Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
1Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
ЗдравјеГрупа научници пронашле поврзаност помеѓу употребата на марихуана и насилствотоИако консумирањето марихуана најчесто се поврзува со релаксација, група научници откриле неочекувана поврзаност со насилството. Futurism пренесува мета-анализа на студии за канабисот, објавена минатиот месец од тим истражувачи во Обединетото Кралство во списанието *Psychological Medicine*, која утврдила значајна поврзаност помеѓу употребата на канабис и „зголемениот ризик од насилство“. Клучен наод на истражувањето е дека корисниците на канабис се статистички посклони кон вршење насилни дела. Понатаму, студијата покажала дека преку консумирање на оваа дрога, особено жените и мешаните групи испитаници се под зголемен ризик да станат жртви на насилство. Истражувачите не тврдат дека дрогата директно поттикнува насилство, бидејќи за тоа сè уште не постои научен консензус. Сепак, резултатите „ја истакнуваат важноста од решавање на ова прашање, како на општествено, така и на клиничко ниво“, се наведува во трудот. Сложениот однос и бројните фактори „Како некој што работи на клиника, имам видено како интензивната употреба на канабис може да биде еден од факторите што придонесуваат за насилство“, изјавила коавторката на студијата, Марта Ди Форти, професорка на „Кингс колеџ“ во Лондон (King's College London). „Како што канабисот станува сè повеќе комерцијализиран и легализиран ширум светот, дискусијата за ризиците главно се фокусираше на поединецот што го користи“, додава коавторот сер Робин Мареј, професор по психијатриски истражувања на „Кингс колеџ“. „Овој преглед покажува дека насилството – без разлика дали станува збор за сторител или жртва – исто така мора да биде дел од тој разговор.“ Ризичните ситуации и менталното здравје За потребите на оваа студија, истражувачите анализирале 63 студии за канабисот, кои опфаќале вкупно нешто повеќе од 265.000 учесници. Научниците утврдиле дека корисниците на канабис „можат да се доведат во ризични ситуации“, што би можело да ја објасни нивната „зголемена ранливост“ на насилство. Понатаму, корисниците можат да бидат изложени на влијание од „луѓе од нивната околина кои користат други дроги или се вклучени во криминални активности“. Ризикот од насилство бил поизразен кај психијатриските пациенти. Претходните истражувања покажале дека лицата кои веќе страдаат од нарушувања на менталното здравје, како што е психозата, може да доживеат „полоши клинички исходи“ ако продолжат да користат канабис. „Со оглед на повисоките стапки на употреба на канабис кај лицата со тешки ментални нарушувања во споредба со општата популација, тие претставуваат особено високоризична популација во однос на насилното однесување“, се наведува во трудот. Препораки за општеството и клиничката пракса Истражувачите изнеле неколку клучни препораки. На општествено ниво, тие сугерираат дека „насилството треба да се земе предвид заедно со другите утврдени штети поврзани со канабисот при развивање стратегии за превенција, кампањи за јавно образование и регулаторни политики“. На клиничко ниво, истражувањето ја истакнува „потребата стручните лица за ментално здравје рутински да ја проценуваат употребата на канабис кај лица кои покажуваат насилни тенденции, особено кај оние со тешки ментални болести“. Сепак, за да се добие појасна слика за врската помеѓу употребата на канабис и насилството, идните студии ќе треба да ги „разоткријат причинско-последичните релации“ со подетално истражување како, зошто и кога луѓето ја користат дрогата. Понатаму, студиите треба „да испитаат дали намалувањето на употребата на канабис преку клинички или интервенции во јавното здравство води до намалување на насилното однесување“, заклучуваат истражувачите. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЕвропаШпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинатиШпанија прогласи тридневна жалост по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Десетици патници се повредени, а спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините.Несреќата се случила кога брз воз на релација Мадрид–Севиља удрил во запрен воз.Во едниот воз на приватната компанија имало 147 патници, а во другиот 397 патници. Според министерот за транспорт, едниот воз запрел поради компјутерски дефект. Надлежните истражуваат како дошло до судирот и зошто возовите добиле дозвола за движење. На местото на несреќата се ангажирани стотици спасувачи, а се користат и хеликоптери и беспилотни летала. Многу од загинатите сè уште не се идентификувани. Премиерот Педро Санчез изјави дека цела Шпанија тагува по трагедијата.Тој оцени дека е неприфатливо земјата да се соочи со две тешки железнички несреќи во една година. Во јануари, во несреќата со брз воз во близина на кордоба, загинаа 46 лица.повеќето политички партии ја прекинаа изборната кампања, додека истрагата за причините продолжува.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook