Уапсена велешанка осомничена за обид за убиство на вонбрачниот партнер - Канал 5

Уапсена велешанка осомничена за обид за убиство на вонбрачниот партнер

Семејна расправија во Велес синоќа завршила со обид за убиство, откако  триесетгодишна жена му забила нож во градите на нејзиниот вонбрачен партнер.

Уапсена велешанка осомничена за обид за убиство на вонбрачниот партнер

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во нивниот семеен дом, а повредениот маж бил пренесен во велешката болница, каде првично му била укажана лекарска помош. Од болницата брифираат дека на прием бил свесен, направени се снимки кои упатувале на животозагрозувачка состојба поради што е дадена соодветна терапија и триесет и седумгодишникот итно е препратен во Скопје. Сега е хиспитализиран на Торакална хирургија. Ножот продрел до белите дробови, но нема крварење, пациентот е стабилен и надвор од животна опасност, велат за Канал 5 од Клиниката. Во меѓувреме жената е лишена од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител, потврдуваат од СВР Велес.

-Полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица.- Ана Милевска Ѓеоргиева – СВР Велес

Во тек е истрага за да се утврдат сите околности под кои дошло до нападот, по што ќе биде донесена одлука за натамошната постапка, а по целосно расчистување и документирање, против жената ќе биде поднесена кривична пријава за „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик кој предвидува затвор од најмалку 10 години или доживотно.

Од СВР Велес за Канал 5 потврдија дека претходно имало регистриран инцидент помеѓу мажот и жената. Лани во декември во угостителски објект сега повредениот и се заканувал на партнерката која сега му забила нож во градите, а тогаш тој завршил во полициска станица поради сомнежи за сторено дело „загрозување на сигурноста“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

Возачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

Сите земаат мито, дури и возачите на владата.

Ова е ОКГ – Организирана криминална група.

Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена.

Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон.

Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Возачот на Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата, е во притвор.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Како што информира Плусинфо, возачот на Јанушев барал мито за вработување.

По дознавањето, полицијата го „спакувала“ несудениот митаџија по стандардна постапка, дадени му се обележано пари и потоа е уапсен.

Се очекува официјална потврда и дополнителни детали за настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските минимални температури се движат од 12 до 21 степен, а дневните максимални температури ќе достигнат од 28 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер