Украински плејбој од притвор во Дубаи: Не се качував со голите жени на џамија... - Канал 5

Украински плејбој од притвор во Дубаи: Не се качував со голите жени на џамија...

Виталиј Гречин (41), американски плејбој со украинско потекло, останува во притвор во Дубаи поради фотографијата објавена на социјалните мрежи на која се гледа како голи девојки позираат на балкон.

Украински плејбој од притвор во Дубаи: Не се качував со голите жени на џамија...

Тој продолжува да тврди дека контроверзната снимка била „чиста уметност“ и негира дека им наредил на своите „пријателки“ да се соблекуваат. Во меѓувреме, сите жени на фотографијата се ослободени од затвор и депортирани во нивната родна Украина и забрането им е враќање во Обединетите Арапски Емирати во рок од пет години.

Во своето прво интервју откако завршил зад решетки, Виталиј се извинил за својата „грешка“. Тој вели дека немал намера да навреди некого, а за фотографијата со голи украински модели тој вели: „Тоа е уметност, таквата снимка во која било друга земја би се сметала за сосема нормална“. Богатиот човек исто така истакнува дека сите девојки кои позирале - а имало 20 - биле „пријателки кои биле на одмор во Дубаи“.

- Јас лично платив за тоа патување, сакавме да избегаме од заклучувањето, да се забавуваме ... Сето тоа заедно ме чинеше околу 10.000 американски долари. Сакав да се опкружам со луѓе со кои се чувствувам пријатно, за вас е исто како кога одите на вечера во ноќен клуб или ресторан. Немаше продажба, немаше купувања, ништо од тоа. Овие девојки не се дами или придружнички, тие се мои добри пријателки, а снимањето не беше реклама за сексуални услуги или, не дај Боже, порнографија - вели Грешин и додава дека по скандалот со фотографијата платил неколку стотици илјади фунти за да помогне девојките да бидат ослободени.

На прашањето дали се извинил за навредата на религиозните чувства на муслиманите во Дубаи, американскиот Украинец рече: „Секако дека се извинив. И девојките се извинија. За мене, сè што се случи беше едно многу непријатно искуство. Не бев во право и се извинив. Јасно е дека не ми била намерата да навредам никого, јасно е дека не се искачивме голи на џамија ...

Ние всушност бевме во базен на мојот пријател и на крајот на денот девојките мораа да се преоблечат. Отидоа во станот, но сакаа да излезат на балконот да се фотографираат со поглед на облакодерите ... Соседот го сними и видеото стана вирално ... Сега знам дека не требаше да дозволам нешто како ова, но девојките мислеа дека се на приватна сопственост, зад затворени врати, далеку од очите на јавноста. Секако, жалам за сè, па изгубив еден месец од животот - изјави Виталиј.

Тој тврди дека жените поминале десет дена во затвор за спорното снимање, без доволно храна, вода и средства за хигиена, и морале да спијат на метални кревети без чаршави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. 

Митева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа.

„Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели , претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции.

„Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева.

Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки.

„Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“, вели Митева.

Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија.

„Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евра

Дизелот и бензинот уриваат рекорди во ЕУ,цените на највисоко ниво во последните 20 години

За полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евра

Цените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела достигнаа највисоко ниво откако се следат податоците, односно во последните повеќе од 20 години.

Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра, пренесува Индекс, Хр.

Растот на цените значително го поттикнуваат високите рафинериски маржи, а експертите на Европската Централна Банка проценуваат дека маржите за дизелот врвот ќе го достигнат дури во октомври, што укажува на можноста цените да останат високи.

Цените на горивото на бензинските станици значително пораснаа по почетокот на конфликтот на Блискиот исток, што дополнително ги засили инфлаторните притисоци..

...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Мицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. 

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно.

Народот не е наивен. Сметката е проста.

За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи.

Цевките со Грција и Србија ги најавува. Капацитетот што го ветува - три, шест, осум милијарди кубици - не постои денес.

Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери.

Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име.

ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува.

Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери.

Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата.

Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка.

Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја "пие" струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата.

Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа.

Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација.

Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција.

Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата.

Скопје, 19.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер