СветУкраинската Влада го смени министерот за правда Галушченко, опфатен во истрагата за корупцијаУкраинската влада денеска одлучи да го разреши Герман Галушченко од функцијата министер за правда, соопшти премиерката Јулија Свириденко.Според нејзината објава на Телеграм, украинската влада утринава одржала вонредна седница на која е донесена одлука да се разреши Галушченко од функцијата министер за правда, пренесува Укринформ. Таа додаде дека Кабинетот на министрите функцијата министер ѝ ја доделил на заменичката министерка за правда задолжена за европски интеграции, Људмила Сугак. - Разговарав со премиерката на Украина, Јулија Свириденко. Се согласувам целосно: Треба да се донесе политичка одлука, а дури потоа да се разгледаат сите детали. Не се држам до функцијата министер и нема да се држам. Верувам дека суспензијата за време на траењето на истрагата е цивилизирано и правилно сценарио. Ќе се бранам во правната сфера и ќе го докажам мојот став, напиша Галушченко на Фејсбук. Националното биро за борба против корупција на Украина на 10 ноември објави специјална операција за откривање корупција во енергетскиот сектор. Истрагата утврдила дека членови на криминална организација изградиле голема шема на влијание врз стратешки претпријатија од државниот сектор, особено врз ННЕГЦ Енергоатом. Информиран извор од органите за спроведување на законот соопшти за Укринформ дека вработени во антикорупциското биро извршиле претреси во резиденцијата на бизнисменот и косопственикот на студиото „Квартал 95“ Тимур Миндич, како и во резиденцијата на министерот за правда Герман Галушченко, кој претходно ја извршувал функцијата министер за енергетика. Полициските службеници на 11 ноември привеле пет лица во рамките на истрагата за корупција во енергетскиот сектор, а седум лица се пријавени како сомнителни. Службениците за спроведување на законот извршиле претреси во Енергоатом и во куќата на министерот за правда Галушченко, наведуваат украинските медиуми.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНикарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 годинаМинистерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс. Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар. Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи. Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД. Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата. Политичка криза во Никарагва Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата. Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век. Извор: Б92Тагови: Никарагва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook