УЕФА избра: Бензема е прогалсен за најдобар фудбалер во Европа - Канал 5

УЕФА избра: Бензема е прогалсен за најдобар фудбалер во Европа

Карим Бензема ја доби наградата на УЕФА за најдобар играч во Европа.

УЕФА избра: Бензема е прогалсен за најдобар фудбалер во Европа

Францускиот напаѓач со Реал Мадрид ја освои шампионската титула на Шпанија оваа сезона и Лигата на шампионите во која беше најдобар стрелец постигнувајќи 15 голови. Освен Бензема, во потесниот избор се најдоа голманот на Реал, Тибо Куртоа и играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујн.

"Среќен сум што ја освоив оваа награда. Ова е прв пат да ја освојам, но за мене најважно е да освојувам трофеи со мојот тим. Анчелоти е најдобриот тренер на светот. Тој погодува со секој играч и ни дава самодоверба пред натпреварот“, изјави Бензема по добивањето на наградата.

Бензема со своите голови го предводеше Реал Мадрид до 14-та титула на Европското првенство. Тоа е негова петта титула откако пристигна од Лион во 2009 година. Тој постигна десет од своите 15 гола во нокаут фазата на натпреварувањето. На тоа додаде уште 27 гола во шпанската лига, каде што беше и најдобар стрелец.

Рангирање на најдобрите играчи по избор на УЕФА

1. Карим Бензема

2. Кевин Де Брујн

3. Тибо Куртоа

4. Роберт Левандовски

5. Лука Модриќ

6. Садио Мане

7. Мохамед Салах

8. Килијан Мбапе

9. Винициус Јуниор

10. Вирџил ван Дијк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

 Активни пожари има во општина Струга меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, во општина Македонски Брод кај селото Белица и кај местото викано Рамно кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и  Чучер-Сандево

Изминатото деноноќие регистрирани се 31 пожар на отворен простор, покажуваат последните информации од центарот за управување со кризи. Од нив, три се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека останатите се целосно изгаснати.

Надлежните служби успеале да ги стават под контрола пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, селото Тајмиште во општина Кичево, селото Грачани кај општина Ѓорче Петров, како и пожарот во Делчево каде што е зафатена градската депонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог.

Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.

Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија.

Целта им е да го убедат народот дека тие се елита.

Исто како елитата на СНС.

Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита“.

Нема одговори на прашања – има само навреди. Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост.

Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи.

Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.

Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма.

Повеќе ниту се кријат.

За поголема минимална плата – ниту збор.

За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор.

За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор.

За реформи – ниту збор.

Истата оваа криминална екипа дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку своите медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ.

Ја изолираа земјата од Европа за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство.

Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија.

Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“.

Ова е отворено презирање на сопствениот народ.

Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели.

Граѓаните не се талог.

Граѓаните се сопственици на оваа држава.

А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово.

Ќе победи народот.

Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.

Еден побегна. Овие нема да побегнат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер