1Драма во Грција: Албанец ѝ дал 1.000 евра на сопругата „за трошок“, па отишол да ја убие љубовницата
3Русија лансира и постави вселенско летало во земјината орбита за потребите на Министерството за одбрана
СветУкраина повикува да се истражат обвинувањата дека Русија употребува хемиско оружје Украина побара од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во Хаг да ги истражи наводите дека Русија користела забранета токсична муниција против украинските сили.Барањето за отворање истрага беше денека поднесено од Киев до управното тело на организацијата. Ова доаѓа откако германските и холандските разузнавачки агенции во петокот изјавија дека имаат докази за широка употреба на забрането оружје од страна на Русија. ОПЦВ формираше тим во 2018 година за да ги истражи наводите за употреба на хемиско оружје во Сирија. Тимот за истрага и идентификација изјави дека сириските владини сили и милитантите на Исламска држава користеле забрането хемиско оружје за време на граѓанската војна што започна во март 2011 година. САД прво ја обвинија Русија во мај за употреба на хлоропикрин, хемикалија која е потоксична од средствата за контрола на немири и првпат ја користеше Германија во Првата светска војна. ОПЦВ е агенција за разоружување со 193 земји со седиште во Хаг и минатата година изјави дека обвинувањата за употреба на хемиско оружје разменети меѓу Русија и Украина се „недоволно основани“. Двете страни негираат дека користеле хемиско оружје во конфликтот, кој ескалираше откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. -Украина со ова бара од генералниот директор на ОПЦВ да преземе чекори за воспоставување независен и непристрасен механизам за истрага на случаи на наводна употреба на хемиско оружје во Украина, се вели во украинското барање. Се бара на механизмот да му се даде овластување да „собира дополнителни докази и да ги идентификува сторителите, организаторите и спонзорите на таквата употреба“. Документот беше поднесен на почетокот на четиридневниот состанок зад затворени врати на Управниот совет на ОПЦВ, составен од 41 земја. Организацијата сè уште не го коментираше барањето. -Најмалку три смртни случаи во Украина се поврзани со употребата на хемиско оружје, соопшти холандското воено разузнавање, а украинските здравствени власти соопштија дека повеќе од 2.500 лица повредени на бојното поле пријавиле симптоми поврзани со хемиско оружје. Велика Британија вчера воведе санкции врз двајца руски поединци и еден субјект под нејзиниот режим на санкции за хемиско оружје, како дел од нејзините најнови напори да ја казни Москва за нејзината војна во Украина. Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МагазинНова студија: Децата кои поседуваат мобилен телефон се помалку писменинова студија од UCLA покажува дека учениците од основно училиште кои поседуваат мобилен телефон имаат значително полоши резултати на тестовитеГенерацијата Z се профилира како една од генерациите со најниска писменост во модерната историја, а се предвидува дека генерацијата Алфа би можела да има уште полоши резултати. Со години резултатите од тестовите за читање се сè полоши, а способноста да сес разбере прочитаното е драстично во опаѓање. Согласно на ова, нова студија од UCLA покажува дека учениците од основно училиште кои поседуваат мобилен телефон имаат значително полоши резултати на тестовите за разбирање од нивните врсници без мобилен телефон. Наодите се објавени во списанието Behavioral Sciences. Треба да го одложите купувањето телефон до крајот на основното училиште Студијата, исто така, откри интересен детаљ. Не е пресудно дали мобилниот телефон бил присутен за време на тестот, туку самото поседување уред е поврзано со послабо читање. Влијанието на паметните телефони врз вештините за читање кај третоодделенците е толку негативно што научниците од UCLA им советуваат на родителите да почекаат со купувањето прв мобилен телефон додека нивното дете не заврши основно училиште. Проблем со писменоста и новите навики Овие наоди се совпаѓаат со предупредувањата од невролозите. Неврологот Џаред Куни Хорват претходно оваа година изјави дека генерацијата Z би можела да биде „прва генерација во модерната историја која на стандардизираните академски тестови има полоши резултати од претходната генерација“. Во овој контекст, не изненадува порастот на популарноста на читателските клубови, вклучувајќи ги и нивните луксузни верзии. Во ваквите клубови, возрасните плаќаат илјадници евра за заедничко читање книги, што во суштина е скап начин да се наметне лична дисциплина и одговорност. Извор:index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ЖивотЗошто сè повеќе припадници на генерацијата Z одбиваат раководни позиции?