УЕФА со итна истрага за англискиот судија Кут, кој шмрка бел прав по натпревар на ЕУРО (ВИДЕО) - Канал 5

УЕФА со итна истрага за англискиот судија Кут, кој шмрка бел прав по натпревар на ЕУРО (ВИДЕО)

УЕФА одлучи да отвори итна истрага откако се појави видео на кое наводно може да се види како англискиот судија Дејвид Кут шмрка некаков вид на бел прав само еден ден по четвртфиналето на Европското првенство.

УЕФА со итна истрага за англискиот судија Кут, кој шмрка бел прав по натпревар на ЕУРО (ВИДЕО)

Како што наведува британски „Сан“ во својот текст, тој прав изгледал како кокаин, а Дејвид Кут користел банкнота од долар за да шмрка сè од масата во должина од неколку сантиметри.

Ова не е прв скандал во кој се најде Кут, бидејќи пред само неколку дена на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Англичанецот го нарекува Јирген Клоп „п*к“, додека тој го нарекува Ливерпул „ sh*t“.

Како резултат на тоа, тој исто така беше суспендиран од PGMOL, Англиската професионална асоцијација на судии, во очекување на истрага. По тој повод со кратко соопштение се огласи и УЕФА.

- Назначен е дисциплински инспектор на УЕФА да процени дали има прекршување на дисциплинските прописи од страна на судијата, господинот Дејвид Кут. Дополнителни информации за овој случај ќе има подоцна – напиша УЕФА.

Дејвид Кут го нема на судискиот список за претстојните меѓународни натпревари, иако беше планирано да се најде на нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителите

Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство.

ВЛЕН: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителите

Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор.

Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и други основни производи потребни за успешен почеток на новата учебна година.

Ова е уште една конкретна мерка на ВЛЕН во Владата, насочена директно кон граѓаните и нивните секојдневни потреби. Наместо празни ветувања, фокусот е ставен на конкретни решенија кои ги намалуваат трошоците на семејствата и им обезбедуваат поддршка тогаш кога таа им е најпотребна.

Производите опфатени со мерката ќе бидат јасно означени во продажните места, а попустот ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка.

Затоа што вложувањето во децата и младите е вложување во иднината. Создаваме подобри услови за учење, повеќе можности за развој и генерации кои утре ќе ја градат иднината на нашата земја.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Застрашувачки податоци: Повеќе од 32.000 смртни случаи во Европа

Граѓаните над 75 години беа најмногу изложени на ризик.

Застрашувачки податоци: Повеќе од 32.000 смртни случаи во Европа

Помеѓу средината на јуни и средината на август се регистрирани повеќе од 32.000 смртни случаи во Европа, над очекуваниот број, за време на лето обележано со исклучителни топлотни бранови, според привремените податоци од Европската платформа за следење на прекумерната смртност (EuroMomo).

Платформата, чиј статистички модел вклучува официјални податоци од 23 европски земји, проценува дека најголем број смртни случаи е регистриран во последната недела од јуни, кога се регистрирани речиси 16.000 смртни случаи над очекуваниот број, додека околу 8.000 повеќе се регистрирани во првата недела од јули, објавува Фигаро.

Најголем број жртви е регистриран во Германија, каде што околу 14.000 луѓе починале од последиците од екстремната топлина до 9 август, што е најголем број откако Институтот Роберт Кох започна да спроведува ваков вид проценка во 2016 година.

Граѓаните над 75 години беа најмногу изложени на ризик.

Франција регистрираше 7.300 смртни случаи повеќе од очекуваните за време на високите температури од крајот на мај до 22 јули, додека Шпанија регистрираше речиси 4.500 смртни случаи поврзани со топлината помеѓу 1 јуни и 19 август, најмногу од 2022 година.

Белгија пријави 2.570 смртни случаи повеќе од очекуваните помеѓу 18 јуни и 17 јули, Англија 2.877 за време на топлотните бранови во мај и јуни, Холандија 968 помеѓу 22 јуни и 5 јули, Австрија 395 во јуни и повеќе од 600 помеѓу средината на јуни и крајот на јули.

Експертите предупредуваат дека вкупниот број на вишок смртни случаи веројатно ќе се зголеми, бидејќи „EuroMomo“ ќе ги ажурира своите проценки во наредните недели, вклучувајќи го и топлотниот бран што траеше од крајот на јули до средината на август.

Овогодинешната екстремна топлина ја погоди Европа со долгорочна суша и разорни шумски пожари, а научниците истакнуваат дека климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на ваквите настани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер