домот, а 17 годишна со момче од надвор, но решила да го роди детето и да задржи.

Од домот посочуваат дека тука живеат 26 деца. Старател ги од домот е замена за „мамо“ и „тато“. Тој се грижи целосно за малолетниците.

Во тимот се вклучени психолог, социолог и социјални работници. Децата излегуваат на училиште, има систем за излегување но не можат да се затворат целосно, објаснуваат од домот.

За секое дете се бележи во документ како напредува детето, дали оди на училиште. Канал 5 дојде до информации дека пред еден месец малолетничка од домот се породила и го оставила своето чедо. Министерката Царовска за канал 5 негираше.


Министерството за труд и социјална политика излез од повеќе годишниот проблем гледа во трансформација во помали домови каде ќе биде многу подобро за воспитување и чување на децата чии родители по различни основи го изгубиле родителското право.





YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа.

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа – учесници во креирањето на независната македонска држава, меѓу кои поранешни функционери и јавни личности на панел-дискусија ги споделија своите искуства, откривајќи и нови моменти од закулисјето на настаните кои довеле до прогласувањето независност. Денешната претседателка а тогашен член на Уставната комисија – Гордана Сиљановска Давкова како и вториот министер за правда – Туше Гошев посочија дека владеење на правото останува предизвик за државава.

-Таа не се гради само со демократските избори и конституирањето на институциите, туку со градење функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и слободи, и се разбира со почитување на највисоките стандарди не само на домашното туку и на меѓународното право.- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија

-Можам слободно да кажам дека со воведувањето на пропорционалниот модел на избор на пратеници во Собранието, мислам дека се стави мораториум на еден дел од Уставот на Република Македонија. // Во конкретниот случај имаме украден суверенитет од политички партии, политичките партии го зимаат суверенитетот од граѓаните. - Туше Гошев – поранешен министер за правда

Во првите мандати се пропуштија неколку шанси за создавање на попријатен амбиент за сите граѓани во земјата – смета еден од првите луѓе на тогашната Партија за демократски просперитет на етничките албанци во земјава - Насер Зибери.

-Мислам дека релацијата права – лојалност е секогаш битна за стабилност и просперитет во една земја, мислам дека во тој период имаше недостаток и на едниот елемент и на другиот. - Насер Зибери – член на поранешната партија за Демократски просперитет

Пратеникот од првиот Собраниски состав – Петар Гошев тврди дека во договорот со Бугарија е направена иста грешка како и во пресудниот Конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, кога до крај не се определиле виталните интереси на републиките.

-Тоа е истото кога во член 12 од Договорот со Бугарија е договорено дека ние имаме заедничка историја. Фино! А што е заедничка историја? Не е договорено. Епа сега тоа ќе се расплетува, отплетува до не знам кога.- Петар Гошев , пратеник од првиот собраниски мандат

Според поранешниот министер за надворешни работи – Благој Ханџиски, уште на првите седници на Собранието како што вели, веќе знаел дека меѓународното признавање, прашањето за името и односите со соседите на Македонија ќе останат долгорочни проблеми за решавање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото забележа историски раст од 22 проценти во вториот квартал

Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22%.

Николоски: Градежништвото забележа историски раст од 22 проценти во вториот квартал

Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22% што покажува дека капиталните проекти се работат со силна динамика и станува основен двигател на економијата, изјави вицпремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

На 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ .

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

На 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер