НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
ЖивотУникатната убавина на Шар Планина конечно ќе биде крунисана во Национален паркШар Планина е едно од непроценливите богатства на земјава, но беа потребни години за да се стигне до моментот таа да биде прогласена за Национален парк, со што конечно ќе биде заштитенa нејзината скапоцена природа.Територијата на Шар Планина изобилува со природни богатства од најразличен вид: геолошки и геоморфолошки форми, глацијални езера и планински водотеци и огромна биолошка разновидност претставена преку разновидните станишта (шуми, пасишта, тресетишта итн.), видов диверзитет со присуство на голем број ендемични, ретки и реликтни растенија, животни и габи, како и значајни сорти и раси културни растенија и животни. Покрај тоа, значајно е и културното наследство изразено преку карактеристичниот предел формиран со милениуми како резултат на традиционалното сточарство и искористување на шумите. Со прогласувањето на Шар Планина за Национален парк се гарантира заштита на биолошката разновидност, заштита на природата, на сите видови, но и развој на инфраструктурата, туризмот, како и зелените работни места. Туризам на Шара Секоја година се повеќе и повеќе се развива туризмот на Шара, но за жал, се уште не е постигнато потребното ниво за целосно искористување на нејзиниот капацитет. Во зимскиот период туристите се побројни поради можностите за зимски спортови, но Шара има што да понуди и во останатите периоди од годината за оние кои уживаат во локална храна, јавање коњи, планинарење, како и долги прошетки во природа. Со години наназад голем број од локалните жители чуваат овци и крави, а со нивното млеко произведуваат традиционално сирење со врвен квалитет. При медиумската посета на Шар Планина, имавме прилика да се запознаеме со повеќе лица кои се занимаваат со туризам. Она што особено воодушевува е нивната комуникација и меѓусебно помагање. Сопственик на хотел раскажа како сите меѓусебно си помагаат. Тој откупува млечни производи од луѓето кои чуваат овци, на неговите туристи им нуди јавање со коњи со лицата кои ја нудат таа услуга. Нуди слатки и домашни производи подготвени од жени кои живеат во локалните села. Човекот кој поседува коњи, ни овозможи да уживаме во тоа искуство и при тоа не однесе на бачило кај еден постар господин кој целата енергија ја посветил на тоа место да му даде посебна магија. Тој изготвува различни видови на сирење, со билки, зачини и дефинитивно многу љубов. Таму служат со домашно овчо кисело млеко, бакрдан, различни видови сирење и ѓомлезе. Сосема разбирливо зошто странските туристи се воодушевени од тамошната локална храна и повторно се враќаат. Шара е одлично место и за поразлични видови на спорт, па така таму веќе е развиено и фрирајд скијањето, како и планинскиот велосипедизам. Интересно е како тие гледаат на прогласувањето на Шар Планина за Национален парк. Сите со нетрпение го очекуваат и покрај тоа што тоа ќе им донесе одредени ограничувања и обврски, но како што велат тие, тоа ќе донесе огромни можности и развивање на туризмот во вистински правец. Гледишта на локалните жители Осумдесет и шест проценти од локалното население смета дека во регионот ќе има позитивни промени доколку Шара се прогласи за национален парк. И покрај тоа што тоа е еден од најубавите предели во земјава, жителите во триесетината тамошни села живеат во супстандардни услови. Лоша инфраструктура, дивоградби, неконтролирана сеча на шумите, несоодветно одлагање на отпад, се само дел од проблемите со кои тие се соочуваат. Но, прогласувањето на Шар Планина за Национален парк дава огромна надеж за конечно решавање на тие проблеми. Жителите се среќни што конечно ќе дојде до промени во тие аспекти, но исто така имаат големи очекувања за забрзано развивање на регионот, а со тоа и поголеми можности за нивна егзистенција. Належните во изминатиот период остварија многу средби со локалните жители за да ги слушнат нивните барања и во таа насока да се изготви планот за управување со НП. Најзначајно е тоа што во идниот план за управување се земени предвид речиси сите потреби на населението со цел да не се наруши нивниот досегашен животен тек. Управа на НП Шар Планина Откако Шар Планина ќе биде прогласена за Национален парк, државата ќе обезбеди идна управа што понатаму ќе раководи со НП. Она на што е посветено огромно внимание е планот за управување со НП, што ќе претставува алатка за идното работење на Јавното претпијатие. Според планираното, Нацрт-планот ќе биде презентиран во септември, а финализиран во октомври. Чекор по чекор, со макотрпна работа за многу скоро време ќе бидат видливи и првите промени по прогласувањето. Развојот на туризмот во тој регион ќе биде од голема корист за Северна Македонија, како и за локалните жители кои на тој начин ќе егзистираат. Со прогласување на Шар Планина за Национален парк ќе се заштити огромното природно богатство што го поседува планината, ќе се привлечат странски инвестиции и донации, ќе се зачуваат традиционалните вредности на подрачјето, ќе се развие еко-туризмот, но и со оглед на тоа што планината е прекуграничен регион ќе се зацврсти соработката во прекугранични рамки со Косово и Албанија. Денови до прогласувањето Прогласувањето на Шар Планина за Национален парк веќе е во собраниска процедура, односно останата е последната фаза, а тоа е гласањето. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини изрази надеж за голема поддршка со оглед на поддршката на претходните дебати од 90 претеници. Надлежните со полна пареа работат за она што следи по прогласувањето, а нивниот ентузијазам дава голема надеж дека го државава можат да се случат големи промени од кои сите ќе имаат придобивки. Па, останува само да го чекаме моментот за славање, земјава по шеесетина години ќе добие нов Национален парк. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРасел Бренд се соочува со нови тужби- загрозено му е богатството од 17 милиони евра Расел Бренд (51) вчера беше прогласен за виновен по едно обвинение за силување и три обвиненија за сексуален напад во Краунскиот суд Саутерк во Лондон . Казната сè уште не е објавена и ќе биде одредена за неколку дена, додека актерот моментално е во притвор. Покрај повеќегодишната затворска казна, тој се соочува со сериозни финансиски последици. Според извештаите на медиумите, вклучувајќи го и „Гардијан“, други жртви би можеле да го тужат Бренд за отштета. Неговото богатство се проценува на околу 17 милиони евра, но оваа сума не е официјално потврдена и би можела значително да се намали поради можни граѓански тужби, пишува „Промифлеш“. Се очекуваат и бројни барања за отштета Една жена веќе бара до 120.000 евра во Високиот суд во Лондон, а против него е поднесена уште една тужба во САД. Се очекува дека и други жени би можеле да поднесат слични барања. Обвинителот во Лондон го обвинува Расел дека сексуално ја нападнал во 2008 година во неговата вила во Лос Анџелес. Судските документи, што ги виде „Гардијан“, наведуваат дека тој насилно ја соблекол нејзината облека и долна облека и ја турнал на креветот. Потоа, наводно против нејзина волја, тој се обидел да изврши орален секс врз неа. Жената рекла дека успеала да избега и подоцна ѝ е дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН). Таа ја поднела тужбата во 2025 година, а Расел оттогаш ја нарекол „фундаментално нечесна“. Постапката по таа тужба била прекината за време на тековното судење бидејќи наводниот инцидент се случил надвор од надлежноста на англиските кривични судови. Оваа жена не била една од четирите обвинители во кривичната постапка. Сомнителни приходи и нови истраги Не е познато колку пари Расел Бренд моментално поседува или колку од неговите средства му се достапни. Тој остварил приход од комедија, телевизија, радио, холивудски филмови, книги и онлајн формати. Откако бил демонетизиран на YouTube во септември 2023 година, Дејли Меил проценил дека заработувал околу 1 милион евра годишно на таа платформа. Во меѓувреме, Метрополитенската полиција сè уште истражува уште две обвинувања за силување. Документацијата за тие случаи веќе е предадена на Канцеларијата на британскиот државен обвинител.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)Во Литванија започнаа воените вежби на Бундесверот, во кои учествуваат повеќе од шест илјади војници, а ќе траат до 3 декември.„Во вежбите „Штит на слободата 26-II“ и „Голем орел 26“ учествуваат единици на литванската 45-та оклопна бригада Литванија и 37-ма моторизирана пешадиска бригада Саксонија на германската 10-та оклопна дивизија“, се вели во соопштението, јавува LRT. Заедно со литванските и германските војници, борбена обука ќе поминат и војници од мултинационалната борбена бригада на НАТО од Германија, Холандија, Норвешка, Чешка, Хрватска, Белгија и Луксембург, како и литванска воена единица. 🇩🇪🇱🇹 В пятницу в Литве начинаются масштабные военные учения Бундесвера с участием более 6000 военнослужащих.‼️ 🛡️В маневрах Freedom Shield 26-II и Grand Eagle 26, которые продлятся до 3 декабря, задействованы подразделения 45-й бронетанковой бригады Lietuva и 37-й мотопехотной бригады Sachsen 10-й танковой дивизии Германии.‼️ — Александр Кайдаш (@wizardaleks) November 6, 2026 Главната цел на маневрите е да се зголеми борбената готовност на војниците, да се вежба команда и контрола и планирање на операции, како и да се зајакне соработката со сојузниците. Литванската војска појасни дека вежбата „Штит на слободата 26-II“ ќе се одржи на воениот полигон Руднинкај, додека вежбата „Голем орел 26“ ќе се одржи на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во близина на градот Пабрада. Do Polski wlewają się coraz większe ilości niemieckiego wojska !!! Nie wypada nikogo straszyć obecnością sojuszników z NATO, ale pomimo przemieszczania się niemieckich wojsk na wschód czy to do Litwy gdzie stacjonuje niemiecka brygada, czy to na ćwiczenia w Polsce to należy głośno powiedzieć, że jest to najgorszy możliwy moment aby niemiecka armia była widziana na polskich drogach. W tej chwili trwa zamach na polską wolność i demokracje premiera, który ma niemieckie pochodzenie i elity UE oficjalnie go wspierają. Do tego obecnie na czele UE stoi niemiecki komisarz i albo te niemieckie wojska rzeczywiście przybywają z odsieczą dla puczysty Tuska albo niemieckie Elity po prostu mają całkowitą pogardę dla Polaków. Obie opcję są godne potępienia. — Dariusz Wiewiórka (@darekwiewiorka) November 6, 2026 Воените возила ќе бидат во активна употреба во текот на целата воена вежба. Најголем сообраќај на конвои се очекува од граничниот премин Калварија на 6 и 7 ноември, а од Клајпеда на 10 и 12 ноември. Локалните жители се предупредени за можни прекини во сообраќајот и се замолени строго да ги следат упатствата на воената полиција. Русија во последните години постојано изразува загриженост за активностите на НАТО долж нејзините западни граници. Кремљ истакна дека Москва не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.Тагови: воена вежба НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиитеПознатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at. На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“. Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл. View this post on Instagram A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) Тој сака повторно да се врати на шпоретот Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој. Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел. Тагови: Џејми Оливер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00