За генерацијата Z, успехот во кариерата повеќе не се дефинира со напредувањеМладите вработени сè помалку се стремат кон менаџерските позиции, а доколку компаниите не успеат да развијат нови лидери, би можело да им биде сè потешко да ја одржат организациската ефикасност. За генерацијата Z, успехот во кариерата повеќе не се дефинира со напредување, а многумина од нив приоритет даваат на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот отколку на поголемата одговорност и подолгото работно време. Овој тренд станува сè поголем предизвик за компаниите, многумина од нив веќе се борат со развојот на следна генерација лидери. „Според глобалните истражувања, само околу 6% од генерацијата Z би презеле раководни улоги и би станале шефови, што првенствено се должи на поголемата одговорност што доаѓа со работата. За организациите и нивните структури, ова е многу голем проблем“, изјави за Euronews Томаш Шкларски, извршен директор на Enpulse и стручњак за ангажман на работното место. Во последниве години, бројот на вработени што му одговараат на еден менаџер значително се зголемил, а просечната големина на тимот се дуплирала од околу шест на дванаесет лица. Ова ги става менаџерите под сè поголем притисок. Од една страна, тие се одговорни пред одборите и вишите раководители за исполнување на деловните цели. Од друга страна, од нив се очекува да го поддржат развојот, мотивацијата и благосостојбата на сè поголемите тимови. „Генерацијата Z внимателно ја процени рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот наспроти жртвата потребна да се стане шеф. Младите луѓе јасно го гледаат товарот што доаѓа со менаџментот. Менаџерот е одговорен и пред своите претпоставени и пред сè поголемите тимови на кои им е потребна постојана поддршка“, изјави Шкларски. Проблем што може особено силно да ја погоди Европа Падот на интересот за менаџерските улоги не е проблем само за поединечни компании, туку е глобален тренд што може да се покаже како особен предизвик за Европа, каде што демографските промени веќе ја намалуваат работната сила. „Сè помалку луѓе ќе работат, особено во Европа. Ако не обучиме нова генерација менаџери и не ги подготвиме луѓето да преземат одговорност за тимовите, ќе се соочиме со растечки предизвици во одржувањето на организациската ефикасност“, предупредува експертот. Додека вештачката интелигенција сè повеќе продира во деловниот свет и автоматизира многу процеси, Шкларски верува дека тоа нема да го реши проблемот со недостигот на менаџери. Експертот тврди дека останува нејасно дали вештачката интелигенција би можела ефикасно да ја пополни улогата на менаџер. Водењето тимови сè уште бара вештини што тешко се заменуваат, вклучувајќи емпатија, градење односи, мотивирање на вработените и донесување одлуки што ја земаат предвид човечката страна на организацијата. Извор:forbes.dnevnik.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
СудбинаПоради кавга за мобилен- татко и син паѓаат во бездна, загина и мајката (Вознемирувачко видео) Потресно видео кое го прикажува моментот кога татко и син паѓаат од карпа во индиската држава Махараштра кружи на социјалните мрежи.18-годишното момче и неговите татко и мајка починаа во петок, 21 август, откако скокнаа од карпа еден по друг. На трагедијата ѝ претходела расправија за мобилен телефон што момчето го купило на рати, но не можело да го исплати, објави НДТВ. Според медиумските извештаи, Кунал Чандгуде излегол од дома по расправија со својот татко и се искачил на рид во областа Тисгаон околу 10 часот наутро. Неговите родители го следеле, а за време на речиси тричасовниот разговор, им се придружиле бројни селани, и го слушнале Кунал како се заканува дека ќе скокне од карпата. Селаните се обиделе да го разубедат. „Тој живее за мајка си“, се обидел да го убеди еден човек. „Не, морам да умрам. Тоа е единствениот начин“, одговорил Кунал. Поранешниот старешина на селото, Санџај Јадав, исто така, се обидел да разговара со младиот човек. „Го молевме да ја погледне мајка му, да не скока, му рековме дека е образован и дека има иднина пред себе. Пробавме сè“, рече Јадав. Други дури понудија да му купат iPhone 15 Pro, но Кунал сепак инсистираше дека смртта му е единствениот излез. Според полицијата, младиот човек го купил iPhone-от на рати и барал пари од семејството за да го отплати. По расправија со татко му за последната рата, тој излегол од дома во бес и се искачил на карпата. Околу 13 часот, неговиот татко, Мурлидар, му се приближил на својот син кој стоел на работ на карпата и се обидел физички да го извлече од работ. За жал, двајцата ја изгубиле рамнотежата и паднале во бездната, што исто така било снимено со камера. Мајката на Кунал, Сангита, која ги видела сопругот и синот како паѓаат, отишла до работ на карпата неколку моменти подоцна и скокнала. Сите тројца починале на местото на настанот. On Friday, Aug 21, 2026, a tragic event happened at Khavda Hill in Maharashtra, India resulting in the deaths of 19yr Kunal Chandgude and his parents. The argument started with a demand for a new iPhone, when Kunal climbed the steep hill and stood at the edge, threatening to… pic.twitter.com/9s30u1fEvg — Randeep Singh (Parody) (@randeepskloset) August 23, 2026 Полицијата сè уште не објавила дополнителни детали за семејниот спор, ниту ги потврдила претходните извештаи дека Кунал можеби се борел со депресија.Тагови: Мајката мобилен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook